Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Фала ви дечки на советите и коментарите :)

Ептен некако позитивна енергија ми пренесовте :)

Иначе ова за депресијата, подепресивно од овде може ли да биде? :)

Не верувам.
 
Фала ви дечки на советите и коментарите :)

Ептен некако позитивна енергија ми пренесовте :)

Иначе ова за депресијата, подепресивно од овде може ли да биде? :)

Не верувам.
[emoji23][emoji23][emoji23][emoji23] Ne sum bil na brod ama sum rabotel na nekolku pati nadvor od tuka, ne sakam da te plasam ama prviot mesec sum sakal da se vratam tuka i za bezpari da rabotam hahaha, kako i da se nadminuva i mislam deka na brod polesno ke se nadmine taa depresija zatoa sto odma steknuvas prijatelstva.
P.S ne mi funkcionira kirilicnata tastatura [emoji871][emoji1154]

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Буквално исто е и на брод.

И мене ми идеше да се вратам назад у мк да фотографирам политичари за 250 евра месечно, ама го преживеав првиот налет, после тоа и ми се смени тимот, ми ја качија и платата :)
 
Искрено ама ич недобив депресија ниту пак желба за дома. Едноставно си уживав на брод додека работев
 
Првиот договор прво сакав да си идам после 2-3 месеци пошто работев со дебили, за последниот месец да барам да ми го продолжат на девет месеци договорот од шо ми се погоди тимот, атмосферата на брод, плус и цура на бродот. Вториот договор цел договор сакав да ги убијам сите, сам искачав од брод, у кру бар идев еднаш неделно, само у теретана идев секој втор ден у портови шо не сакав да ги шетам и глеав серии. Така да се е релативно на брод :D
 
Не видов многу коментари од женски кои работеле на брод да споделат искуство, па секој совет и мислење од секого е добредојдено.
Не само женски, туку општо, у глобала малку од луѓето што бараат одговори тука на темава, се враќаат да ги напишат своите импресии после првиот, или било кој друг договор што ќе го изработат.
Има македонци на NCL, бајаги. Ќе ги најдеш брзо, само отиди навечер во бар, и најди го гетото.

Прво, бидејќи ја прочитав темата од почеток (а тука има искуства од 2008 год.), имам впечаток дека ситуацијата сега е малку поинаква од порано на брод.
Ако некој има време, искуство и енергија да ми каже неколку зборови околу овие промени и разликите ќе бидам многу благодарна.
И конечно, аплицирав за позиција Slot Attendant на NCL. Во темата нема ни еден напишано искуство за оваа работа, но верувам дека сите од вас кои сте биле на брод сте запознале некој кој ја работел оваа работа па сте слушнале искуство, па би ве замолила да ми пренесете.
Зависи што, и за каде бараш информации, за NCL последно што знам е дека нема Човечки Ресурси, али функционира новиот систем. Казиното е супер, вработени се околу 60-100 луѓе таму, зависи од брод до брод, се стои цело време, униформата нема џебови, така да ако си пушач, цигарите одат во чорапи :D
Не знам за бакшишот како е таму, ама од пред година-година ипол, луѓето што работеа беа задоволни. Знам дека не работиш се додека бродот е укотвен, почнуваш со работа дури кога ќе влезе во интернационални води. Освен за на Бермуда, таму мислам дека NCL купија лиценца за работа, така да почнаа и да работат на тој остров.

Исто така, знам дека секоја компанија е различна и секој брод е различен во истата, но сепак сакам да слушнам ваше мислење за NCL, бидејќи за таму чекам.

Нема да ве замарам со прашања колку саати се работи, колку кошта патот и останатите трошоци до укрцавање, колкави се платите, дали ќе можам да шетам, колку пара гаќи да носам и сл.
NCL е во глобала ОК компанија, летовите тие ти ги организираат и ти ги плаќаат, скоро и цело време да има во мензата нешто за манџање, сместувањето на големите бродови за казино е по еден човек во соба али делиш ве-це со соседната соба (си имаш лавабо во собата), а на малите бродови се по двајца, и секогаш од ист пол. Нема мешање машки и женски цимери. За платите не знам, исто така и за бакшишот. А за шетање, ќе имаш време, и тоа одвишок ако ме прашуваш мене. Брејкавеј ти е тиња брод за социјален живот, ама затоа па е секоја недела во Њујорк, а таму е прекрасно за шетање... да не збориме дека после тоа од Њујорк оди за Бермуда. Прекраснотии.
А за гаќи... што знам, јас носев триес пара боксерки :D знае да биде борби во пералната некои денови, али со оглед дека на пристаниште си слободна, нема да имаш проблем и почесто да се переш, не се плаќаат машините за перење и сушалните, само прашокот за перење си го пазариш на брод. Имаше неколку пати дешавка каде што крадеа женски гаќички.. и тоа машките филипинци.. мрднати се тие.
Конкретно ме интересираат ваши совети за мене како женско кое прв пат ќе оди на брод и секако не може ни да замисли како е таму. Неколку зборови за работата како Slot Attendant (од тоа што сте виделе или слушнале), предности и слабости.

Малку сум уплашена од се што прочитав во темава и за секој збор и совет кој ќе го одвоите за мене ќе ви бидам многу благодарна.
Ич не се замарај, ќе добиеш брод, ќе отидеш еден ден пред укрцај, ќе преспиеш во хотел (што ти е платен веќе), ќе се укрцаш, ќе ти доделат соба, ќе почнеш со работа и тренинзи... и додека завршат тренинзите, веќе прошол еден месец. Вториот месец е така така, третиот фаќа носталгија за сарма, четвртиот се мрзиш себе, петиот се мрзиш себе и сите околу тебе, а шестиот веќе не се замараш пошто си одиш набрзо дома :D
Вториот договор веќе е друга приказна, познат ти е теренот, дел од луѓето веќе ги знаеш, местата мање више битно, тогаш веќе почнуваш да правиш пари.

П.С. Се надевам сакаш ориз.
 
Убаво ме потсети кога спомна за цигарите а сакав да прашам.

Како е ситуацијата со кратки паузи во работно време за пушачи, цени за цигари и тие работи...
Јас лично спаѓам во категорија турчин, па да знам да се спремам однапред ако се тресам како наркоман таму :)

За униформите...
Дали секој си ја плаќа својата? Колку униформи обезбедуваат на секој вработен. Дали униформата вклучува чевли. Дали им се налага на девојките како да им биде средена косата. (На пример отворено лице, врзана во репче, итн.)

И имам прашање за движењето низ бродот. Смееме ли да се шетаме низ бродот во слободно време или ограничено е каде смее а каде не.

И бидејќи прочитав доста негативни коментари за индијците, мексиканците, ќумбињата и сл. Претпоставувам дека тука во старт се двојат луѓево во групи. Има ли проблеми на бродовите? Ова особено ме интересира од безбедносни причини. На пример се напило некое ќумбе и хара низ ходниците а јас сакам да си одам во соба. Колку е безбедно од овој аспект?

И уште нешто :D

Интернет!
На почетокот на темава пишувавте дека фаќате WI-FI надвор од бродот. После пишувавте дека бил скап и спор на бродовите па при крај на темава имаше некои коментари дека е поевтин и побрз.
Како е сега?
 
За пушење, мислам дека полека но сигурно ќе намалиш и тоа значително затоа што има designated smoking area и само таму може да се пуши. Колку блиску/далеку ќе ти биде од казиното и од кабината, не знам...

НЦЛ обезбедува униформи за сите свои вработени. За чевли, лично ќе ти препорачам да си носиш свои за секој случај. За косата имаш Look-Book и таму се ти е објаснето.

За шетање низ брод, како стаф ќе имаш привлегии да се шеташ. Не бери гајле :)

За безбедноста, посигурна средина од брод на големите компании нема никаде да најдеш. ТОА МОЖАМ ДА ТИ ГО ГАРАНТИРАМ. За детали коа ќе стигнеш на брод ќе имаш специјални тренинзи само за тоа.

Двоењето зависи од тебе лично. Јас се дружев со луѓе од сите оддели и од сите земји. Инаку имаше и такви кои се дружеа само со „своите“.
До крајот на животот ќе го памтам Едсон од Бразил, Јут Стаф кога еднаш на вечера викна: Леле колку сум среќен, 6 луѓе од 6 различни земји, од 6 различни департменти и сите јадеме вечера заедно.

За интернетот варира од компанија до компанија од брод на брод, од период до период. Најдобро може да ти каже некој кој е сега на НЦЛ брод.
 
Здраво на сите.

Темата ја прочитав цела од почеток до крај и се надевам дека ќе ми помогнете вие поискусните кои веќе сте работеле на брод.
Не видов многу коментари од женски кои работеле на брод да споделат искуство, па секој совет и мислење од секого е добредојдено.

Прво, бидејќи ја прочитав темата од почеток (а тука има искуства од 2008 год.), имам впечаток дека ситуацијата сега е малку поинаква од порано на брод.
Ако некој има време, искуство и енергија да ми каже неколку зборови околу овие промени и разликите ќе бидам многу благодарна.

И конечно, аплицирав за позиција Slot Attendant на NCL. Во темата нема ни еден напишано искуство за оваа работа, но верувам дека сите од вас кои сте биле на брод сте запознале некој кој ја работел оваа работа па сте слушнале искуство, па би ве замолила да ми пренесете.

Исто така, знам дека секоја компанија е различна и секој брод е различен во истата, но сепак сакам да слушнам ваше мислење за NCL, бидејќи за таму чекам.

Нема да ве замарам со прашања колку саати се работи, колку кошта патот и останатите трошоци до укрцавање, колкави се платите, дали ќе можам да шетам, колку пара гаќи да носам и сл.

Конкретно ме интересираат ваши совети за мене како женско кое прв пат ќе оди на брод и секако не може ни да замисли како е таму. Неколку зборови за работата како Slot Attendant (од тоа што сте виделе или слушнале), предности и слабости.

Малку сум уплашена од се што прочитав во темава и за секој збор и совет кој ќе го одвоите за мене ќе ви бидам многу благодарна.

Поздрав до сите.
Slot attendant, за мене, е најдобрата ентри-левел позиција. Работата е релаксирана, платата не е голема, ама има добар бакшиш, така да под 1500 нема да бидеш, а ако ти се погоди бродот, може и многу повеќе да испаѓаш.
Генерално екипите во казината се кул, пукаат журки во секоја можна прилика, ќе си најдеш друштво, и ќе си тераш. Тоа местење, борба, и слични глупости, на твојата позиција нема, или барем не до степен да треба да се грижиш за такви работи. Што може тебе, како "slot attendant", да те наместат? Да не ти даваат да продадеш повеќе лото тикети од нив?

Околу сместувањето, гледам веќе ти пишале, само го заборавиле "Gem". На Gem се по 4-ца во кабина.

П.С.- Како аплицираше за позицијава? Преку агенција, или..? Јас Македонец на таа позиција не сум видел, нити сум чул дека некој наш работи тоа. Кешиери и дилери да, ама тоа не.
 
Вообичаено, во зависност од бродот и големината на казиното, или целокупната површина доколку е помала или дел доколку е поголема е назначена гостинска пушачка зона, проблем е што како дел од екипажот немаш право да пушиш во гостинска назначена зона за пушење без разлика во кој дел на бродот се наоѓа.
Мое искуство што сум посведочил за член на екипаж да е затекнат да пуши во гостинска назначена пушачка зона е предупредување пред отказ од стаф капетанот и директен отказ, ништо помалку од ова, а и предупредување оди во досие, најмала рака одлага шанса за било какво унапредување извесен период.

Има доста правила, само шо казино како оддел е полабаво во пракса од останатите.
 
На Карнивал на Legend на кој брод бев, а мислам и на другите spirit класи на бродови на Карнивал до казиното има sport bar каде е дозволено пушење (малку изгледа смешно sport bar а се пуши :) ) поточно таму се гледаше спорт. Тоа беше за гостите но за екипажот одма отпозади каде беше влезот за шанкот имаше простор околу 15 квадрата дозволено место за пушење за екипажот. А мене канцеларијата ми беше одма на 15 метри така да кога сакав да запалам не ми беше проблем. Исто и во диско на вториот спрат беше дозволено пушење така да како стаф многу често одевме тамо. Бевме добра екипа друштво што бевме стаф така да многу често одевме во диско токму поради тоа да не морамо да излагамо од кру бар да одиме да запалиме цигара. Најчесто одеше вака, во принцип прв стигав затоа што најрано завршував и до кај 11 се комплетиравме. До 12 не беше проблем ни далеку смокинк ареа но во 12 ги затвараа ватертаид вратите и за до смокинг ареа требаше да кружиме до дек 2 па да ја заобиколиме вратата па пак на дек А или како 0 ниво. Така да едногласно одевме да се облечеме во формал оделата и директива во диско. Бевме добра екипа која бевме доста сложни за сите активности што се дешаваа. Екипата се состоеше со луѓе од белорусија, србија, перу, босна, унгарија итн со кој скоро со сите сеуште сме во контакт благодарејќи на социалниве мрежи.
 
прават ли тестови за дрога пред да почнеш да работиш на брод ?
 
прават ли тестови за дрога пред да почнеш да работиш на брод ?
Да. Задолжителен дел од медикалот се.
И плус на брод прават тестови за дрога по случаен избор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom