Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
А бидејќи Декстер шири дезинформации, морам да пишувам исправки.

Дали ти Декстер како програмер ќе дозволиш некој келнер да ти кажува каде имаш грешки во кодовите?! Си бил на едно крстарење, си правел муабет со 2-3-4 другари и мислиш дека знаеш се за брод.
На времето се служеше војска, и обично пракса беше кога некој ќе дојде на викенд или кога ќе се скине да собере околу него средношколци и да им кажува за своите авантури додека бил во војска, најчесто 90% од приказните немаа воопшто врска со реалноста, но децава што не биле војска немаат со што да споредат дали информацијата која што типот ја дава е вистинска или не.

Никој не може да ти гарантира успешно поминување на интервју. Коузон дава се од себе да ги спреми подобро своите кандидати.
Инаку и Employment Power имаат своја академија ко што љубиш ти да пишеш таканаречена. Ми наплатија 100 евра за дводневен курс по фотографија на кој што научив само зошто Барак Обама кога позира застанува во десниот дел од фотографијата. Се останато знаев од порано, но беше многу корисна за оние кои немаа претходно доволно знаење или искуство.

И оваа информација ти е погрешна. Курсот во Македонија чини 550 евра. Во Будимпешта е малку поефтин, ама кога ќе ставиш патни трошоци и престој ќе ти испадне поскапо.

Ова зависи од компанија до компанија. За која компанија пишуваш тука?!

Хехе, убаво е да се види дека си се размрдал во канцеларијата вака предпразнично.

Се што имам објавено на форумов се информации од прва рака од луѓе кои имале искуство со твојата агенција, па ако имаш било какви забелешки упати му ги на твојот работодавач, а не на мене, бидејќи од мене и онака ниту имаш видено денар, ниту ќе видиш во иднина - за ова барем од поодамна се разбравме, бидејќи јас од поодамна престанав да барам работа на брод.

Мислев дека како фотограф имаш разбирање за луѓе кои едно учеле, а друго работеле, бидејќи информатичката технологија е слична. Не келнерот, туку и чистачот на улицата кога ќе дојде на разговор за вработување е добредојден да ги именува технологиите кои ги знае, бидејќи исто како што за фотографијата не ти треба диплома или некаков просек, исто така и за информатичката технологија потребни се професионални познавања до кои може да се дојде и надвор од факултетот.

Кога сме кај курсот за фотографија, поправи ме ако грешам, но судејќи според коментарите од други членови на форумов кои имаат коментирано на темава, не е тој курс задолжителен за сите почетници фотографи, или јас погрешно ги разбирам кога велат дека одат на обука во Мексико или не знам каде таму во средна или северна Америка ?

Баш кога сме кај курсевите за информатичари, ене ти ги Семос Едукација и Сеавус, барем за овие првиве знам дека дозволуваат полагање на испит без воопшто да го посетуваш курсот, бидејќи испитот е бајаги тежок, се плаќа 50 евра по испит, се полага на компјутер и треба навистина добро да го владееш материјалот за да го положиш, бидејќи не се зема во предвид колку прашања точно имаш одговорено, туку има граница на неточни одговори која не смееш да ја надминеш, или во спротивно си го паднал испитот. И чистачот кога ќе дојде на разговор, можеби е само со завршено основно образование и со катастрофален низок просек, но ако има сертификат од Мајкрософт, Циско, Адоби и слични компании, нема што да се дискутира повеќе, бидејќи пред вистината и боговите молчат. Но и без потребните сертификати, повторно чистачот е добредојден да ги демонстрира своите знаења и вештини доколку претходно работел на било какви проекти со било каква технологија, бидејќи на крајот неговите дела говорат за неговите знаења и вештини наместо дипломата и просекот.

Можеби сега тој курсот за SCTW сертификат чини 550 евра, јас помнам дека пред година дена чинеше 500 евра, поправи ме ако грешам.

А кога сме кај визните трошоци, мислам дека правилно напишав дека истите варираат, не знам кој дел не го разбра од тој коментар.
 
А бидејќи Декстер шири дезинформации, морам да пишувам исправки.

Дали ти Декстер како програмер ќе дозволиш некој келнер да ти кажува каде имаш грешки во кодовите?! Си бил на едно крстарење, си правел муабет со 2-3-4 другари и мислиш дека знаеш се за брод.
На времето се служеше војска, и обично пракса беше кога некој ќе дојде на викенд или кога ќе се скине да собере околу него средношколци и да им кажува за своите авантури додека бил во војска, најчесто 90% од приказните немаа воопшто врска со реалноста, но децава што не биле војска немаат со што да споредат дали информацијата која што типот ја дава е вистинска или не.

Никој не може да ти гарантира успешно поминување на интервју. Коузон дава се од себе да ги спреми подобро своите кандидати.
Инаку и Employment Power имаат своја академија ко што љубиш ти да пишеш таканаречена. Ми наплатија 100 евра за дводневен курс по фотографија на кој што научив само зошто Барак Обама кога позира застанува во десниот дел од фотографијата. Се останато знаев од порано, но беше многу корисна за оние кои немаа претходно доволно знаење или искуство.

И оваа информација ти е погрешна. Курсот во Македонија чини 550 евра. Во Будимпешта е малку поефтин, ама кога ќе ставиш патни трошоци и престој ќе ти испадне поскапо.

Ова зависи од компанија до компанија. За која компанија пишуваш тука?!

И ти си го штитиш работното место, така да тука е некаде работата.

Каде и кога си бил на курс за фотографија преку Успињача посао?

Курсот беше комплетно нивни, или пак таму беше насочен, затоа што колку сум информиран сите курсеви на Коузон се комплетно нивни арнажман, со тоа и профитот веројатно.

Еве јас сум бил на повеќе од едно крстарење, имам искуство и со Коузон и Успињача, конкретно за курсот од 550 евра во МКД можеш да го добиеш и на брод колку што знам, доколку има потреба компанијата, и нема да те чини ништо?

Секоја чест на Коузон за трудот кој го вложува да ги припреми кандидатите, меѓутоа тоа да не пререасне во цедење на пари, мене лично далеку повеќе ми се допаѓа пристапот на Успињача, многу поотворен пристап, директно без непотребна слаткоречивост, и некои по мене непотребни трошоци.

Еве, кажи ми, дали после некаква обука од Коузон за угостителство, restaurant service, било која компанија тој кандидат ќе го прати во директно да служи гости?

И од де лукс хотел да доаѓа, тој ќе биде проценет на брод, колку и какви можности има, без разлика на компанијата, така?

Исклучок е менаџмент воглавно, и тоа ако доаѓа по нечија препорака, и покрај тоа пак ќе пројде задолжителен 90 дневен период за евалуација.

Значи може да се каже дека и твоето гледиште е субјективно и тенденциозно кон Успињача посао.
 
Напиша толкав пост за курс кој во пракса е чиста формалност, но законски е задолжителен и го спореди со курс кој за да го положиш треба навистина да имаш познавања :)

Очигледно и двајцата сме убациле у лер пред празников :)[DOUBLEPOST=1504787768][/DOUBLEPOST]

Курсот беше На 11 октомври 2011та година. Баш убаво памтам поаѓам од Македонија во доцно лето, ме пречекува ладна есен во Загреб.
Курсот беше нивен аранжман, бевме едно 15 момци и девојки од балканските земји. Јас и еден свадбар бевме само профи фотографи, другите беа кој хоби фотограф, кој само дознал дека е фино да си фотограф на брод.

Сертификатите кои што ги спомнуваме, на брод ги работат само уште компаниите кои пловат под Бахамско знаме, и прашање на време е кога и тие ќе преминат на сертификати од тренинг центар на копно. Меѓународен закон е тоа од 1.1.2017

За тоа кој какви гости ќе служи на брод одлучува регрутерот на интервјуто. Во тек на пробниот период постојат можности за префрлање од еден во друг ресторан по препорака на директните менаџери.
 
Последно уредено:
Напиша толкав пост за курс кој во пракса е чиста формалност, но законски е задолжителен и го спореди со курс кој за да го положиш треба навистина да имаш познавања :)

Очигледно и двајцата сме убациле у лер пред празников :)

Целта ми беше да ти потенцирам дека секој со соодветни знаења и вештини може да се докаже, вклучувајќи ги и келнерот и чистачот, а овој колега од родниот град на твојот работодавач ги помина тие таканаречени обуки за кои твојот работодавач му собрал неколку стотици евра, но и после година дена сепак човекот воопшто не ни бил повикан на разговор за вработување како келнер.

Твојата агенција на секоја презентација во вторник ги повторува како расипана грамофонска плоча келнерските работни позиции, дури и на тие кои се дојдени за други работни позиции им препорачуваат да почнат како келнери бидејќи полесно се доаѓало до таква работна позиција на брод, а овој колегава со завршен факултет за туризам и угостителство и фрлени неколку стотици евра во Коузон за тие таканаречени обуки, повеќе од година дена чекал за на крајот воопшто да не го викнат на разговор.

Кажи ми, дали е можно во година дена да нема ниту едно интервју од бродска компанија за келнер ?
 
Курсот беше На 11 октомври 2011та година. Баш убаво памтам поаѓам од Македонија во доцно лето, ме пречекува ладна есен во Загреб.
Курсот беше нивен аранжман, бевме едно 15 момци и девојки од балканските земји. Јас и еден свадбар бевме само профи фотографи, другите беа кој хоби фотограф, кој само дознал дека е фино да си фотограф на брод.

Сертификатите кои што ги спомнуваме, на брод ги работат само уште компаниите кои пловат под Бахамско знаме, и прашање на време е кога и тие ќе преминат на сертификати од тренинг центар на копно. Меѓународен закон е тоа од 1.1.2017

За тоа кој какви гости ќе служи на брод одлучува регрутерот на интервјуто. Во тек на пробниот период постојат можности за префрлање од еден во друг ресторан по препорака на директните менаџери.

Дури Загреб на курс, ете тој курс може да се спореди со некој од курсевите кои ги нуди Коузон моментално а се однесуваат на работа на брод?
Сертифициран обучувач, предавач, некое школо со реноме, или колку ради ред?

Не верувам дека ве однеле дури до Загреб онака, тоа колку шо знам се прави исклучиво за некој специфични позиции, фотограф е една од нив, мали оддели прилично, за она што одат најголем број кандидати нема такво нешто.

Прашање, еве во поглед на курсевите на Коузон, предавачите се сертифицирани или?

Инаку во поглед на сертификатите, еве Карнивал плови под Панамско знаме, дури и нема потреба од нив, а сам знаеш дека е најголема компанија, и уште поголема корпорација, сум сретнал луѓе кои се качиле на Роја Карибиан без нив, а ги добиле на брод безплатно, може тоа пред датата која си ја навел, не знам кога е поморскиот закон обновен по однос ова.
Исто и со Норвежиан круз, за Дизни знам дека по однос на екипаж се најстроги, како одат обуките не знам.

Знам дека сите компании до почетокот на 2017 требаше да направат нови Emergency Response Plans за бродовите и да ги имплементираат, јас бев на некоја обука во бродоградилиште во Италија лани по однос на истите за нов брод, од луѓе кои ја проектираат безбедноста/сигурноста на самите бродови, колку што разбрав по однос на SCTW сертификатите се зависи од политиката на компанијата и под чие знаме плови истата.

Регрутерот одлучува дали некој ќе се качи на брод или не, кога ќе се качи, тогаш менаџментот на лице место цени дали тој ќе вежба конобарство месец најмалку, или цел договор во мензите на екипажот, и повремено да добие да служи гости во Лидо ресторанот каде нема бакшиш. Се зависи од самиот кандидат, меѓутоа и да доаѓа од де лукс ресторан, мора да научи како функционира тоа на брод, од хиерархија до одредени правила итн.
Тоа за ресторан келнери, за бар келнери има колеџ на Карнивал околу месец дена, или директно како бар стјуард, шо нема врска со гости и не го препорачувам ни под разно.
Сум разговарал со луѓе што работат долго по бродови на разни компании како ресторан келнери, нема шанса директно да одиш да служиш гости на ниту една компанија.

Каде грешам поправи ме, јас гледам да бидам корисен максимално со инфо, а минимум трошок на средства на сите кои планираат да заминат да работат на брод, пошто не се оди за ќеиф, нели.
 
И ти си го штитиш работното место, така да тука е некаде работата.

Каде и кога си бил на курс за фотографија преку Успињача посао?

Курсот беше комплетно нивни, или пак таму беше насочен, затоа што колку сум информиран сите курсеви на Коузон се комплетно нивни арнажман, со тоа и профитот веројатно.

Еве јас сум бил на повеќе од едно крстарење, имам искуство и со Коузон и Успињача, конкретно за курсот од 550 евра во МКД можеш да го добиеш и на брод колку што знам, доколку има потреба компанијата, и нема да те чини ништо?

Секоја чест на Коузон за трудот кој го вложува да ги припреми кандидатите, меѓутоа тоа да не пререасне во цедење на пари, мене лично далеку повеќе ми се допаѓа пристапот на Успињача, многу поотворен пристап, директно без непотребна слаткоречивост, и некои по мене непотребни трошоци.

Еве, кажи ми, дали после некаква обука од Коузон за угостителство, restaurant service, било која компанија тој кандидат ќе го прати во директно да служи гости?

И од де лукс хотел да доаѓа, тој ќе биде проценет на брод, колку и какви можности има, без разлика на компанијата, така?

Исклучок е менаџмент воглавно, и тоа ако доаѓа по нечија препорака, и покрај тоа пак ќе пројде задолжителен 90 дневен период за евалуација.

Значи може да се каже дека и твоето гледиште е субјективно и тенденциозно кон Успињача посао.
Истово го имам слушнато од многу луѓе, така да држи вода муабетов, не дека Коузон се лоши и незнам што, ама реално е дека се поголеми профитери

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Кажи ми кога било тоа.

Споредбава ти е како Телеком и Вип.
 
Кажи ми кога било тоа.

Не знам кога било, но очигледно било пред 2014 година кога се запознавме со колегата.

И не ми одговори, дали е можно во една година да нема ниту едно интервју од бродска компанија за келнер ?

Споредбава ти е како Телеком и Вип.

И според тебе ваквата споредба ја оправдува деловната пракса на твојот работодавач, поприфатливо ти е да бидеш поголемото зло наместо подобрата опција ?
 
Не знам кога било, но очигледно било пред 2014 година кога се запознавме со колегата.

И не ми одговори, дали е можно во една година да нема ниту едно интервју од бродска компанија за келнер ?

И според тебе ваквата споредба ја оправдува деловната пракса на твојот работодавач, поприфатливо ти е да бидеш поголемото зло наместо подобрата опција ?

Прво, цела година да не биде повикан на интервју за келнер, е невозможно. Најверојатно тој има нешто згрешено. Сепак за најпрецизен одговор ќе може да проверам кога Зоран ќе се врати од деловно патување.

Второ, прашај паталци, не прашувај гаталци. Ќе видиш дека Коузон е подобра опција.
 
Не сме од вчера ни јас ни ти, ги има безброј членови кои имаат коментирано на темава позитивно и негативно за Коузон, исто како и за Мајоми.

Така да, со оглед на фактот дека Коузон е твој работодавач, твоите коментари секогаш ќе бидат пристрасни, за разлика од моите, бидејќи јас немам никаква корист од промовирање или демонизирање на било кого на темава.
 
И пред да заспијам да пишам за интервјуто кое што ќе се случи во СКОПЈЕ за 2 недели:

За да бидете дел од следното интервју во Скопје на 21 или 22 Септември , треба да ни испратите ваше CV – ENGLISH на е-маил info@kouzon.com.mk ( со напомена за NCL Interview ).
Позициите за вработување што ги нудиме за ова интервју се
Chef Tournant
Cook
Asst Cook
Asst Waiter
Restaurant Steward
Asst Maitre D'
Hostess
Bar Waiters
Provision Master
Junior Stateroom Stewards
Wine Steward
Bartender
 
Прво, цела година да не биде повикан на интервју за келнер, е невозможно. Најверојатно тој има нешто згрешено. Сепак за најпрецизен одговор ќе може да проверам кога Зоран ќе се врати од деловно патување.

Второ, прашај паталци, не прашувај гаталци. Ќе видиш дека Коузон е подобра опција.

Јас сум работел со Коузон за Work and Travel, исто сум аплицирал за работа на брод преку Коузон и Успињача, сум бил на презентации и обука на Коузон, сум заминал преку Успињача, гаталец или паталец по твое?
 
Ако ти реплицира денес или во текот на продолжениов викенд, тогаш ептен си ја сака работата, а со тоа и неговата пристрасност ќе биде уште позабележителна.
 
Напиша толкав пост за курс кој во пракса е чиста формалност, но законски е задолжителен и го спореди со курс кој за да го положиш треба навистина да имаш познавања :)

Очигледно и двајцата сме убациле у лер пред празников :)[DOUBLEPOST=1504787768][/DOUBLEPOST]

Курсот беше На 11 октомври 2011та година. Баш убаво памтам поаѓам од Македонија во доцно лето, ме пречекува ладна есен во Загреб.
Курсот беше нивен аранжман, бевме едно 15 момци и девојки од балканските земји. Јас и еден свадбар бевме само профи фотографи, другите беа кој хоби фотограф, кој само дознал дека е фино да си фотограф на брод.

Сертификатите кои што ги спомнуваме, на брод ги работат само уште компаниите кои пловат под Бахамско знаме, и прашање на време е кога и тие ќе преминат на сертификати од тренинг центар на копно. Меѓународен закон е тоа од 1.1.2017

За тоа кој какви гости ќе служи на брод одлучува регрутерот на интервјуто. Во тек на пробниот период постојат можности за префрлање од еден во друг ресторан по препорака на директните менаџери.

Е добре дојде. Значи тоа што го зборев многу страни наназад што ме убедувавте подруго (твојот колега беше). Проблемот е кај вас што вие кажувате кој колку е способен а всушност вас треба да ви биде само задача посредување. Премногу филмови им правите за кој колку е способен, ко да ќе ви падне реномето на компанијата доколку некој не помине интервју. Ваша дејност е по правило посредување за интервју за работа, убаво пиша регрутерот е тој што кажува што ќе работиш, поточно со која позиција ќе почнеш, а како ќе напредуваш понатака зависи од условите на бродот, како што се: колку ќе си снаодлив, каков менаџер или супервизор ќе добиеш, среќа итн.... Тоа е тоа што ме нервира кај вас што филмувате и вие однапрет кажувате кој што ќе работи. Абе остави го можеби ќе има среќа за подобра позиција да помине, незнаеш какви прашања ќе му се погодат или пак каков ќе му е денот на регрутерот. Можеби некој со послаб англиски подобро ќе го импресионира со филмување и ќе помине а некој со перфектен англиски ќе се здрви или збуни така да вие треба само да посредите за интервју, а не да кажувате кој што да работи. Но многу добро знаеш и ти и многумина други зошто ги правите тие обуки. Јас соработував со коузон уште 2007 и знам што се правеше и што се прави ама ај не е за тука затоа поголем паталец од мене тешко дека ќе најдеш. И Наце ми е многу добар пријател и знам и од него што се дешава.

Со Мијоми е подруга работата. Отворено ти кажуваат апликација 1500 денара и откако ќе добиеш виза и карта ти бараат провизија. Тогаш ми зедоја мислам 300 евра. Но не ме маткаа со обуки и 300 лажни сертификати. До загреб не бев затоа што регрутерот беше македонец и беше дојден во македонија на одмор и успат направи интервју. Имав среќа да не тепам пат до Загреб. Миоми буквално ти посредуваат интервју за кое доколку добиеш работа ти наплаќаат провизија доколку не губиш 1500 денара за пријава, всушност не ги губиш туку ти важат за наредно интервју.

И да кажи ми колку идали поминаа тие фотографите со хоби или што слушнале дека е убаво да си фотограф на интервјуто? Сигурен сум дека таквиет кај вас нема ни да им дадат шанса за фотограф, ќе им речете оди чистач.
 
Здраво warmaster.

Фала што го спомна Наце, колку лошо има направено тој за Коузон, не верувам дека сите останати вработени заедно имаат направено.

И кај нас се случува на интервју да претставиме кандидат за некоја позиција па регрутерот да му даде повисока или пониска позиција.
Карнивал е единствена компанија која врши демоција за време на тест период. Сите останати компании даваат отказ ако кандидатот не помине тест период на брод.

Фото департментот тогаш и сега се поприлично сменети (ова ајфонот расипа цела индустрија), така да на хобистите им давам материјали за учење и насоки што да вежбаат. Не сум душман да праќам луѓе у хаускипинг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom