- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.281
- Поени од реакции
- 13.017
А бидејќи Декстер шири дезинформации, морам да пишувам исправки.
Дали ти Декстер како програмер ќе дозволиш некој келнер да ти кажува каде имаш грешки во кодовите?! Си бил на едно крстарење, си правел муабет со 2-3-4 другари и мислиш дека знаеш се за брод.
На времето се служеше војска, и обично пракса беше кога некој ќе дојде на викенд или кога ќе се скине да собере околу него средношколци и да им кажува за своите авантури додека бил во војска, најчесто 90% од приказните немаа воопшто врска со реалноста, но децава што не биле војска немаат со што да споредат дали информацијата која што типот ја дава е вистинска или не.
Никој не може да ти гарантира успешно поминување на интервју. Коузон дава се од себе да ги спреми подобро своите кандидати.
Инаку и Employment Power имаат своја академија ко што љубиш ти да пишеш таканаречена. Ми наплатија 100 евра за дводневен курс по фотографија на кој што научив само зошто Барак Обама кога позира застанува во десниот дел од фотографијата. Се останато знаев од порано, но беше многу корисна за оние кои немаа претходно доволно знаење или искуство.
И оваа информација ти е погрешна. Курсот во Македонија чини 550 евра. Во Будимпешта е малку поефтин, ама кога ќе ставиш патни трошоци и престој ќе ти испадне поскапо.
Ова зависи од компанија до компанија. За која компанија пишуваш тука?!
Хехе, убаво е да се види дека си се размрдал во канцеларијата вака предпразнично.
Се што имам објавено на форумов се информации од прва рака од луѓе кои имале искуство со твојата агенција, па ако имаш било какви забелешки упати му ги на твојот работодавач, а не на мене, бидејќи од мене и онака ниту имаш видено денар, ниту ќе видиш во иднина - за ова барем од поодамна се разбравме, бидејќи јас од поодамна престанав да барам работа на брод.
Мислев дека како фотограф имаш разбирање за луѓе кои едно учеле, а друго работеле, бидејќи информатичката технологија е слична. Не келнерот, туку и чистачот на улицата кога ќе дојде на разговор за вработување е добредојден да ги именува технологиите кои ги знае, бидејќи исто како што за фотографијата не ти треба диплома или некаков просек, исто така и за информатичката технологија потребни се професионални познавања до кои може да се дојде и надвор од факултетот.
Кога сме кај курсот за фотографија, поправи ме ако грешам, но судејќи според коментарите од други членови на форумов кои имаат коментирано на темава, не е тој курс задолжителен за сите почетници фотографи, или јас погрешно ги разбирам кога велат дека одат на обука во Мексико или не знам каде таму во средна или северна Америка ?
Баш кога сме кај курсевите за информатичари, ене ти ги Семос Едукација и Сеавус, барем за овие првиве знам дека дозволуваат полагање на испит без воопшто да го посетуваш курсот, бидејќи испитот е бајаги тежок, се плаќа 50 евра по испит, се полага на компјутер и треба навистина добро да го владееш материјалот за да го положиш, бидејќи не се зема во предвид колку прашања точно имаш одговорено, туку има граница на неточни одговори која не смееш да ја надминеш, или во спротивно си го паднал испитот. И чистачот кога ќе дојде на разговор, можеби е само со завршено основно образование и со катастрофален низок просек, но ако има сертификат од Мајкрософт, Циско, Адоби и слични компании, нема што да се дискутира повеќе, бидејќи пред вистината и боговите молчат. Но и без потребните сертификати, повторно чистачот е добредојден да ги демонстрира своите знаења и вештини доколку претходно работел на било какви проекти со било каква технологија, бидејќи на крајот неговите дела говорат за неговите знаења и вештини наместо дипломата и просекот.
Можеби сега тој курсот за SCTW сертификат чини 550 евра, јас помнам дека пред година дена чинеше 500 евра, поправи ме ако грешам.
А кога сме кај визните трошоци, мислам дека правилно напишав дека истите варираат, не знам кој дел не го разбра од тој коментар.