И за Хрватска мислам дека е задолжителна морнарската книшка, не дека сум бил на брод - а не сум бил - туку така сум слушнал, можно е да грешам, односно погрешно да сум слушнал, се разбира.
Туку, кога веќе го спомна перењето, какви се условите на бродовите за перење на алиштата ?
Може било кој ден да се однесат алишта на перење или мора баш на некој одреден ден ?
Претпоставувам дека за перењето на облеката се плаќа, ептен Вип третман би било бесплатно да те сместуваат, бесплатно да те хранат, па и бесплатно да те перат.

Има различни цени во текот на деноноќието или во текот на неделата/месецот, како што е со евтината и скапата струја кај нас во Македонија, или цената за перењето на облеката е фиксна ?