Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Мене како што ми кажаа тоа е како чистач на шанковите... Значи имаш околу 20 шанка по цел брод и треба да ги одржаваш... така нешто. Али ако знај некој нешо појќе нека кажи! ;)
 
а нешто околу тоа дали е тешка работата и колку е заработувачката и дали има типсови или не??? кој можи да ми образложи нешто повеќе ке му бидам благодарен бидеќи ке ми биди од голема корис ;)
 
поздрав до сите тука .... имам 22 години од Скопје сум .... сега пред некој период мој пријател замина за да работи на брод ,па неговото заминување ми остави никулец во глава,зошто не појдеш и ти .... па се размислувам навистина појди,ништо лошо нема да ми се случи, ќе заработам добра пара ,искуство,пријатели и дел од светот прошетан .... па ме интересира ... која агенција е добра за да појдам и да се распрашам и го започнам првиот чекор кон работа на брод ,,, ?! Мајоми или Коузон ?! и отприлика на која позиција би било добро да аплицирам ... немам големо работно искуство ,едниствено месец дена во Карфур маркетот како помошник во магацин .... Немам проблеми со јазикот, одлично го знам англискиот јазик,пишување и говор и француски (за комуницирање) и шпанскиот но само да разберам дел,нешто .... имам завршено гимназиско средно и две години на Електро .... е сега не знам дали ова нешто со факулетот ќе помогне нешто за подобра позиција .... ви благодарам од се срце :D
поздрав и чекам на ваши искрени но многу навистина потребни одговори за мене :D
 
Пошо знаеш два јазици можеш да одиш за келнер. А факултетот нема значење за на брод.
 
Пошто знаеш два јазика плус можеш да идеш на било кој брод на било која позиција. Е сеа бирај дали ќе идеш за сервер во ресторан и да праиш пари ама слабо слободно време или ќе одбереш некој пораат оддел со помалку пари. Јас имам извонредно искуство со Мајоми, така да ти ги препорачувам нив.
 
а нешто околу тоа дали е тешка работата и колку е заработувачката и дали има типсови или не??? кој можи да ми образложи нешто повеќе ке му бидам благодарен бидеќи ке ми биди од голема корис ;) pls ????
 
Брат ми беше на брод рече дека била помалку платена од другите пример од келнер! Али некој ако знае подобро нека каже да не испадне јас те премислувам... секој за себе најдобро си знае... пример 1000$ за некој се многу а за некој малку, за некој таман и така...
 
Здраво до сите нов сум тука на форумот , но ме интересира дали има некој што има аплицирано преку Мајоми во скоро време и ако знае некој кога ке се одржат Марлинс тестовите во Александар Палас? благодарам
 
добро уште едно прашање .... што е разликата меѓу мајоми и коузон ..... ме интересира во детаљи .... дали во подобра понуда,посигурност и така натака и други мали ситници .... што им е лошата и добрата страна на агенцииве .... се распрашувам за агенцииве затоа што преку некој од овие ќе го правам првиот чекор ....
 
Мислам дека Коузон организира Академија со која целосно ги обучува кандитатите зависно од тоа што ќе работат за на брод да стасаат подготвени а и услугата му е на највисоко ниво. Али сепак ти прашај си други кои повеќе знаат!
 
Tonchie бате, извини што замарам, али ја испрочитав целава тема од почеток до крај и ти си perfect match за да ми одговориш. Поднесов комплет документи во Мајоми за фотограф па чекам у меѓувреме да ме повикаат. Спомнна дека си бил Курт Кобејн а си ги фатил на портфолио, а исто спомна дека бираш 20тина портрети што ти фаќаат око за портфолио. Сакам да те прашам дали имаше портрети од свадби (зет+невеста)? Прашувам пошто едно другарче им имаше спомнато дека сликал свадби а у портфолио имаше слики само од една свадба па го тераа да им покаже повеќе слики од разни свадби. Исто ме интересира што фотограф беше пред да отидеш на брод (аматер.. профи... што имаше сликано/работено) и ако ти е достапно портфолиото онлајн, ако може да го видам. Поздрав и извини на цимање уште еднаш
 
У врска со агенцииве, најдобро е да си аплицираш и у двете :) Јас аплицирав првин у Коузон и не се случи ништо и псле аплицирав у Мајоми и за 2 недели бев на интервју.

Tonchie бате, извини што замарам, али ја испрочитав целава тема од почеток до крај и ти си perfect match за да ми одговориш. Поднесов комплет документи во Мајоми за фотограф па чекам у меѓувреме да ме повикаат. Спомнна дека си бил Курт Кобејн а си ги фатил на портфолио, а исто спомна дека бираш 20тина портрети што ти фаќаат око за портфолио. Сакам да те прашам дали имаше портрети од свадби (зет+невеста)? Прашувам пошто едно другарче им имаше спомнато дека сликал свадби а у портфолио имаше слики само од една свадба па го тераа да им покаже повеќе слики од разни свадби. Исто ме интересира што фотограф беше пред да отидеш на брод (аматер.. профи... што имаше сликано/работено) и ако ти е достапно портфолиото онлајн, ако може да го видам. Поздрав и извини на цимање уште еднаш

Не ги фатив на портфолио, ги фатив на проџектор :) Мислам дека Џенет ја праи таа финта на повеќето интервјуа.

Немав портрети од свадби, имав рандом портрети, вклучувајќи и концерт на Били Ајдол :)))

Пред да идам на брод бев профи фотограф, работев во Општина Гази Баба и пуштав статии на Demotix, фоткав и за рандом сајтови во МК.

Во врска со свадбите, дап... ако имаш само една, изгледа ко да си другарче на парот па сте се зезале.

И за моја претходна работа линкови подолу:
http://www.flickr.com/photos/tonchie/
http://www.demotix.com/users/tonchie/profile
 
Tonchie колку ти е платата ако не е тајна? видов кажа дека сликаш со твој апарат што е тоа смешно мислам.

Во Карнивал за фотограф 1200 долари е плата работиш со нивни апарат, само сликаш, секој ден по 12часа, карта платено.
 
имаат target односно цел за продадени слики така да ако те стават на добар брод можеш да земаш и по 2000$
 
здраво ме интересира кога заминувате за работа на брод ,што земате работи,облека ,чевли и слични нешта за таму ?! треба да земам полно работи или да се пакувам лесно .... и како е со перење на алишта .... исто и за користење на интернет .... сигурно ќе земам лаптоп со мене .... имаат бесплатен интернет ?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom