Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Господо драга, може ли некој збор два за Firewatcer програмата од Коузон, околу обуката,селекцијата,опис на работно место и потенцијална заработка ‍↔️

патем видов дека тазе ги извадија датумите за престојните проекти. фала
 
Пишував за тоа неколку страни наназад, ме мрзи сеа да барам па ќе ти пишам од почеток.
Обуката е мислам еден ден, ако не грешам. Тој ден ќе дознаеш се во врска со работата како Fire-Watch на Dry-Dock проект. Селекција, ако рабираш малку од малку англиски и ако си релативно стабилна личност, 99% ќе те земат. На времето дневницата беше 32 фунти во денарска против-вредност, не знам дали има промени.
Jaс работев како фајрвоч јули 2021 - април 2022 и потоа уште еднаш март 2024 затоа што се работеше на брод на кој работев за една друга компанија.
Имаше бродови на кои летаа искри од сите страни, имаше бродови на кои повеќе глумевме работа отколку што работевме.
Гледам следните проекти се сите 2-3 недели, така да ќе ти биде добар апетајзер за брод и работа на брод :)
Се патува цела група заедно, така да ќе имаш друштво дури и сам да отидеш ќе запознаеш интересни луѓе.
Понекогаш има и подолги проекти ама тие се обично помали екипи и поискусните имаат предност да ги добијат тие проекти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom