Пусто турско

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Локација
Скопје, Обединета Македонија
Ја прочитав статијата на Нонковиќ во Дневник за султанот Сулејман и ми се згади
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D0D63F9C6D21B74F9BDF96B903489952

Поминавме 500 години турско ропство, изгинаа илјадници Македонци наши претци за денес ради рекламирање на една гледано глобално подпросечна тв серија да правиме статии во кои се воодушевуваме на еден наш поробувач? Уште од самиот наслов и поднаслов гледаш дека текстот е навредлив и без мозок пишуван. Сулејман го изградил Скопје (како божем Скопје не постоеше пред да дојде овој анадолиец овде) и во поднасловот прво што изградил 21 џамија! Уау каков придонес за Македонците и староседелското христијанско население. Сигурно биле воодушевени Нонковичу. После тоа читај читај за благодетите на нашите омилени поробувачи и оп уште еден супер податок - го зголемил населението во македонските градови за два пати (дали со ова сака да го претстави Сулејман како супер е*ач или пак дека измислил забрзан начин на доселување на Турци од пустите краишта на Турција во Македонија не знам ама како и да е ГЛУПО е). Дај прекинете ја оваа пропаганда, прекинете ги овие глупи турски серии. За крај немам ништо против денешниве Турци кои се горе-доле еманципирани и толерантни и пријателски настроени кон нас, но да не ја преправаме историјата ради тоа пријателство, ќе испадне на крај дека турското 500 годишно руопство уствари било дружење!
 
....маркетинг....пари...пари....маркетинг
....немаат ништо турците со ова....проблемот е наш...односно кај нашите г*золизачи кои ќе направат се за пари....
....до кога само окупаторите ќе ни ги продаваат како ослободители (Турци, Албанци, Срби, Бугари, Грци.....)?????
 
Ајде важит !
дан сакаш и успат сите муслимани да ги истераме од државава ? Било поминало а ти ништо не можеш да промениш
 
хах тебе ти пукнал филмот од турскиве серии дефинитивно.
инаку. - телевизииве се ке напраат само да имаат гледаност а со самата гледаност имаат и бајаги реклами кои патем чинат скапо. нашиов народ од шо нема да праи по цел ден дреме пред телевиориве ( ова претежно постарите генерации ама кога има турски филм богами и старо и младо и машко и женско е пред ТВ ) и ништо паметно неможе да се научи од тие турски серии напротив само може човек да се утупува се подлабоко и подлабоко од ден на ден. врв на се е кога ке дојде некој од страна кој ен ги сака сериите и ке рече „ АЈ БЕ ШО ГЛЕДАТЕ ОВА ГЛУПОСТИ ЖИВИ “ а од другата страна па најчесто се јавува некоја жена со контра коментар „ КАКВИ ГЛУПОСТИ БЕ ТИ НЕЗНАЕШ ДЕКА ОВА СЕ СЕКОЈДНЕВНИ СЛУЧКИ ОД ЖИВОТОТ ШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧАТ НА СЕКОЈ“. ова го имате слушнато барем еднаш најмалце у животот откако почнаа турскиве серии.
 
Некогаш се прашувам дали е од глупост или намерно, како и да е одвратно е. Да се велича окупаторот е срамно.
 
хах тебе ти пукнал филмот од турскиве серии дефинитивно.
инаку. - телевизииве се ке напраат само да имаат гледаност а со самата гледаност имаат и бајаги реклами кои патем чинат скапо. нашиов народ од шо нема да праи по цел ден дреме пред телевиориве ( ова претежно постарите генерации ама кога има турски филм богами и старо и младо и машко и женско е пред ТВ ) и ништо паметно неможе да се научи од тие турски серии напротив само може човек да се утупува се подлабоко и подлабоко од ден на ден. врв на се е кога ке дојде некој од страна кој ен ги сака сериите и ке рече „ АЈ БЕ ШО ГЛЕДАТЕ ОВА ГЛУПОСТИ ЖИВИ “ а од другата страна па најчесто се јавува некоја жена со контра коментар „ КАКВИ ГЛУПОСТИ БЕ ТИ НЕЗНАЕШ ДЕКА ОВА СЕ СЕКОЈДНЕВНИ СЛУЧКИ ОД ЖИВОТОТ ШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧАТ НА СЕКОЈ“. ова го имате слушнато барем еднаш најмалце у животот откако почнаа турскиве серии.
Најмногу ме изнервира текстов од Дневник плус коментари од типот еее ете исти сме биле. Кои исти сме биле кога до вчера корневте коси на латиноамерикански серии. Нека гледаат бабине турски серии ако сакаат ама нека не ми ги рекламираат нашите поробувачи како да се некои суперхерои.
 
нормален л ие овој бе 0.о уште малце ќе го направи сулејман по-наш од гоце делчев :D
 
Затоа филмот за Александар МАКЕДОНСКИ е баниран секаде освен во МАКЕДОНИЈА!
 
Сулејман Величествениот - Законодавецот е најголемиот Султан на Отоманската империја. Телевизиската серија која мометално се прикажува е обична сапунска опера и нема врска ниту со историјата ниту со мозокот.
Отоманската империја за времето на Сулејман, била најцивилизиран дел од Европа. Во Скопје, 1484 е изграден Даут Пашиниот Амам, кога низ Европа многу ретко се бањале.
Предствата дека, Отоманската империја била всушност турско ропство е искривена историска слика направена на крајот на 19 век, во време на распадот на Империјата. Тоа била една космополитска држава, во која во одредени периоди било сосема добро да се живее и во која многу европјани се доселувале.
 
Како тоа го заклучи најцивилизиран дел од Европа? Периодот на ренесансата во Европа веројатно бил мачкина кашлица за дострелите на Сулејман, везирите со нивните турски бањи? Не знаев дека на пример Леонардо Да Винчи (1452-1519) бил Турчин. Искривена слика била ропството? А како поинаку да се нарече кога некој однадвор доаѓа во твојата земја ти носи доселеници, те користи за принудна работа, ти зема деца и тн.? МУЛТИКУЛТУРНА ДРЖАВА? Космополитска држава? Ако си радикален Турчин(од овие новиве што сега ги тераат жените да носат марами) може некако ќе те разберам, ама ако си македонец алал да ти е на умот.
како да не одел некој на часови по историја па и логика.
По потпаѓањето под османлиските Турци веќе во првите децении на XV век, Македонија станува пратформа од која продолжува освојувањето на другите соседни земји. Набргу Турците ја спроведуваат својата административна поделба на земјата и во составот на Румелискиот вилает, формираат четири санџаци: Сопкски, Ќустендилски, Солунски и Охридски.
Покорувањето на Македонија, за македонскиот народ, не било само едноставна промена на власта, затоа што било проследено со стравотни пустошења на земјата, градовите и селата, водење во ропство, присилно преселување поголеми групи луѓе низ бесплодните простори на Мала Азија со асимилација и мноштво други беди.
Со цел успешно да ја спроведат својата освојувачка политика насочена кон покорување на уште слободните балкански држави, османлиските Турци настојувале што подобро да ја осигураат својата заднина. Така почнуваат масовни населувања со поголеми туркменски групи, обично сточари, кои како клин се забиваат меѓу македонското населени, заземајќи ги најплодните пасишта, почнувајќи од Солунско до Скопско Поле. Етничкото единство на македоснкото население било постепено разбивано. Со време, турските власти водејќи многу вешта и длабокоосмислена полотика, успеале во својот тимарско-спахиски систем да вклучат некои од поситните локални феудалци, додека имотите на крупното дворјанство биле наполно одземени и раздробени.
 
:icon_lol::icon_lol: Арно викаат србите,"нема горег турка од потурка"...
Треба да им се извиниме на турците што само 500 години останале овде и што не сме можеле да видиме колку ни било убаво во нивно време.

Периодот на ренесансата во Европа веројатно бил мачкина кашлица за дострелите на Сулејман, везирите со нивните турски бањи? Не знаев дека на пример Леонардо Да Винчи (1452-1519) бил Турчин. Искривена слика била ропството? А како поинаку да се нарече кога некој однадвор доаѓа во твојата земја ти носи доселеници, те користи за принудна работа, ти зема деца и тн.?

Уште ве лажат тоа комунистите :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom