Факт е дека не окупирале, поробувале и правеле триста нереди кога ќе им текнело. Но воглавно султанот, кој ја имал врховната власт, ретко се осмелувал да посегне по поединци туку македонија како и останатиот дел од европа била под турска окупација за голема турција. Нешто слично како што правел александар македонски. Прочитајте некоја книга што е напишана од турско време, на пример марко цепенков. во една негова книга, убаво го објаснува положајот на населението во турско ропство. И не е баш се така црно. Македонија како македонија била поробена. И плаќала баш висок данок, заради христијанско население, македонско население, патарини, и ред други работи:
-Се давало данок во крв - (Фамилиите кои имале поголем број на здрави деца било редно да дадат едно дете да служи војска како јаничар. Ова повеќето го избегнувале со цел да не им гини детето, или да не ги пороби баш нивни син. За да не им ги одземат уште од мали им сечеле прсти, им правеле по некоја глупост ги сакателе со цел да не ги земат во војска.)
-Се плаќало данок на имот - (Населението кое обработувало нива, имало задача да дај една третина на агата кој во превод нешто иди како градоначалник денес. Секој ага си имал место,град село или одредена територија за владење, и земал данок од населението. Слободно можеле да си работат нива од сабалје до вечер, и да живеат од тоа што ќе го сработат, но од целата жетва една третина одело на агата а 2 третини за нив. Исто и од имотот, крави коњи овци , знаеле да земат некој дел...)
-Можеле да отвораат свој бизнис. (Нормално не давале ваучери како сега владата, но можеле да отворат некој бизнис, односно ако имале занает, како калајџија, тенекеџија, шнајдер, бербер, анџија на наши кафанџија (од тука потекнува и зборот кафаана, од кафе и ан), и ред други работи. Заработените пари на годишно ниво оделе, 1 третина за агата. И мислите дека денес ова го нема? Од целиот приход 18 % од заработката одзема државата, и покрај другите давачки,што испаѓа дека 40 % се за државата што мислам дека е исто дури и полошо)
-Исламизцијата не била присилна. (Доколку правеа глобална исламизација сите ќе беа од муслмански фамилии денес.Највеќе македонци муслимани има во западниот крај. Таму кај што највеќе се прифатил исламот, било од причина што муслиманите имале повисок статус во целата таа отоманска империја. Прв ред на граѓани муслиманите, па втор ред немуслиманите итн. Највеќе албанското население се муслиманизирало а каде што живеело и македонско со тек го прифатило исламот од неколку причини: Добивање повисок опшествен статус,неплаќање данок или минимален данок, заштита од албанските банди кои пљачкале во западна македонија,страв од поробување и неправди нанесени од муслиманско население, а и дел атеисти кои не се грижеле многу за религија па да добијат повисок статус се пишале муслимани.
Факт е дека кога ќе им се допаднела некоја девојка ја грабале,а исламизацијата врз неа била заради што нивната вера не им дозволува женење со друга вера па морало македонката да прифати ислам и да се потурчи. Е сеа има 2 разлики потурчен не е исламизиран, туку потурчен е да се нарекува турчин-ка, да има турско име и обичаи, зборува турски итн. Исламизиран е прифаќање на исламот)
-Градби низ македонија. Факт е исто така дека правеле многу градби. Бањи , џамии, чаршии, и што уште не. Доттогаш исто така имало дел од тие градби но под византиска власт биле градени. И претходно валјда имало уште нешто но сето тоа останало заборавено, како што останува македонија после смртта на александар македонски.
Тоа е накратко за турското владеење. Не ги оправдувам ниту ги оспорувам. Дошле, владееле заминале. Низ сето тоа владеење оставиле големи влијанија, колку само јадења имаме?
Баклава, Кадаиф, Кафе, Мазник, Шеќер-паре, тулумби, локум, и уште други специјалитети што не ми текнуваат.Турски зборови исто имаме, имаме и ориентална култура останато, како на пример чалгиската музика што е потполно ориентална музика со македонски мелос.
Доколку сакате да видите што стварно е асимилација на народ, и наметнување влијание, проучете го египет. Од какво население и која култура, денес што е?
Потполно исламско население, кое заборавило на своето потекло, јазик и религија, па дури и националност. Се нарекуваат арапски египќани, наместо египќани, зборуваат АРАПСКИ, а не коптски, т.е египетски освен христијанските египќани кои зборат античко египетски ради национализам кои живееле изолирано не прифаќајќи ништо од надвор.