Mandrak напиша:
-Можеби е вон тема и изгледа како вртење и бегање од темата, но те прашувам уште еднаш директно тебе да ми кажеш дали навистина сметаш дека издувните гасови ид градските автобуси кои секојдневно околу 1000 од нив се движат по улиците на Скопје не испуштаат отровни материи во воздухот кои се многу поштетни од чадот од цигарите?
Еве да предпоставиме дека вие непушачите сте успеале да се изборите во Македонија да нема повеќе ниту еден пушач. Чиста утопија ама да предпоставиме.-Дали навистина сметаш дека со тоа ќе имаш поздрава животна средина?
Додека да дојде Pearl и да одговори на прашањето, еве и ја да си кажам мое мислење.
Околу правото на избор, се слагам. Да, право на избор е. АМА (секогаш има ама нели

) на колку години у просек почнуваат луѓето да пушат?? Ја сите што ги знам околу мене пушат отприлика од средно. Право на избор е ако станува збор за возрасен човек што ги знае сите последици и одбрал да пуши зашто му претставува задоволство, го релаксира и шо ти ја знам уште зашто. Ама за копиљ од 15 години не се слагам баш дека почнал да пуши затоа што тоа била разумна, свесна одлука и право на избор. Причината за пропушување на тие години се знае што е - да изглеаш кул, пошто сите у друштво пушат, се осеќаш, шо знам, фраерски со цигара у една рака и коктелче у друга и слични причини поврзани
со карактер. Затоа што фактот дека цигарата ти дава осет на поголема самодоверба, филинг дека си фраер(ка), дека си кул, и фактот дека не можеш да избегнеш peer pressure е сепак поврзано со карактер. Ова зборам за тинејџери, а најглем дел од пушачите зависноста ја ствараат баш тогаш.
Споредбата со други извори на загадување не е баш соодветна, а и не е фер. Пушењето е индивидуална работа, нешто за кое секој човек одлучува. Ако ти престанеш да пушиш, знаеш дека сигурно ќе има еден извор помалку на загадување со цигари, и тоа е твоја и само твоја одлука дали ќе загадуваш наоколу или не. Загадувањето што доаѓа од автобуси, коли и слично, напротив, не е нешто што зависи од мене и тебе како поединци. Колку и да ми сметаат издувни гасови и знам колку се штетни, сепак користам и ќе користам кола, автобус итн. затоа што јас лично не можам да направам ништо во врска со тоа, а превозот ми е неопходна потреба во животот.
Поедноставно кажано, издувни гасови се покомплексен проблем што се решава на глобално и регулаторно ниво. Загадувањето од цигари зависи и може да се спречи едноставно, од директниот извор што го предизвикува.
А дали ќе има поздрава животна средина, па нормално дека да. Колку и да е занемарливо, сепак се работи за помало загадување и помалку луѓе изложени на здравствени ризици.