Пушењето - зависност или навика?

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Aбе луѓе претходно кажав и пак ќе кажам зашто не земеш да спортуваш или нешто него пушиш. Мандрак јас имам разговарано со доктор чисто онака индормативно и ми има кажано дека цигарите се поштетни од марихуаната (нормално не да земеш да дуваш 20 џоинта на ден) само што може да те наведе на потешки дроги. Иначе гледам сите сте се фатиле со тоа ако им сметам нека си идат, а јас да те прашам нешто зашто ти да не си идеш? Јас викам дека секој може да си праив што сака додека не штети на некој друг, а кога ќе почне да му штети на некого нормално оштетениот е во предност.

И уште нешто според се што прочитав (мислам во стил на знаеме дека е штетно ама пак си пушиме итн.) пушењето значи не е недостаток на карактер туку на ПАМЕТ :pos:
 
Aj да се договориме. ти кажи позитивни страни на пушењето цигари и со тоа внесување на никоти, катран и што ли уште не во оврганизмот, а јас на марихуаната и ќе видиме што е поштетно.
 
Тоа никако! Јас прв ке се побунам! Во ниеден случај не е во ред да се изнесуваат позитивности на еден порок или на друг порок. Тоа веќе представува бесполезна кампања која ќе наиде на општа осуда. :):pos:
 
По правило никој нема право да ти го загрозува животот со таканаречено пасивно пушење,ако сакаш да пушиш излези на отворен простор и пуши или евентуално во затворена просторија ако има обезбедено супер моќен аспиратор над масите за пушачите,некој иноватор од Охрид го измислил(сериозно) па така да не се осеќа чадот.А да ви кажам шо ми е убаво вака кога не пушам,кејф, секој ден главата ме болеше кога пушев сега сум како нов, а замисли кога излегував одеа по 2 кутии + алкохол и утре кога ке станеш замисли филингот.Еве нешто за пасивно пушење:

Пушачите можат да се повикуваат на правото да можат секогаш и секаде да се препуштат на навиката, но можно е тие да им штетат на другите многу повеќе отколку што се мислеше досега. Вдишување пасивен дим може физички да предодреди некои деца да станат зависници од цигари покасно во животот.

И досега имаше докази дека чадот од втора рака не е штетен само сам по себе, туку и самото гледање како родителите и другарчињата палат цигари ги учи децата да станат пушачи. Но сега, Margaret Becklake, епидемиологист на Универзитетот McGill во Монтреал и нејзините колеги, тврдат дека нашле раздразнувачки доказ за многу поподмолен ефект.

Тие проучувале 191 момчиња и девојчиња. На првата средба, децата биле на просечна возраст од 9.3 години. Истражувачите го посетиле домот на секое дете и ги прашувале родителите прашања за тоа колку луѓе пушат во домаќинството и колку цигари дневно пушат, заедно со други прашања како големината на приходите. Тие истотака го мереле капацитетот на белите дробови на децата и земале примероци од плунката за да ги тестираат за продуктот од разложување на никотинот наречен котинин (cotinine, анаграм од nicotine), и испитувале дали младите пушеле дотогаш.

Неколку години подоцна, кога децата биле во просек 13 години стари, истражувачите повторно контактирале со нив. До тогаш, 44 проценти почнале да пушат. Повеќето од испитаниците веќе биле излезени од пубертет, што е силно поврзано со зголемувањето на процентот на пушачи. Но кога биле земени во обзир сите фактори: физичкиот развој, големината на приходите и количината на чад во домот, еден краен фактор останал како најдобар прогнозер на пушачката навика во тинејџерските денови: нивото на котинин најден во нивната плунка кога биле деца. (Canadian Medical Association Journal, vol 173, p 377).

Ова значи дека што повеќе никотин детето апсорбира околу 9-годишна возраст со пасивно пушење, толку е поверојатно дека тоа ќе стане пушач. Високите нивоа на котинин кај децата кои биле во пред-пубертетска возраст четири години порано ги дуплирале нивните шанси да станат пушачи. „Апсорбирањето на никотин е поврзано со потребата да се внесуваат цигари“ – вели Becklake. Иако таа предупредува дека истражувањето било мало и не било иницијално дизајнирано за да се испитува ова прашање, сепак е сигурна дека заклучоците го откриваат вистинскиот ефект.

Преземено и аматерски преведено од списанието New Scientist, број 2514, 27 Август 2005, страна 7
 
Би-серо се саде би-сери вадиш. Пардон, ти беше Pearl...ама Harbour:pos:...на бедемот на грлатите и агресивни непушачи. Ние, малите жолти, од никотин пожолтени пушачи ве поразивме. Ти сигурно не ме читаш добро или очила ти требаат по млади години, или неможеш да сфатиш што значи фрзата „право на избор“. Дека пушачите постојат факт е, колку ти сакаш тоа да го признаеш или не, твој проблем. Дека непушачите немораат да бидат во околина на пушачите е ствар на избор, исто треба да разбереш. -Те врза некој за радијатор во соба со пушач и не ти даде да си одиш од таму? Ти го сторил некој тоа?
Ниту еден пушач сигурно не е луд да ги стимулира своите деца да пушат и сигурен сум дека им ги изложил штетните аспекти на пушењето. На едно од твоите прашања за штетноста од пушењето јасно кажав дека е штетно и прифаќам дека е така донекаде, но сепак застапувам став дека неможе умереното пушење само по себе да биде штетно затоа што неговата штетност е во пакет со други штетни навики и материи кои ги внесуваат луѓето во својот оргнизам.
-Можеби е вон тема и изгледа како вртење и бегање од темата, но те прашувам уште еднаш директно тебе да ми кажеш дали навистина сметаш дека издувните гасови ид градските автобуси кои секојдневно околу 1000 од нив се движат по улиците на Скопје не испуштаат отровни материи во воздухот кои се многу поштетни од чадот од цигарите?
Еве да предпоставиме дека вие непушачите сте успеале да се изборите во Македонија да нема повеќе ниту еден пушач. Чиста утопија ама да предпоставиме.-Дали навистина сметаш дека со тоа ќе имаш поздрава животна средина?
И еднаш веќе се согласи дека карактерот не неврзлив со пушењето, сега испаѓа дека самата себе се дематираш:
НЕМАТЕ КАРАКТЕР!!!
СЛАБАЦИ СТЕ!!!
-Кој сега нема карактер? Кој си го менува ставот за еден ден? Јас или ти?
Еееее...Pearl Harbour...многу души изгинаа таму, жолтите на јенките им направија kick ass и тоа саглам.
 
Жити све?
Секој има право на избор!
Тоа постојано го повторувам ама изгледа кај тебе и на тебе сличните правото на избор не постои. Кај тебе има само „моето е исправно и ништо друго“.
Јас воопшто не пропагирам дека е убаво и добро да се пуши, твоите неосновани обвинувања и параноидно тесење зелени го прави она што јас не сакам да го сторам. На местата кајшто ме цитираш само кажувам каде и како јас си го наоѓам задоволството во пушењето цигари, никаде не велам „запали цигара па да видиш колку е убаво“. Што си се испаничила толку? Да, пушач сум, така сум избрал да живеам и уживам во цигарите, не сум пронашол дека мене лично или на мојата околина може да пречи и си го живеам животот како јас што сакам, при тоа и на сите други им ја оставам можноста сами да изберат како ќе живеат и дали ќе бидат во мојата околина кога јас пушам или на друго место и внимавам да не делувам насилно пушејки на места каде тоа не е дозволено. Како јас ќе се однесувам дома кај мене е моја работа, лично моја и никој неможе да ми го одредува тоа. Битно е да внимавам на тоа дали чадот од моите цигари оди во собите на другите и дали може да им попречи и се разбира, не пушам во цел стан туку секогаш во една иста просторија во која немораат задолжително да борават и другите членови на моето семејство, просторија која е секогаш добро проветрена и доволно голема да не се дозволи преголема концентрација на чад драга госпоѓице Pearl!
Гледам напаѓаш, без да одговориш на прашањата што ти ги поставив во предходниот пост. Еве ти ги повторно:
те прашувам уште еднаш директно тебе да ми кажеш дали навистина сметаш дека издувните гасови ид градските автобуси кои секојдневно околу 1000 од нив се движат по улиците на Скопје не испуштаат отровни материи во воздухот кои се многу поштетни од чадот од цигарите?
Дали навистина сметаш дека со тоа ќе имаш поздрава животна средина?
Ќе одговориш или ќе продолжиш со параноидните обвинувања без почитувањето на право на избор и вулгарни навреди?
 
Mandrak напиша:
-Можеби е вон тема и изгледа како вртење и бегање од темата, но те прашувам уште еднаш директно тебе да ми кажеш дали навистина сметаш дека издувните гасови ид градските автобуси кои секојдневно околу 1000 од нив се движат по улиците на Скопје не испуштаат отровни материи во воздухот кои се многу поштетни од чадот од цигарите?
Еве да предпоставиме дека вие непушачите сте успеале да се изборите во Македонија да нема повеќе ниту еден пушач. Чиста утопија ама да предпоставиме.-Дали навистина сметаш дека со тоа ќе имаш поздрава животна средина?

Додека да дојде Pearl и да одговори на прашањето, еве и ја да си кажам мое мислење.
Околу правото на избор, се слагам. Да, право на избор е. АМА (секогаш има ама нели :icon_lol:) на колку години у просек почнуваат луѓето да пушат?? Ја сите што ги знам околу мене пушат отприлика од средно. Право на избор е ако станува збор за возрасен човек што ги знае сите последици и одбрал да пуши зашто му претставува задоволство, го релаксира и шо ти ја знам уште зашто. Ама за копиљ од 15 години не се слагам баш дека почнал да пуши затоа што тоа била разумна, свесна одлука и право на избор. Причината за пропушување на тие години се знае што е - да изглеаш кул, пошто сите у друштво пушат, се осеќаш, шо знам, фраерски со цигара у една рака и коктелче у друга и слични причини поврзани со карактер. Затоа што фактот дека цигарата ти дава осет на поголема самодоверба, филинг дека си фраер(ка), дека си кул, и фактот дека не можеш да избегнеш peer pressure е сепак поврзано со карактер. Ова зборам за тинејџери, а најглем дел од пушачите зависноста ја ствараат баш тогаш.

Споредбата со други извори на загадување не е баш соодветна, а и не е фер. Пушењето е индивидуална работа, нешто за кое секој човек одлучува. Ако ти престанеш да пушиш, знаеш дека сигурно ќе има еден извор помалку на загадување со цигари, и тоа е твоја и само твоја одлука дали ќе загадуваш наоколу или не. Загадувањето што доаѓа од автобуси, коли и слично, напротив, не е нешто што зависи од мене и тебе како поединци. Колку и да ми сметаат издувни гасови и знам колку се штетни, сепак користам и ќе користам кола, автобус итн. затоа што јас лично не можам да направам ништо во врска со тоа, а превозот ми е неопходна потреба во животот.
Поедноставно кажано, издувни гасови се покомплексен проблем што се решава на глобално и регулаторно ниво. Загадувањето од цигари зависи и може да се спречи едноставно, од директниот извор што го предизвикува.
А дали ќе има поздрава животна средина, па нормално дека да. Колку и да е занемарливо, сепак се работи за помало загадување и помалку луѓе изложени на здравствени ризици.
 
MarthaGraham напиша:
Колку и да ми сметаат издувни гасови и знам колку се штетни, сепак користам и ќе користам кола, автобус итн. затоа што јас лично не можам да направам ништо во врска со тоа, а превозот ми е неопходна потреба во животот.
Не би рекол, можеш да направиш многу повеќе од ова што го правиш против пушењето, и тука имаш избор! Ај размисли, ќе видиш дека сум во право.
 
Mandrak напиша:
Не би рекол, можеш да направиш многу повеќе од ова што го правиш против пушењето, и тука имаш избор! Ај размисли, ќе видиш дека сум во право.
Si rabotat inovatorite se razbira deka ima izbor,eko-motori , eko-nafta i taka da poleka,poleka se iskorenuva zloto i pokraj multi bilionskite profiti na tutunskite tajkuni koi se protivat konkretno za cigarite .
 
треба ум и малку добра воља за да се свати. некој ниту тоа ниту тоа го има :)

од инает ќе пукни, и поарно така, барем помалце ќе ми смрди комшилукот.

Гарфилде, не е темава за клуч, мандако е за клуч... да го заклучи чоек некаде, да не ја шири глупоста шо му излегва од секој збор.
 
Serdarot напиша:
треба ум и малку добра воља за да се свати. некој ниту тоа ниту тоа го има :)

од инает ќе пукни, и поарно така, барем помалце ќе ми смрди комшилукот.

Гарфилде, не е темава за клуч, мандако е за клуч... да го заклучи чоек некаде, да не ја шири глупоста шо му излегва од секој збор.
Глеј ти да не пукнеш од многу лук јадење! После ќе нема кој да смрди на лук по форумов:pos:
-Каква добра воља сакаш од мене кога се закануваш, навредуваш и што ли уште не? И другар ти svetovid заедно со тебе, само го нема нешто, изгледа отишол на годишен одмор:pos:
astrion:Si rabotat inovatorite se razbira deka ima izbor,eko-motori , eko-nafta i taka da poleka,poleka se iskorenuva zloto i pokraj multi bilionskite profiti na tutunskite tajkuni koi se protivat konkretno za cigarite .
-Арно, а не ти текна за користење алтернативен превоз кој не загадува? Зошто бе се возите со автомобили кои ми го загадуваат воздухот мене и на моите деца и ме труете? Што не се возите со велосипеди, што не си купите возила на електричен погон, најпосле пеш одете или јавајте на коњи, маски магариња! Кој ви даде за право да ми го загадувате вие мене воздухот и на моите деца? А?:pishtoldz
 
Mandrak напиша:
-Арно, а не ти текна за користење алтернативен превоз кој не загадува? Зошто бе се возите со автомобили кои ми го загадуваат воздухот мене и на моите деца и ме труете? Што не се возите со велосипеди, што не си купите возила на електричен погон, најпосле пеш одете или јавајте на коњи, маски магариња! Кој ви даде за право да ми го загадувате вие мене воздухот и на моите деца? А?:pishtoldz

не возам кола, ниту било каков корисник на нафта и нафтени деривати

возам точак, користам зелезница на струја, и пешачам многу. ти?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom