Ако беше толку добро немаше да се дојди до ова дереџе.
Како човек кој дел од времето се занимава со дигитален маркетинг ќе ти кажам дека медиумите не ги контролираат луѓето туку луѓето ги контролираат медиумите, а медиумите го користат тоа за да направат максимален профит. Како? Медиумите постојано пуштаат најразличен материјал. Скенираат на што луѓето посветуваат најмногу внимание, што коментираат и тоа го сервираат. Затоа задруга, парови и останатите повраќаници се топ материјал, затоа што луѓето ги бараат, не затоа што Пинк, Хепи или било кој друг сервис ги пушта.
Моментално постојат еден куп медиуми кои нудат едукативни емисии ама никој ни ги гледа ни знае дека постојат. На луѓето им одговара да го потрошат времето паразитски, да изгледаат епизода од задруга и да оговараат кој со кого се степал, кој со кого се заљубил или која учесничка ги покажала градите. За жал. И тоа нема да се смени во догледна иднина.
И тоа не е само на балканот. Во светот моментално најгледана емисија е Keep with Kardashians, а во останатите држави исто топ местата ги држат Big Brother и слични емисии. Овие податоци се за држави каде владее демократија, слобода на говор и слобода на избор каде што нема забрани. А нели сакаме да бидиме слободни граџани.
Да си одговорам сам на претходното прашање. Ако не се Пинк, Хепи, тогаш ќе бидат некои слични затоа што повторно ќе го сервираат тоа што народот го сака. А народот дефинитивно не сака да чита книги, да излезе во парк, да посвети внимание на децата и фамилиите и слични идеалистички замисли. Исклучоци не го прават општеството.