Z
zmej gorjanin
Гостин
Очигледно те исполнува кукање по форуми. 500 мислења доби, не знам што очекуваш, се се сведува на ако сам не си ги решиш проблемите, нит 10 психијатри нема да ти ги решат.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мислам дека целата твоја празнина во изминативе години е резултат на тоа што ти се немаш доволно "отворено" на никој за оваа личност. Пробај да се отвориш целосно на некој близок ако не? Или пак незнам, контактири ја личноста која тебе толку те има повредено што ти си веќе толку време во таква состојба. Според мојата проценка, мислам дека е бивша која те има напуштено не дека сакала, туку дека така требало да биде едноставно, преселба можеби шознам. Ако живееш во минатото како што велиш, пробај наврати се на моментите кои што те исполнувале тогај, можеби ќе се промени нешто. Незнам каков друг совет да дадам, затоа што не сум бил во таква ситуација како тебеАјде уште малку да појаснам како стојат работите. Тоа што сум долго во ваква психичка ситуација, не го бирам јас. Друга работа, неколку од претпоставките не се точни, да појаснам. Доколку би ме виделе во живо и би направиле муабет со мене, не би приметиле апсолутно ништо од ова. Ни на крај памет не би помислил некој дека се наоѓам во ваква ситуација. Пријатели имам, имам девојка моментално доволно долго што реално гледано мноогу би посакале да ја имаат, и многу би завидувале. Поентата е дека се што правам е само надворешна маска, механички, без воопшто да може да се примети нешто. Е сега, тоа што го имам внатре е сосема поинаку од тоа што се гледа однадвор. Вака се чувствувам веќе 5+ години. Работата е што буквално за ниту една работа немам искрена желба, не можам да чувствувам ништо, не ме погодува апсолутно ништо што се случува, сите реакции на работите ми се механички. Ништо не може да ме заинтересира, правам нешто еден саат и го баталувам, ретко кога можам да сум концентриран, немам нерви за многу работи. Сеедно ми е за работи за кои ни на крај памет не би требало да ми е. Тоа го чувстувам постојано, далеку дека сакам да е така. Нема работа што ме исполнува, што може да ме заинтересира, за која би рекол готово ова е тоа. Едноставно се ми изгледа без никаква смисла, без поента. Личноста ми е секоја секунда, минута постојано во глава, секојдневие, без можност да го контролирам тоа. Живеам во минатото, не забележувајќи и без никаков интерес за сегашноста или иднината. Инаку, кои се тие "напредно-спонтани" ако може појаснување? Опишувам како се осеќам, без да додавам или одземам. Дали е тоа рационално/добро/лошо е ирелевантно во случајов.
Очигледно те исполнува кукање по форуми. 500 мислења доби, не знам што очекуваш, се се сведува на ако сам не си ги решиш проблемите, нит 10 психијатри нема да ти ги решат.
Знам дека ме избриша од себе.. Се сеќаваш како ти викав секогаш дека чувствувам дека сме со конец невидлив во срцата поврзани, нешто Владо Јаневски стил демек. Еве тој конец стана толку тенок, скоро и да го нема. Кога и да ме извараше порано, знаев дека не е тоа тоа, дека секогаш во срцето ќе ти бидам јас. Сега не го мислам тоа повеќе. Ти станав само спомен, сеќавање што ќе го спомнеш некогаш, а ти мене ми остана тоа што секогаш ми беше и ќе бидеш, смислата на се. Јас досега успеав магично да си го заебам животот, да утнам многу работи. Ама за ништо не ми е жал толку, колку за тоа што се изгубивме ние. Некогаш мислам само дека постоевме ние само во мојата фантазија, ама не сакам да верувам во тоа. И што сега.. Знаеш, би ти простил уште сто пати да ме изневереше да останевме заедно, знам дека би било така, колку да се убедувам дека не. Уште илјада пати ќе се искарав со тебе, ќе ти набивав се на нос, ама немаше да се откажам од нас. Знам, со цела моја логика и рационалност, ова е надвор од умот. Ама што имам фајде сега кога не се чувствувам жив. Ме почитуваат, ме заслужуваат, ама џабе. Џабе кога сум мртов во себе со години. Смеата не е смеа, излегувањето не е излегување ако не заврши со солзи кај што никој не гледа. Ти беше единственото нешто што ми даваше смисла да станам наутро. Не сакаш да знаеш како е со години да се будиш и да заспиваш со некого во мислите и да се правиш дека се ти е океј. Никогаш нема да знаеш што беше(сеуште си) ти за мене. Како што и ти кажав ако се сеќаваш, не постои работа што ти можеш да ја направиш за да можам да те мразам или да не те сакам. Тоа е многу лошо, знаеш, кога некој ти е се или ништо. Сакав и јас да ти бидам тебе така, ама не се работите секогаш такви какви што ги посакуваме да бидат. Знам дека не можам да се излечам од тебе, осуден сум вечно да си ми во крвта. Што можам и што ми преостанува друго освен да ти посакам да бидеш среќна, еве со тој моментално, не е лош вака, терајте. Биди среќна секој ден, колку што сум јас несреќен. Само те молам едно, не ја дели "Fade to Black" со никого. Не го гледај "I Origins" со никој, никогаш повеќе. Отвори ја Игра во ржта, и потсети се на мене некогаш, прочитај ги детските стихови што ти ги имам напишано, знаеш со колку љубов се напишани. Кога и да ти треба љубов, отвори ја книгата само и прочитај ги стиховите, ќе ти биде подобро. Не знам веќе ни се што зборам дали има некаква смисла, го изгубив осетот низ времето.. Само ти остана непроменета во мене. Те сакам.
Извини, морав да го едитирам "збогум". Знам дека никогаш нема да го мислам тоа колку и пати да го кажам. Оти и кај оние на кои им се изброени деновите постои атом надеж, јас и ти повторно, во некој друг универзум со заборавени лоши случки, со нова шанса колку и да е бесмислена истата..
...е ајде де, колку е според тебе доволно долго? и кога ваква ситуација веќе ти се случува 5+ години, читав меѓу редови дека и толку си ја имаш и новата женска што на почеток НЕ СИ ЈА СПОМНАЛ, па сите мислиме дека патиш по љубовта што си ја изгубил, а веќе имаш ДОВОЛНО ДОЛГО нова љубов! ...јас мислам дека имаш проблем со твоето его, ете за малку ќе ме затепаш што не прочитав „внимателно“ меѓу редови твоето коментирање...имам девојка моментално доволно долго што реално гледано мноогу би посакале да ја имаат, и многу би завидувале.... Вака се чувствувам веќе 5+ години..
Ај пак ќе ти кажам, не те судам, и у право си не ми е ни гајле - бараш внимание. Очигледно на твоите блиски им се смачило да те слушаат. Не постои такво нешто ко некој да ти каже искуство и све магично да помине, а па човек до краен стадиум ко што ти пробуваш да се опишеш на долго и широко не си. И убаво ти кажаа, ако дошло до толку за девојката оди кажи и, само ја ако сум на твое место ако тоа го направам дури тогаш ќе земам ќе се утепам.Лесно е да судиш за многу работи, дури не поминеш самиот низ нив, така да не брзај многу со заклучоци. Одамна престанав да зборам за ова на најблиски пошто сфатив дека нема поента и не се чувствувам добро кога знам дека уствари замарам некој со моите муабети и скоро никој не разбира а и не му е гајле. Тоа дека сакам да "кукам"(лош збор али нејсе) по форуми е далеку од вистината, баш ради ова досега не сакав и немав отворено ваква тема. Никаде не спомнав дека со отворање тема сметам дека магично ќе ми се смени светот, уживај, далеку од тоа. Туку можеби дека ќе најдам еден збор, една реченица, едно животно искуство од некој што можеби ќе има некаква шанса да ми помогне некако, колку и да има малку надеж за тоа. Ако толку некој се осети дека за џабе пишува, слободно нека прекине. Исто и ако некој смета дека ваква тема е за џабе, може слободно клуч не е проблем. Али едно, се дури не си му во кожа и немаш поминато тоа што некој го поминал/го поминува, не брзај со заклучоци и не суди. Не мислам ништо лошо со постов, само да кажам дека сум свесен доста за работите, единствено што сакав е да слушнам анонимни мислења, толку. До @bijons : Очигледно го немаш добро прочитано постот. Прво, немам девојка пет години, туку многу помалку. Тоа што имам девојка, не ја менува реалноста. Тоа што имам девојка е еден од начините на кој пробав да ги намалам ефектите на ситуацијата, што не дава полза. Пробај да читаш малку меѓу редови.
има шанса твојата изгубена љубов да е член на форумот и ти индиректно и пишуваш нејзе, демек да те прочита ? а ние само сме тука овчички што пасимеМислам дека бев доволно јасен и со самиот наслов на темата "Психичко дно", али очигледно не сме се разбрале тука со некои членови. Може и за Честер што се самоуби да направиме чек листа, и да коментираме како му било совршено, но сите ја гледаат само надворешноста, додека внатрешноста ја знае само самиот тој. Јас се обидов да ја опишам внатрешноста така да мислам дека бев јасен. Да повторам уште еднаш, најмалку што беше целта на темата е барање на внимание или некакво сожалување, далеку од тоа. Незнам на кого му помага добиено внимание од анонимни ликови на форум, мене сигурно не. Доколку некој сака да го тврди спротивното, не можам да го убедам, нема ни да се обидам, можам само уште еднаш да појаснам и тоа е тоа.
Мислам дека бев доволно јасен и со самиот наслов на темата "Психичко дно", али очигледно не сме се разбрале тука со некои членови. Може и за Честер што се самоуби да направиме чек листа, и да коментираме како му било совршено, но сите ја гледаат само надворешноста, додека внатрешноста ја знае само самиот тој. Јас се обидов да ја опишам внатрешноста така да мислам дека бев јасен. Да повторам уште еднаш, најмалку што беше целта на темата е барање на внимание или некакво сожалување, далеку од тоа. Незнам на кого му помага добиено внимание од анонимни ликови на форум, мене сигурно не. Доколку некој сака да го тврди спротивното, не можам да го убедам, нема ни да се обидам, можам само уште еднаш да појаснам и тоа е тоа.
Добра фантазија, сепак не. Шансите за личноста да го прочита ова се многу блиску до нула, а воедно ни на крај памет не би сакал да се случи тоа. Ако се осети како овчичка што пасе, те молам немој веќе, префрли се на друга тема, благодарам за постовите досегаима шанса твојата изгубена љубов да е член на форумот и ти индиректно и пишуваш нејзе, демек да те прочита ? а ние само сме тука овчички што пасиме![]()
Искрено се разочарав, не беше госпоѓата нешто посебно заинтересирана за муабет, ми препиша лекови само и тоа беше тоа.Што ти рекоа на психијатар? Што доби ко дијагноза, мислење?
...не се љути, морам малку да те возам горе доле, лево десно ...вака ми изгледаш за доста стабиленДобра фантазија, сепак не. Шансите за личноста да го прочита ова се многу блиску до нула, а воедно ни на крај памет не би сакал да се случи тоа. Ако се осети како овчичка што пасе, те молам немој веќе, префрли се на друга тема, благодарам за постовите досега.