Психологија: Околу потсвеста

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Книгата, книгата, книгата, постови, постови, постови :icon_lol:.Вака сега ако некоја лага ја повториш и 1000 пати нема да стане вистина. Тоа за детето дека има проодено и покрај минималните шанси не е резултат на подсвеста или нешто слично. Туку е резултат на човековата воља и верувањето во себе.Не треба нешто да се повторува многу пати за да се обвистини туку треба искрено да се верува и делува. Пример за тоа се спартанците и битката што ни е прикажана во америчкиот блокбастер.Тие 300 луѓе успеале да задржат три дена десетици илјади персиски војници на тоа место. Нивниот тактички план бил да издржат што можи повеќе, за останатата војска која што била позади нив подобро да ја организира одбраната. И успеале во тоа со самото верување дека се непобедливи, и добро одбраното место на нивната одбрана. А замислете каков бил моралот на персиската војска пред, а како после таа битка. Се е во човековата мисла нејзината моќ е невероватна, и доволно неистражена.
 
Таа книга не е толку за читање туку за вежбање. Кај мене еднаш делуваше методата со замор на умот, само ми требаше пола ден интензивна концентрација да го направам умот сугестибилен. Оние што многу учат можеби ја постигнуваат таа состојба но не се свесни.

http://www.forum.kajgana.com/showpost.php?p=679136&postcount=24

Еве бе друже.

Фала богу,еден од ретките паметни на оваа тема.
Сите философираат,бараат докази,бла бла бла.
Не ми е јасно зошто мислат тие дека се фактор на кој ја треба да се испотам за да му докажам?Секој има право да верува во што сака.Ако тие нејќат да прифатат,и да им нацрташ,пак ќе бидат скептици.

Но,нели,едно од основните човечки права е правото на избор...
 
Knigata e komercijalno sranje spored mene - perenje mozok. Mokta na potsvesta...sto nema da izmislat...kade e naucnoto objasnuvanje za ovoj fenomen?! Jas, duri ne vidam logicno objasnuvanje potkrepeno so fakti ne veruvam!

Научно е докажано дека многу болести настануваат на психичка основа а дека со позитивен начин на размислување може да се третираат, и тоа. Секако не треба да се занемари медицинската помош, но од главата почнува се :) Исто и со успехот во животот, кој има повеќе успех, мрачните, тажните, повлечените или отворените, ведрите? Во секој случај не чекај објективна вистина, ниту таа не може да те убеди дека нешто е така како што е, само ти сам можеш, од лично видување подобро здравје. :smir:

Книгата, книгата, книгата, постови, постови, постови :icon_lol:.Вака сега ако некоја лага ја повториш и 1000 пати нема да стане вистина. Тоа за детето дека има проодено и покрај минималните шанси не е резултат на подсвеста или нешто слично. Туку е резултат на човековата воља и верувањето во себе.Не треба нешто да се повторува многу пати за да се обвистини туку треба искрено да се верува и делува.

Се сложувам со тоа, само спомнав дека токму тоа ми успеа еднаш, со замор го натерав умот да поверува во тоа во што му беше тешко да поверува, само тоа не би го нарекол банално повторување на исти зборови туку силна концентрација пред се. Може би можело да се нарече делување.

Арес, во ред е друже, но така е, всушност сите чекаме готови, објективни решенија, а нема ништо подобро од лично искуство, па може сосема да засениме и некоја објективна заблуда. Посилни од судбината. :smir:
 
Ја имам прочитано книгата...јас имам заклучок дека Џозеф Марфи е атеист


го делам мислењето со тебе, а биди и сигурен затоа што професорот филозофија ми го потврди тоа (го ценам неговото мислење секако) - голем дел од успешните луѓе на глобално ниво се атеисти!
во контекст на ефектите од книгава ако можам така да ги наречам ви препорачувам The Secret (постои и книга и филм), иако за Secret отворив тема ама не наидов на одобрување од одредени членови као у стил било забрането од некои цркви ова она, мада јас не мислам така али нема везе,
у главно со Моќта на потсвеста можат многу да ви го сменат погледот кон светот.
Учте една препорака на книга за позатворените, посрамежливите:
Емоционална Писменост - д-р Клод Стајнер
 
Моќта на потсветс е многу силна...важна е вербата во тоа дека тоа што ќе се замисли ќе се оствари во блиска или во подалечна иднина...но сепак најбитно е да ги отфрлиме сите сомнежи кои постојат во нас при замислувањето...исто така треба да се вежба со мислите..
 
очекувајте одговории наскоро & одкривање на мистеријата што ве мачи сите..

--- надополнето ---

Наскоро доаѓа краткиот опис од мојата нова книга Сребрениот Мост, со која ќе ви ги кажам научните & психичките доказии и најголеми извадоци за подобро разбирање на книгата.
Значи во Моќта на потсвеста не се зборува апсолутно за ништо надприродно, кој е доволно интелегентен да ја разбери ;)
 
Ja ne go sakam toj termin mok na potsvest.
Poveke su m za mok na svesta da ja promeni potsvesta.
A preku potsvesta sme povrzani direkno so Boga(ako e tocna kabalata):)
 
Јас сум љубител на книгите ама ова е една од најдобрите книги што воопшто ги имам прочитано, навистина ми помогна во многу сегменти од животот, а особено околу стравот
 
knigata e komercijalno sranje , ne deka se gluposti ,
aj sea da vi kazam ,
stvarta so toa , ako mislis na nesto sto go sakas , kje ti se ispolni .......
epa toa se vika """" law of Atrraction"'''' sto znaci gleavnata poenta na knigata e plagijat ...ima i dokmentaren film za toj zakon ,se vika " the secret ".

Да, али тоа не значи дека и самиот филм и книга "The Secret" не е плагијат на оваа книга... секој автор си има свое мислење за Законот за привлекувањето... затоа и има напишано книга Џозеф Марфи „Моќта на потсвеста“. Си го изјаснува своето мислење околу овој закон со аргументи, твое е е дали ќе ја прочиташ или ќе речеш и ова е плагијат на некоја си друга книга ;)
 
Ja ne go sakam toj termin mok na potsvest.
Poveke su m za mok na svesta da ja promeni potsvesta.
A preku potsvesta sme povrzani direkno so Boga(ako e tocna kabalata):)
Тоа ти е добар хинт. Потсвеста од таму се менува, т.е. потсвеста е можеби константна, туку нашата перцепција на неа.
А да не сме сите поврзани во Едно макар потсвесно, ќе можеме сите комотно да се испоколеме. Е, кога ќе го споиме свесното со потсвесното... тоа е совршенство.

очекувајте одговории наскоро & одкривање на мистеријата што ве мачи сите..

--- надополнето ---

Наскоро доаѓа краткиот опис од мојата нова книга Сребрениот Мост, со која ќе ви ги кажам научните & психичките доказии и најголеми извадоци за подобро разбирање на книгата.
Значи во Моќта на потсвеста не се зборува апсолутно за ништо надприродно, кој е доволно интелегентен да ја разбери ;)

И нема тука што многу да се разбира, тоа не е книга со хепи енд или што знам, таа е за вежбање. И како што вели Енергичен, така треба да се вежба и мисли, силно и енергично. Па секому според верата, и капацитетот :)
Од една книга Развој на интуицијата - молете се верувајќи, не кукајќи.
 
Луџе полецка. Свеста е поврзана со подсвеста, подсвеста сфаќа буквално, свеста суди. Подсвеста прима инструкции само во одредени моменти, свеста цело време, подсвеста не се двоуми за извршување на наредбата, свеста се двоуми, подсвеста реагира брзо кога треба (инстинкти и рефлекси) свеста знае да зезне за брзи реакции. Тоа е тоа, свеста има способност да планира, подсвеста да извади 200% од способноста на свеста (психофизичка).

Тоа што се збори во книгата на Марфи, односно поголемиот дел, станува збор за автосугестија, пласибо ефект и слично. Корисно е и ефективно. Само треба да веруваш во себе, ако не веруваш нема ништо да постигнеш.
 
"Моќта на потсвеста" ја најдов како предлог на форумов минатата година,ја земав и прочитав па сега можам да кажам нешто за неа.
Книгата ја прочитав во кризен период и првиот впечаток ми беше WoW ова ми треба мене.САМОДОВЕРБА која ја немав а книгава ми ја даде.Јас мислам дека книгава е доста корисна во овој поглед,ни дава верба и мотив да работиме на нешто што многу го посакуваме а немаме доволно храброст да помислиме дека тоа би можела да биде наша реалност..Во неа мајсторски се прикажани сите проблемии од животот на денешниот човек,па секоја нормална личност со проблеми би ја прочитала обидувајќи се да реши дел од нив.Примерите кои служат за поткрепа на самата цел на книгата исто така се многу добри и ни ја доближуваат реалноста во која живееме до моќта на потсвеста.Се согласувам дека само со молитви и со темпирање на мислите не се постигнува резултати.Овие техники си само дел од успехот.Треба да се делува пралелно.

Моќта на потсвеста ќе ја поврзам со моќта на фантазирањето хах:
-Па еве човекот сакал да полета и цело време тоа му било во мислите.Како да го изведе тоа,размислувал се трудел,пробувал и еден се нашол и го измислил авионот.
-Потоа како била потикната идеата за измислување на ракетата од некојси германец му го забораив името.Кога го прашале како дошол до ова,тој одговорил дека уште како мал си играв и си замислував како летам во вселената..и ете мечтата го довела до големото откритие.
-Интернетот,телефонот комуникациите,автомобилите,копмјутерите и интернетот сметам дека се истотака резултат не човековата фантазија,не се чудам и ако у брзо време враќањето на времето стане реалност.

Моќта на потсвеста од мое искуство е особено ефикасна во креирањето на нашата личност и карактер.Ми успеа доста да подобрам од негативните страни на мојот карактер следејќи ги тие методи,со секојдневно повторување,верба и работа.
 
Џосеф Марфи е далеку од атеист. Сите негови дела се поврзани со господ и виши сили. Зошто сите трето рангирани психлози мислат дека ги имаат фактите за животот и издаваат книги? Ако биле толку запознаени би можеле да станат едни од највлијателните луѓе во светот. Се гледа дека се е измислица, но не знам зошто Џ.М. би напишал 40 книги за потсвеста? Зарем за секое делче од мозокот извадил по милијарда книги?
Заклучок: Нема ништо реално во тојвид на книги
 
Дали подсвеста припливува во реалнот свет како позитива?

Aј да почнеме со полесно прашање што всушност претставува подсвеста?
И како можеме да ја контролираме на Пример
кога знаеме дека сме сигурни а сепак имаме страв во нас?
Дали тука има удел подсвеста?

Дали припливува во реалниот свет како позитива, мислам дека не. Барем според мене, не. Мислам, често има случаи кога за некоја работа не сме сигурни дали ќе испадне како што сакаме, ама сепак еден мал дел од нас не храбри и ни влева надеж, нешто ни кажува дека добро ќе испадне. Мислам дека овде делува потсвеста. Можеби и не знам, интуицијата, што е малце чудна работа. Ама, кај мене потсвеста мислам дека во повеќето случаи припливува како негатива, мислам за се што ми се случува колку и да се трудам позитивно да гледам на работите и се, пак еден дел ми вика а што ако не е добро? Што ако се зезнеш со оваа одлука? Секогаш тоа ми го збори. А верувам дека и во поголемиот дел од ситуациите самиот тој дел од мене е виновен за негативните последици. Значи, тоа мене ме прави песимист. Потсвеста ме прави песимист.

Мислам дека потсвеста е делот од нас што е секогаш искрен и реален. Колку и свеста да не сака да ја види вистината, потсвеста ја гледа. Свеста само не лаже, ни создава лажна слика за работите за да се чувствуваме подобро. За да имаме некоја надеж или нешто, ама потсвеста е обично таа што реално ни кажува, само ретко кога ја слушаме, затоа и правиме грешки. А има и подлабок дел во потсвеста што не можеме да го видиме. Па, затоа сонуваме чудни сонови, на пример, за кои не сме ни свесни како дошле до нас, кога воопшто СВЕСНО не сме ни размислувале за тие работи.
За контролата, мислам дека секој пат кога онаа мала птичка на рамето ќе ни шепне дека нешто не треба така, дека треба да ја послушаме, и нема да згрешиме. Често се наоѓаме во недоумици, ама ако ја слушаме, верувам дека нема да погрешиме, барем не во поголемиот дел од случаите. Зашто, гордоста, честа на пример според мене се наоѓаат во свеста на луѓето, тоа ни го мати умот. Сме научиле дека за ништо не смееме да ги погазиме. Ама, не сме научиле дека не се тие најважни, дека некогаш треба да се погазат, а некогаш со нивното газење ќе добиеме повеќе. И мислам дека многу мал дел од нас не се искрени со себе, и не се отворени, за жал. Зашто да се, многу полесно ќе ги решаваат работите. Не размислуваат за потскриениот дел од себе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom