Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Знаете какви луѓе се самоцитираат?
Самобендисани лигуши со комплекс дека никој не ги забележува.

Не е ова тема за дискусија. You know the drill.
Бараш анализа, те анализираат, одговараш на анализираното. Толку. Ако анализата не ви се допаѓа, ве навредува или ве клевети :))), пишете ми по пп, ќе ја тргнам (но и ќе морам да напишам на темава дека е тргната по барање.
За неупатените(и за да не се бришеме), треба да имате 500+ постови за да можете да барате анализа. Слободни сте да му направите анализа на некого, па тој ако сака може да ви врати.
Немојте да спамирате со барања да ве анализираат. Ако ве има два или повеќе пати на една страна, а никој не ви реплицирал дека ќе ве анализира, освен првичниот, сите последователни постови ќе се бришат. Затоа или стрпете се или спамирајте со анализи за други.

Зошто вакви ригорозни правила? Најмногу заради стара слава која е останата од времето кога темава имаше изградено реноме и на неа се пишуваа по десетина анализи на ден. Times have changed. И квалитетот на анализите не е веќе на така завидно ниво. Затоа, можеби треба да се разводенат и правилата. Па на крај да ја префрлиме темава во ЧДА. We shall see. :)

Дисиденти! :)

nemam namera da polemiziram ., so vaka supraegotripovi., koi neznaat sho i kako kazhuva shutrakot., ............e sega za shi....iii:rolleyes:., vo kratki crti samo vo edna rechenica analiza .,.......imash doma ama ti za,rgjala i potreben ti e nekoj., koj ke ti donese neshto sosema novo da te oraspolozhi i vrati povtorno vo zhivot.,.......ovoa smetaj go samo kako mal segment na analiza za tebe ., celosna i super skockana ti napravi stav., _., pusa:love:

shutrak, имам една интересна навика. Кога го разгледувам подфорумов и кога ќе видам дека некој член направил некаква грешка во пишувањето, утнал буква, не ставил запирка или некој сличен mistype, им го средувам постот за да личи на нешто. Ти пријателе, си официјално моја ноќна мора. На старт ти едитирав мислења, ама и јас сум човек бе, неможам веќе, ова е брутално...
Ај пробај, само пробај, да пишуваш кирилица. Еднодневен експеримент нека биде. Којзнае, може ќе ти напраи ќеиф. Ем и хуман ќе бидеш.
 
Драги Ставро и Сатори.Во овие мои скоро 3 години минати на форумов се фокусирав претежно на спорт и играчница кои ако добро прметувам не ги пратите многу.Поради тоа и некако ми беше глупаво да замолам некого да склопи било каква анализа за тоа што јас како Сашенко и Saseptt претходно го оставив како впечаток кај вас, или кај било кого.Можда тоа што дремев на спорт и на играчница зборува многу за мене, ама кој не ги прател тие теми, би му недостасувал еден многу битен дел од анализата.Денес низ муабет со еден колега од факултет, дојдовме до тоа како би ме опишал со три збора.Одговорот ме изненади многу, најискрено.Па се запрашав ако Сашко остава таков погрешен впечаток во живо (од тоа што се труди да биде, или мисли дека е) тогаш каков впечаток Сашенко остава на кајгана? Вие сте ми познати од форумов што го пратам, незнам колку сте читнале нешто од сашко ама ако еве немам многу оставено за целосна убава анализа како за некои други што се има направено, тогаш каков впечаток оставам онака како лик на форумов? Имам пишувано и по други теми, не сум бил ептен ограничен на спорт, и ме интересира она најминималното.Каков впечаток остава Сашенко на форумов? Каков лик е според вас? Сеирџија? Паметњакович? Идиот? Провокатор? Некој што према тоа што го пишува овде, ни од далеку не би можел да биде таков надвор од форум? Знам многу малку луѓе од форумов надвор, и мислам дека и тие ме доживуваат како Сашенко, ама каков е Сашенко на форум според вас? Ми се засвиѓа ептен начинот на кој што го правите ова, па затоа вас ви се обратив, за една мала пажња и да се сетите ако некогаш од мене прочитавте нешто, што помисливте за ликот што се крие зад овој ник?
 
Леандра
По долго време конечно да издвојам малку време да мавнам една психоанализа на форумската легенда Леандра, беше тука првпат кога се зачленив на Кајгана, откако се реактивирав во скоро време таа сеуште беше тука.
Читам така претходни мислења за да извадам неколку реда анализа и првиот заклучок што ми се наметнува е дека Леандра нема материјал за жута штампа. Затворена е, можеби и срамежлива мада не ми иде ова второво. Секој донесен заклучок е резултат на индиретни заклучоци ценејќи го секој одделно и сите постови заедно.
Затворена и промислена, феномен, толку активна на тема љубов и секс и на останати теми, дава совети и се ама ретко тргнува и спомнува сопствено искуство и сопствени ставови. Така да емотивниот и љубовен живот на Леандра останува енигма. Ако веќе нешто би спомнал, би рекол дека можеби е малку прагматична шо се тиче љубов, можеби има моменти кога треба да мисли со срце наместо со глава. На поле љубов и секс дефинитивно повеќе би и залепил етикета либерал наместо конзервативец, крие таа лавица во себе. Исто така, кој сака да ја ќари девојкава нека се откаже од контрола. Никој не ја контролира Леандра и точка. Што не доведува до следната точка на психоанализата – амбициозноста.
Леандра е амбициозна до коска- само погледнете кој е главен шериф во тема економија. She knows her shit!!! Секое мислење и е како од учебник, а сепак поткрепено со статистики но и искуство од реалноста. Уверен сум дека таа ептен вложила во своето школување, т.е и влегла на економијата со клизачи. Млада е а сепак има сопствена фирма. А сепак отворена е за дискусија и спремна е да прифати туѓо мислење меѓутоа само ако е образложено. Економист е и работи врз база на факти и статистички податоци. Сума сумарум, амбициозна девојка која највеќе од се ја цени својата независност и решена е по секоја цена со сопствена пот и труд да успее.
Sarcasm helps keep you from telling people what you really think of them- Сарказам, главното оружје на Леандра. Карактеристика која е присутна без разлика на која тема се работи и е нејзин начин за справување со човековата глупост, барем според моја претпоставка. Така се празни. И добра е во тоа, добро се иам насмеано на некои нејзини постови. Дефинитивно е квалитетен човек за муабет, но треба да исполниш два услови- да знаеш што збориш и да не го претвораш муабетот во нешто лично и да почнеш со навреди. Уствари со леандра, можеш само да пробаш да навредиш.
Кога сме веќе кај нејзините постови, освен ако не станува збор за тема економија каде од срце ги брани своите ставови и упорно се обидува да ја докаже неточноста на партиските агитатори, Леандра штеди букви. Нема многу филозофии, јасно и концизно со неколку збора ја доловува поентата што сака да ја постигне. Не сака многу да пишува ама и во живо не е некоја што сака да се истакнува како гласноговорник. Леандра е повеќе слушател. И анализатор. Имав прилика да ја запознаам во живо и додека сите беа заглавени во некој безвезна кафанска дискусија, во неколку наврати ја фатив како скенира од страна. Ама и добар слушател е. Не е некој што ќе те гледа како теле во шарено и мајмучниња ќе му лупаат чинели во глава. Навистина те слуша и тоа што ке го добиеш како фидбек е секогаш квалитетно кажан збор.
Следниов заклучок е чиста претпоставка и тргнувам од онаа старата- не дирај лава док спава. Делува некако кул во секој пост, ама некогаш на моменти ми е премногу мирна. Моја претпоставка е дека станува збор за човек кој тешко можеш да го извадиш од такт ама ако веќе ти успее тоа подобро бегај. И има краток фитил што се тиче човекова глупост и глумење шериф на форум. Али најверојатно тоа си оди со звањето модератор.
И покрај сета нејзина затвореност( на балканот живееме , највеќе не интересира тоа шо не треба да не интересира) сепак таа е човек за дружба. Ми текнува на собиранка сама дојде да се поздрави. Ненаметлива и спонтана, се осеќаш опуштено онака со нејзе. Меѓутоа треба многу повеќе од тоа за да ти стане вистински пријател од доверба. Девојката некако ко да нејќе премногу да се врзува, незнам таков некој впечаток имам дека позади цела таа иницијална отвореност лежи некој невидлив одбранбен штит создаден од животното искуство. Мислам дека е многу помека од внатре него ли што изгледа од надвор.
Друго не знам што би издвоил, а да...премногу едноставна за девојка. Изненадувачки за девојка, барем тргнувајќи по тоа што го пишува, функционира на принцип црно и бело, нејќе многу сиви нијанси, нејќе додатоци. Сака работите да се чисти и на виделина.
И се обидувам да укапирам какво значење има аватарот- Одамна и е, верувам дека од икс причини се поврзува со него ама незнам како...станува збор за сензулана и сексапилна бринета со израз на лицето како да во секој момент ќе доживее оргазам. Хм, може станува збор за суптилно прикажување на лавицата што ја зборев преескаJ))))
Како и да е толку од психоанализава, се надевам дека нешто погодив. Не е дека нешто пробав да навлезам во психа и да ѓаѓам у слаби тачки. Искрено не се ни обидов, некои работи сакаш да не ги покажеш можеби пред другите и јас ќе го почитувам тоа.

леандра, чекам искрена, саркастична и без влакна на јазик критика за психоанализава- баш во твој стил.

ПС- Психоанализава е пишувана три пати. Два пати ми пропадна зарди врвниот интернет на Кејблтел. Ама третава некако најдобра испадна:)
 
Одамна немам влезено во ова катче, поготово откако егобустингот отиде во ЧДА темите полни со реплики one picture, million words. Или како што вика Мас)) досадните за него па и за мене членови. Не за друго, freakin` тешки се за анализирање – премногу се потонати во масата и не се разликуваат еден од друг.
Него... јас да си почнам со анализата која ја ветував ко Преродбата у 100ка. На тапет го ставаме POWER-MKD човекот кој у живо го имам видено повеќе од сите негови постови заедно сосе оние на профилот. Е па одиме сеа вака...
Power да го знаете на форумов, ќе си мислите е еден тежок џандар пун со принципи, некој тежок by the book тип кој не се дрзнува да прекршува никое правило. Well guess what? Deep inside he has many rules. Со други зборови тој е либерален во смисла на ислушување на туѓото мислење, но сопственото секогаш го зачувува за себе. Рецимо праиш муабет со него за филмови. Ти викаш Кидманка е цура ипол и сеа он нема никад да рече не бе треба то да се убие, ороспииште тешко. Ќе рече – да бе, шо и фали, ама.... АМА.... Секогаш тоа мало зборче го осеќаш кога муабетите не ви се на исто рамниште. Значи, слуша и дослушува но многу тешко го менува своето мислење. Тоа го прави добар соговорник, но тежок за доведување на дебата со два спротивставени краја. Интересното е што ако се` повеќе го запознавате, повеќе добивате на разговор на дебатата со два спротивставени краја. Со други зборови, што повеќе ве знае тоа повеќе е отворен да го искаже своето мислење на виделина. Мада има и некои свои идеи кои ги вади на послужавник уште од прво упознавање. Као покажување на лимитот до каде има експонирање.

За него важи она, „For everything there`s a season, and a time for every purpose under heaven“. Значи се води според Аристотел. Се` си има своја етикета, свое катче, свое време. Прифаќа многу од човековата природа. Едно солидно парче на егзистенционализам обвиткано во принципите на неговиот живот. Прифаќа, но ако не му одговара, не се обидува да се прилагодува многу многу. Интересно е неговото наметнување на спротивното мислење. Тој нема никогаш да наметне мислење по пат на агресија или блиц криг тактика. Ќе го изанализира тлото по кое чекори, ќе ги избори своите трупи и суптилно ќе изврши саботажа во непријателските редови. Ефективно но бара повеќе време. Затоа има многу пријатели, неколку навистина блиски, и многу познаници кои можеби некогаш ќе му станат непријатели, но тоа е по нивна кривица, како они ќе ја проценат ситуацијата. Тој со никој не би се скарал доживотно. Нему му е потребно друштвото, со него се осеќа исполнето. Значи иако е личност која живее по свои сопствени принципи и ретко се менува, друштвото му е потребно да надогради уште многу кај себе.

За сопственото расудување, повеќе е потпрен на разумот отколку на сетилата. Емоциите ги крие во себе. На професионална база изгледа ладнокрвен но честопати знае да отскокне од правилото и да направи еден вид на пријателски муабет или као енглезите би рекле – small talk. Го бива за ова. Знае многу добро да проценува карактери, да се вметне во муабетот. И тука многу добива во дружбата.
Од една страна неговата смисла на водење на муабет, од другата неговата затвореност и суптилност на наметнување на своето мислење.

За љубов сеа... За него љубов е моментот. Пак егзистенционалзам, т.е. моментална состојба. Deep inside е романтичар. Не у стилу на матерјално, повеќе на духовно. Времето повеќе од местото, зборовите повеќе од постапките.

Да го познавате Power, е како да познавате човек полн со принципи. Но дали навистина можете да го познавате така добро? Не. Тој има свои доблести, како верност, доверливост, принципи кои никогаш не би ги прегазил. И маани како инаетот, некогаш филуваните комплименти кои ве ставаат во мислење.И секогаш ќе има нешто што ќе го интересира човека да го запознае подобро. Но тоа е едноставно Power mkd и тоа го прави таков, уникатен, различен од остатокот на масата. И за мене добар пријател.
 
Со други зборови, што повеќе ве знае тоа повеќе е отворен да го искаже своето мислење на виделина.

За него важи она, „For everything there`s a season, and a time for every purpose under heaven“. Значи се води според Аристотел. Се` си има своја етикета, свое катче, свое време. Прифаќа многу од човековата природа.Прифаќа, но ако не му одговара, не се обидува да се прилагодува многу многу.
Тој нема никогаш да наметне мислење по пат на агресија или блиц криг тактика. Ќе го изанализира тлото по кое чекори, ќе ги избори своите трупи и суптилно ќе изврши саботажа во непријателските редови.
Тој со никој не би се скарал доживотно. Нему му е потребно друштвото, со него се осеќа исполнето.

За сопственото расудување, повеќе е потпрен на разумот отколку на сетилата. Емоциите ги крие во себе.
Знае многу добро да проценува карактери, да се вметне во муабетот. И тука многу добива во дружбата.
Тој има свои доблести, како верност, доверливост, принципи кои никогаш не би ги прегазил. И маани како инаетот, некогаш филуваните комплименти кои ве ставаат во мислење.
Си ме погодил ко пијан у кафана, мило ми е :)
 
Кандидат некој за да му чепкам по постови и да правам неверодостојни претпоставки? :)
Досадно ми е. А темава е умртвена.
 
Кандидат некој за да му чепкам по постови и да правам неверодостојни претпоставки? :)
Досадно ми е. А темава е умртвена.
Ај пробај кај мене....најлесно е....(прост,сељак,забеган,тежок трол...и сл):)
 
Кандидат некој за да му чепкам по постови и да правам неверодостојни претпоставки? :)
Досадно ми е. А темава е умртвена.
ajde na shutrakov ., ama onaka bez vlakna na jazik., ako si raspolozhena,,,ili nikoj ne me esapi,,,:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom