Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
wot ќе ме извиниш сеа ама џимеј ојт преку ред по Охридска линија:wink:

џимеј

Џимеј пред се би го опишала како емотивна личност.Ги искажува својте емоции без воопшто да се срами.Значи е еден од најискрените личности на форумов.Не е бунтовник туку баш смирено дете кој скоро секогаш постапува многу интелектуално.

Преку к*р му е од некој дечишта кој не виделе ништо во животот а се жалат за се и сешто,како животот им бил катастрофа и слично.Значи не сака кога личностите се сожалуваат па затоа тој самиот никогаш не се сожалува.Баш е горд на тоа што е и на тоа што до сега го има постигнато-се сака себе си.Освен тој што си се сака него го сакаат и пријателите.Си има оформено голем круг на пријатели и секогаш е тука за нив да им се 'исповеда',заедно да се смеат,да дискутираат на различни теми(или да им позајми некој филм:smir:).

Мисли и дека најголемо разочарување можеш да добиеш баш од најблискиот,од оној на кој си му кажувал се и си делел се,но сепак најлошо е ако се разочараш од самиот себе.Освен неговите пријатели кој му го прават животот прекрасен тука е и љубовта.Знае да сака искрено.Не се потсмева на туѓите сништа и чувста.Романтичен е.....Посебен е......Баш затоа што толку верува во љубовта никогаш не би простил неверство без разлика колку е заљубен.Значи знае да вреднува,да цени и секогаш зборува од срце.

Голем впечаток ми оставиле сите негови постови,неколку пати сум се навраќала на нив и сум ги читала по повеќе пати се до еден ден кога...
Јас најново сакам да се запознам со --BON JOVI---, пред да ми оди на игнор листа.
:wink:

Никогаш не дознав зошто ваквата реакција ама нема врска.Јас него сеуште го гледам како еден од најинтелектуалните и на моменти и најсериозните членови на форумов.Смета дека несериозноста и лекоумните личности само го закочуваат општеството вo кое живееме.
Животот го сфатил како нешто што треба добро и разумно да се искористи.Шанса да се докажеме и да ги покажеме нашите квалитети.

Еве џимеј ова беше нешто на кратко за тебе.Се надевам ќе ти се допадне:pipi:
 
гладиус

Предговор:
Кајгана е едно глобално село со tomslayer-и и ada-и, никогаш не знаеш на што ќе наидеш. Јас наидов на тебе тек кога стана зависен од жолтицава, а ти уствари си наишол на неа уште во Лето Господово 2008. Види, не сум расположена да тупам многу, да барам влакна во јајце или да измислувам, затоа ова ќе биде исклиширана=полна со пофалби анализа. А и зошто да не биде?

Говор:
Си имам работа со голем филантроп, прво нешто што можам да го наведам како твоја етикета. Наспроти капиталистичката "Човек на човек е волк", Гладиус размислува по принцип на "Човек на човек е пријател" и гради еден култ кон целата работа т.н. другарство, базиран на 2 негови тези/аксиоми:1. Вистинското другарство е вечно. 2. Секако дека постои другарство меѓу машко и женско.
И тука замислуваме уште пар образложенија кои Гладиус вешто ги составува за да докаже поента и да те стави во тесно(ќоше) и да речеш: Да, признавам, во право си! :)
Шала. Држењето до својот став е глупо само ако ставот е глуп. Мој впечаток е дека повеќе образложува за да испровоцира правилно размислување кај луѓето, отколку за да докажува тупејќи се во гради дека он е во право и точка. Сака да ве поучи детево, слушајте.

Пак доаѓам до тоа дека Гладиус верува во луѓето во нивната разумност, длабочина, повеќедимензионалност и желба за разбирање (Not my style, but still...). Би играл нечесно=би заебал некој само ако тоа е одмазда за некоја голема работа. Невозможно е да не се разочараш одвреме-навреме од луѓето кога веќе им ја даваш твојата доверба и лесно се зближуваш. Не би ти рекла пази, ти си паметно човече. Плус, имаш на ум дека можеш да откриеш и да цениш прав/добар/рандом особина човек ако претходно си сретнал секакви, па знаеш дека хомо сапиенсот е неконстантна, комплексна и лицемерна природа. За последнава особина, не ме убивај ама воглавно јбтовките се обично фини, од друга страна големи трачарки.

Типичната шаблон реченица: Иако имаш само _16_години, ти имаш изграден став. Дополнение: И продлабочувај го до бескрајот, прави го уште поправилен, и после некоја година, со една концизна реченица, исцрпувај ги темите, онака фраерски. Биди добрата верзија на Бада Бинг. Не го заборавај ова.:)

Се гледам себе кога гледам како сестрано филозофираш, како посветено креираш прози и како налудничаво ставаш слика од DNA на профил. :)
Значи, ваљда gladius-от, мечот, е амбицијата и знаењето кое те турка напред и со кој се пробиваш во светот.
Тука би додала дека малце повеќе отколку што треба сонуваш(или имаш врски на факултети), ама никој нема право да руши соништа, на крај краева тие ни ја држат главата горе.

Гладиус е анти-емо, ама голем емотивец. Ова го заклучив уште кога видов како на Драга и` пишуваш дека ја сакаш.:)
Немој да дозволиш рано во врска да почнат да ти излегуваат емоциите од уста и типката да си ги дигне акциите, биди мистер cool and funny на почеток. И така.
Коментар:_________________ .
Бебуш и Луси Лу ми се следни пациентки, потоа ја затворам ординацијава, привремено. :back:
Ps. Да бе, да не сакаш и поговор? :)
 
SSS-Stolica

Eден од форумџиите со кои сум најблизок... За виртуелниот свет зборам. Често правиме муабет на MSN и горе-долу знам каков е... Лесно можеме да заклучиме дека има многу добра душа. Не прави лошо на другите, затоа што знае дека тоа не е во ред, не сака да му прават лошо на него. Во многу ставови и размислувања за животот воочив дека најчесто размислува како зрел човек, доста е поголем во размислувањата од неговите врсници и сфаќа 100% како функционира овој ебан свет. Исто така, неговите ставови се доста цврсти и ретко кога попушта, често и не е во право, затоа што треба и мора прво да размисли дали е во право.

Кога се во прашање размислувањата околу самиот себе... е тука многу се потценува, мисли дека секогаш другите се подобри од него, а не ни сака да размисли и да сфати дека тоа не е така. Често паѓа во депресија и не сака да прави ништо освен тажно да размислува за некои работи, доста лоша особина. Не смее тоа така да биде и мислам дека го знае тоа. Брзо се откажува кога се во прашање некои работи, еве на пример љубовта. Заљубен е во едно девојче, таа сакала друг наводно и тој веднаш паѓа во депресија, веднаш мисли дека е грд, недостоен за неа и така натаму, што нема врска. Доста искрен е, еве на пр. ми кажува работи коишто јас не би ги кажувал на луѓе со кои лично не се знам. Не провоцира, не си ја бара бељата, тој едноставно е.. прав и добар другар. Знае да сака со целото свое срце и заслужува да биде сакан.

Ме радува тоа што не е како нашите врсници, кои што почнаа да живеат во свој свет и да се замислуваат посебни... доста реално согледува некои работи, кој ретко на 15 години би ги согледувал така.
Понатаму... Голем и прав навивач на Вардар и Манчестер Јунајтед е и еден од најголемите патриоти на форумов, не сам како многу што велат: ,,ЈАС СУМ ПАТРИОТ’’, туку за Македонија душа дава, знае да се радува на успесите и да тагува за неуспесите и во спортот и во животот, општо земено.
Го сака ракометот, има талент за тоа, исто така и убава поезија пишува, тоа го откри пред некој ден. Спортува, често покрај Вардар и... не ги поднесува цигарите, т.е. чадот од цигарите.

Павел многу повеќе би уживал во животот ако биде малку поголем оптимист, односно реалист, не треба да биде песимист и толку многу да се преценува, да мисли дека му се руши светот, што не е така.

Cè на сè, го ценам како сајбер-другар, често знаел да ме расположи и да ми даде некој добар совет...
 
Некој да ми направи мене ако не го мрзи:):pipi:
 
Некој да ми направи мене ако не го мрзи:):pipi:

I take the challenge.
Ова ми е прва психоанализа што му ја правам на некој, се надевам нема да ми замериш ако направам голема утка:)

П.С. Не ти ветувам точен датум зашто ќе бидам презафатен викендов, ама за неколку дена ќе биде готова.До кај вторник-среда негде:)
 
ПараноиК

Леона е девојка која многу ја сакам. Колку и да се прави лоша, во душата е многу добра и мила. Знае што сака и најчесто го добива. Тинејџерските проблеми се карактеристични за неа, но често мирно ги решава, останува ладна во многу ситуации и не се замара и нервира за некои непотребни мали нешта за кои другите се нервираат. Колку и да останува ладна, таа ги сака сите и има срце за сите.
Знае да ужива во животот и да го живее, да се смее, да тагува, да биде среќна и тажна... И таа е доста искрена и реална и не се преценува никогаш. Слабо верува на луѓе што не ги знае доволно добро (ова од искуство :icon_lol:), но така треба...
Сака секојдневно да запознава нови луѓе, другари... Едноставно си го прави животот поубав, другарството и е можеби најважниот дел...
Некогаш и таа зрело, два пати размислува пред да постапи. Ретко лаже, тоа се дешава ептен кога мора и кога таква е ситуацијата, заебана.
Кај неа многу ме нервира тоа што пуши... цигари. И не може да се одвикне. Еве, во таа заебана ситуација сите ги лажеше дека се одвикнува, а тоа немало врска.
Леона е многу емотивна девојка кога убаво ќе изанализираме... Знае да сака и да мрази, но многу повеќе знае да сака у секој случај.
Ги мрази оние кои што ја учат како треба да живее, што да прави, што не, што и кажуваат дека никогаш не е во право и така натаму... Но, таквите сите ги мразиме.
Слабо прифаќи сугестии и ретко кога го менува ставот, макар сите мислеле спротивно од неа.
Многу интелигентно и паметно девојче, ретко можеш да ја заебеш, а таа да не сфати и врати.
Знае да ги цени и ги сфаќа луѓето околку неа, се радува кога тие што ги сака се среќни и расположени...
Знае да биде сериозна и да прави сериозен муабет, иако на прв поглед можеби не изгледа дека тоа е така...
Не знам кој би можел неа да ја мрази, за другарка (а можеби и нешто повеќе) е совршена, неодолива.
Стварно ептен ја сакам и ценам како личност... :wub:
 
Aрхангел оф дет

(ова ми е прва анализа така да 100%е катастрофа)
Како што читам чоеков е болен по метал песните,иако незнам зошто.Ептен дружељубив човек од Прилеп кој е во добри односи со сите на форумов.Истотака по едно девојче му бега умот цело време,многу си ја сака.Се впушта во се а љубовта знае да го повреди многу.Тешко преживува разочарувања а посебно во љубовта.
Незнам зошто ги мрази раперите и турбо фолкерите.Тие се луѓе со свои вкусови и карактер кои ги привлекува таква музика.Се гледа оддалеку дека е расположен за нови пријателства кои се кршат поради музички расправии.
Ептен е интересен да се запознае,директен е и се ти кажува во лице.Тоа ми се допаѓа.Се грижи за тие што ги сака а другите лесно може не сакајќи да ги повреди.Цело време е на темите за музика и сака да ги анализира другите(мене не може).
Како што кажуваат другите е многу искрен , што е една одлична особина кај луѓето.Мене ми остави впечаток како човек што сака шега ама до умерена граница,исто така сака доза на озбилност во постовите.Незнам дали го интересира фудбал но не би го истакнал како анти-спортиста.Си го сака многу својот град со сите свои убавини.Не е патриот а знае да ги процени другите личности.Друго не ми текнуе јебига.Се надевам за некоја недела ќе има продолжение на ова анализа.:helou::toe:Поздрав другар..
 
Прво да се извинам што го анализирав џимеј пред тебе ама ти рече дека ќе почекаш,а него му се брзаше.:smir:

wot

Личност која ја препознавав по аватарот и годините(ама сега ми го мена аватарот:nesum:).Те имам читано многу пати.Сфатив дека си многу пријателски расположен.Освен друштвото што го имаш околу тебе како сите тие да не се доволни имаш и многу виртуелни другари.Значи си отворена личност која лесно склопува пријателства.

Времето кое го имаш не го користиш максимум,но тебе ти се допаѓа таквиот начин на живот и се чувствуваш исполнето.Дури и кога ќе бидеш повреден не гледаш одма да вратиш и да наштетиш на некому,не си злопамтило.
Кога некој ќе ти се довери знаеш да чуваш тајни.Не сакаш никој да разочараш или пак да ја прокоцкаш довербата која некој ја има за тебе.Затоа не брзаш кога зборуваш.Пред да кажеш нешто знаеш дека треба да размислиш два пати.Сепак со луѓето најчесто се однесуваш на начинот на кој тие се однесуваат со тебе.

Не ни пробуваш да бидеш она што не си.Значи природното е најдобро не носиш никаква маска за да им се допаднеш на луѓето.Едноставо секогаш си свој и заради тоа тие и те сакаат.
Нешто што најмногу ми се допадна кај тебе е романтиката.Не сум многу по романтиките но за секој пост што го имаш напишано во 'Во врска со љубовта сакам да ти кажам дека.....'ти симнувам капа.Пишуваш од срце.Можеби и не ги кажуваш своите емоции и ги криеш во себе
Неможам ни час без тебе бе, златна. Колку и да е романтично и слатко, несакам да го знаеш тоа.
Љубовта знае и да повреди.Ти пак умееш така психичка болка да ја чуваш во себе,да ја игнорираш како да не постои.
Сега почнуваш да созреваш а за овие 17 години си навистина многу интелегентен.Браво!Само така продолжи.

Ете.Не е многу опширно ама само тоа успеав да извлечам.Се извинувам уште еднаш.Се надевам ќе ти се допадне:pipi:
 
Не се извинувај, супер е. 100% е точно.
Немам ни забелешки, ама аватарот ке си го вратам. Само да ми помине моменталната опседнатост со Клинт Иствуд.
Благодарам.:smir:
 
Ќе можит мене некој да ми напрајт?Некој...кој било:smir:
 
SSS-Stolica

Eден од форумџиите со кои сум најблизок... За виртуелниот свет зборам. Често правиме муабет на MSN и горе-долу знам каков е... Лесно можеме да заклучиме дека има многу добра душа. Не прави лошо на другите, затоа што знае дека тоа не е во ред, не сака да му прават лошо на него. Во многу ставови и размислувања за животот воочив дека најчесто размислува како зрел човек, доста е поголем во размислувањата од неговите врсници и сфаќа 100% како функционира овој ебан свет. Исто така, неговите ставови се доста цврсти и ретко кога попушта, често и не е во право, затоа што треба и мора прво да размисли дали е во право.

Кога се во прашање размислувањата околу самиот себе... е тука многу се потценува, мисли дека секогаш другите се подобри од него, а не ни сака да размисли и да сфати дека тоа не е така. Често паѓа во депресија и не сака да прави ништо освен тажно да размислува за некои работи, доста лоша особина. Не смее тоа така да биде и мислам дека го знае тоа. Брзо се откажува кога се во прашање некои работи, еве на пример љубовта. Заљубен е во едно девојче, таа сакала друг наводно и тој веднаш паѓа во депресија, веднаш мисли дека е грд, недостоен за неа и така натаму, што нема врска. Доста искрен е, еве на пр. ми кажува работи коишто јас не би ги кажувал на луѓе со кои лично не се знам. Не провоцира, не си ја бара бељата, тој едноставно е.. прав и добар другар. Знае да сака со целото свое срце и заслужува да биде сакан.

Ме радува тоа што не е како нашите врсници, кои што почнаа да живеат во свој свет и да се замислуваат посебни... доста реално согледува некои работи, кој ретко на 15 години би ги согледувал така.
Понатаму... Голем и прав навивач на Вардар и Манчестер Јунајтед е и еден од најголемите патриоти на форумов, не сам како многу што велат: ,,ЈАС СУМ ПАТРИОТ’’, туку за Македонија душа дава, знае да се радува на успесите и да тагува за неуспесите и во спортот и во животот, општо земено.
Го сака ракометот, има талент за тоа, исто така и убава поезија пишува, тоа го откри пред некој ден. Спортува, често покрај Вардар и... не ги поднесува цигарите, т.е. чадот од цигарите.

Павел многу повеќе би уживал во животот ако биде малку поголем оптимист, односно реалист, не треба да биде песимист и толку многу да се преценува, да мисли дека му се руши светот, што не е така.

Cè на сè, го ценам како сајбер-другар, често знаел да ме расположи и да ми даде некој добар совет...
леле пер 95% си ми опишал,си заборавил да кажеш дека сум срамежлив:kesa:
:zver::zver::zver:
 
Поради тоа што ми се откажаа вечерашните активности и им излезе во пресрет слободно време, се решив да ја склопам вечерва психоанализата за maca_kaka'.

So, maca_kaka'.

Еден од највеселите и најинтересни ликови за читање од форумот.
Маца претставува 1/3 од фамилијата Росонери, верните и горди братучеди што навиваат за Милан:)
Уште откако ќе го погледнете нејзиниот ник, ќе сфатите дека станува збор за девојче кое е зависник од спорт.Навива за Милан, и во добро и во лошо е со него.Тоа убаво се виде овие неколку недели, откако прво се најавуваше дека нејзниниот омилен Кака' ќе замине од Милан, а потоа и дебаклот дома од Вердер.И покрај тоа, Маца продолжи да навива за Милан, а тешко и дека ќе го смени тоа во иднина.Милан е нејзиниот живот како што може да се види од потписот.
За жал, од аватарот не може многу да се открие за неа, зашто не по нејзина волја, во наредните неколку недели ќе ужива во неодоливиот Кристијано Роналдо:)
Тоа што не се откажа од Милан открива една нејзина особина, а тоа е истрајноста.Маца трпи доста препреки и доста е упорна.Не се откажува од своите замисли кои со напор успева да ги оствари.Секогаш гордо го искажува своето мислење, а со тоа им дава до знаење на другите дека има цврст карактер и не отстапува од своите идеи.
Неизмерно ја сака Македонија и присуствува на секој настан каде што може да има свој придонес.Не пропушта меч каде што игра македонската репрезентација, било тоа да е фудбал, ракомет...Покрај најдобриот/најубавиот/најслаткиот/најголемиот/единсвениот Кака', друг омилен спортист и е Кире Лазаров.Сликата со него гордо и стои во галеријата, а сите други кои викаат дека Кире ги гледа нив љубоморат затоа што ја немале шансата на Маца да се сликаат со лидерот Кире:)
Маца има многу добра душа, сака да помага и е многу грижлива.Делиме една иста особина, а тоа е љубовта кон животните.Очигледно најмногу ги сака папагалите и постојано гледа како да му угоди на својот љубимец.
Ужива во поп музиката, претежно во изведбите на македонските поп пејачи.Омилен и' е се разбира, нашиот единствен Тоше.Марија е огромен фан на Тоше, не знам како стои со домашната колекција, ама претпоставувам ги има сите албуми во оригинално издание, и има одено на повеќето од негови концерти:)
Маца исто така е Драга Кајгана зависник, сака редовни да се исповедува за нејзините дневни активности, да се пофали што направила, или да пише некој ред каде ќе си ги олесни маките.Сето тоа е во ред и човечки, секој од нас има потреба од тоа да си ги искаже емоциите, макар тоа било и интернет форум:)

Ова е сето што можев да го извлечам од постовите и се друго од форумот, и од она наше кратко запознавање на собиранката во Ало Ало.
Се надевам ќе ти се допадне, мислам дека не е толку лошо како за првпат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom