пробистипка
малечка
- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 2.026
- Поени од реакции
- 130
Ако има некој што има прелив на фантазија и желба да ми направи мене анализа

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ќе можит мене некој да ми напрајт?Некој...кој било:smir:
моожам нешто да се обидам ко за првпат некоја импровизацијаАко има некој што има прелив на фантазија и желба да ми направи мене анализа![]()
Ќе можит мене некој да ми напрајт?Некој...кој било:smir:
сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам
Иако Зац направил не те одбивам ни тебе, ако сакаш ако имаш желба бујруммоожам нешто да се обидам ко за првпат некоја импровизација, ако сакаш ...
Предговор:
Кајгана е едно глобално село со tomslayer-и и ada-и, никогаш не знаеш на што ќе наидеш. Јас наидов на тебе тек кога стана зависен од жолтицава, а ти уствари си наишол на неа уште во Лето Господово 2008. Види, не сум расположена да тупам многу, да барам влакна во јајце или да измислувам, затоа ова ќе биде исклиширана=полна со пофалби анализа. А и зошто да не биде?
Говор:
Си имам работа со голем филантроп, прво нешто што можам да го наведам како твоја етикета. Наспроти капиталистичката "Човек на човек е волк", Гладиус размислува по принцип на "Човек на човек е пријател" и гради еден култ кон целата работа т.н. другарство, базиран на 2 негови тези/аксиоми:1. Вистинското другарство е вечно. 2. Секако дека постои другарство меѓу машко и женско.
И тука замислуваме уште пар образложенија кои Гладиус вешто ги составува за да докаже поента и да те стави во тесно(ќоше) и да речеш: Да, признавам, во право си!
Шала. Држењето до својот став е глупо само ако ставот е глуп. Мој впечаток е дека повеќе образложува за да испровоцира правилно размислување кај луѓето, отколку за да докажува тупејќи се во гради дека он е во право и точка. Сака да ве поучи детево, слушајте.
Пак доаѓам до тоа дека Гладиус верува во луѓето во нивната разумност, длабочина, повеќедимензионалност и желба за разбирање (Not my style, but still...). Би играл нечесно=би заебал некој само ако тоа е одмазда за некоја голема работа. Невозможно е да не се разочараш одвреме-навреме од луѓето кога веќе им ја даваш твојата доверба и лесно се зближуваш. Не би ти рекла пази, ти си паметно човече. Плус, имаш на ум дека можеш да откриеш и да цениш прав/добар/рандом особина човек ако претходно си сретнал секакви, па знаеш дека хомо сапиенсот е неконстантна, комплексна и лицемерна природа. За последнава особина, не ме убивај ама воглавно јбтовките се обично фини, од друга страна големи трачарки.
Типичната шаблон реченица: Иако имаш само _16_години, ти имаш изграден став. Дополнение: И продлабочувај го до бескрајот, прави го уште поправилен, и после некоја година, со една концизна реченица, исцрпувај ги темите, онака фраерски. Биди добрата верзија на Бада Бинг. Не го заборавај ова.
Се гледам себе кога гледам како сестрано филозофираш, како посветено креираш прози и како налудничаво ставаш слика од DNA на профил.
Значи, ваљда gladius-от, мечот, е амбицијата и знаењето кое те турка напред и со кој се пробиваш во светот.
Тука би додала дека малце повеќе отколку што треба сонуваш(или имаш врски на факултети), ама никој нема право да руши соништа, на крај краева тие ни ја држат главата горе.
Гладиус е анти-емо, ама голем емотивец. Ова го заклучив уште кога видов како на Драга и` пишуваш дека ја сакаш.
Немој да дозволиш рано во врска да почнат да ти излегуваат емоциите од уста и типката да си ги дигне акциите, биди мистер cool and funny на почеток. И така.
Коментар:_________________ .
Бебуш и Луси Лу ми се следни пациентки, потоа ја затворам ординацијава, привремено. :back:
Ps. Да бе, да не сакаш и поговор?![]()
треба да имаш направено 500 постови најмалку за анализа...Aj aко сака некој нека ми направи анализа!
Фала ви однапред!!!