Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Е ај.. Ама мааалце покасно..

Fabullous_178.. Интересен момак. Ептен оупен мајндед што понекад е и многу погрешно разбран.. Некои од форумџиите мислат дека станува збор за недозреано детиште.. Ја би рекла дека е и премногу зрел за годините.. Има премногу видено, пробано, осетено на своја кожа и стварно имам впечаток дека се што кажува е од лично искуство.. Добро е да се проба и да се има контрола над работите.
Онака дечко што живее нормален живот само што го сфаќа тоа што го осеќа на кожа во целост. Не е ништо површно и недовршено. Знае дека ништо не му се случува без причина и можеби затоа се труди да превземе контрола над се. Знае до кај да цепа и го прај тоа перфектно добро.. Почитува граници.. Но само своите и добро можеби до некаде на луѓето што му значат.
Мангупче. Само што не го користи тоа што го поседува да повреди друг. Пак е забеган и кул тип ама си е за себе не за други. Ужива во животот.. Тежи кон сериозност но никако да налета на неа..
Ги гледа луѓето околу себе како тоа што се.. Покварени копилиња. И е доста свесен дека ќе останат такви па не се ни замара. Доста кул тип. Незнам што да кажам др и појше.
Ај хоуп ју вил лајк ит.. Ако не др ај трајд ту :pipi:
Edit: Да, да.. И многу сипматичен дечко бај д веј :pipi:
 
Мислам дека доследно ги обработив следниве редови во врска со твојата психоанализа. Може нема да се слагаш со некои работи што ќе ги наведам, но подобро да прочиташ како еден обичен форумски пријател те научил со разбирање, отколку другарско ласкање и подигање на егото.

MaRyJaNe-poison. Ми требаа неколку минути гледајќи да го сфатам твојов ник, а тој да произлегувал од твоето име:pos:. Отровот дава една посебна карактеристична црта за тебе. Ги сакаш мрачните работи, го сакаш готскиот стил. Забележав слики аплоадирани од тебе, и сите тие беа со мрачна содржина. Колку и да се апстракти сепак се согледува темата – тага. Сакаш да се облекуваш и на тој начин, уствари твојот живот и воедно е сведен на хардкор звуците и темната боја. Незнам дали тоа било од поодамна, но сепак, случајно видов една слика во галерија. Беше облечена во бело и можам слободно да кажам дека изгледаше некако посебно. Единствена слика беше таа во која си така отворенаJ.Дури и твојот прв пост некогаш на форумов ти бил поврзан со нешто на некој начин убаво. - Crvena ruza!!! Gi obozavam!
Добро е што некаде останале алтруисти. Ти си пример за карактер од еден таков загрозен вид. Пред се си фамилијарна личност која знае на најдобар начин да го искористи времето со своите најблиски (иако твоите студентски обврски ти дозволуваат сепомалку и помалку). Знаеш да бидеш одличен другар и да се поставиш со некого на најубав можен начин. Имаш трпение да ислушаш некого, а тоа е многу важно за моралните угледи.

Кога станува збор за љубов, ти си несомнено најактивна во таа сфера. Знаеш да шириш некоја позитивна енергија иако имаш мрачен аватар:pos: (ова морав). Буквално нема тема во настани каде што немаш некому честитано роденден.:) Тоа ми се свиѓа кај тебе.
Маријана знае да љуби со целото срце, но не дозволува да биде однесена во најдлабоките води и сепак, е објективна пред се. Прочитав еден твој пост кој ми остаде впечаток за тоа како ја согледуваш реалната слика.


Бирам карактер. Колку човек може да те освои со карактер тоа е чудо! Порано бев повеќе настроена кој убавината, лошо, и што добив од тоа? Освен неколку изгореници, ништо друго. Џабе некој да е лепотан, кога нема ни грам мозок. Не се луѓето само за гледање, треба и муабет да се направи! Имајќи ги особините што ги сакаш, човекот ќе ти стане мил и на крај ќе го засакаш. Е сега, ако ти се погодат и двете работи и убавина и карактер, среќа си имал Али ако треба да бирам, бирам карактер.

Да имаш две цимерки во стан мислам е многуу јака работа
:pos:. Како се снајдуваат тие, мислам дека со тебе им е и повеќе од добро. Ти си неверојатен гурман, секој трет пост ти е во врска со храната.:) Обожаваш да подготвиш нешто(ако си правиш сам, најслатко беше:pos:).
Зависи од карактер, лично јас сум особа што ако нешто сака да има ќе гази и боса на трње и ќе го добие нештото. Не го сметам тоа за себичност, бидејќи личноста сама се бори за да ја достигне целта која си ја има замислено, а тоа не е воопшто лесно.
Упорноста се исплаќа во повеќе случаи. До некаде се согласувам со тебе, личноста што се бори на некој начин не е себична. Но треба да припазиш кои оружја ќе ги одбериш во борбата за да го ослободиш патот до целта.
Ќе те искритикувам за следново – јес да е форумов и за опуштање и релаксирање, но мислам дека треба да се посветиш на подфоруми во кои мислам дека си тотално адекватна да дискутираш. Играчницата дефинитивно не е место за тебе! Посвети време во општи муабети и психологија, мислам дека секој твој пост ќе е многу значаен на која било тема.:)
Читаш книги тоа е добро. Незнам само дали гледаш и германски филмови без превод (се зезам:pos:).
Од еден единствен пост што го имаш во Филм и Тв, го спомна Интервју со Вампирот.:) Мхм, твојата страст кон овие суштества е преголема. Јас овде привршувам со една порака до тебе, за која мислам дека ќе размислиш барем за момент и да не речиш – аман бе не ми треси глупости овде:).
Препушти се некогаш на софт звуците на природата, веќе си цврста личност, за промена некогаш опушти се со Леонард Коен, остави го Курт на момент. Биди си и остани своја.
Ти посакувам во животот да имаш премногу успех во сите полиња. Имаш големи амбиции и широки хоризонти. Само напред!
За крај, ќе ти посветам една песна, не ја сакав Forgiven од Within Temptation (иако размислував да ја линкнам овде), те пронајдов во текстот и музиката на една друга песна
.


 
Ако некој нема друга занимација, нека ми направи една психоанализа и мене.:back:
 
Girlll

Оххх, колку и да се обидува некој да се сврти исклучиво кон твојата личност за да ја раздроби со психо-анализа и откривање карактерни особини, не може да се избегне оној стандарден случај на бегство од она што не опкружува само за сатисфакција, ваква или онаква, ама воопшто не е битно.По себе си знам, желбата за постојано бркање искуство, нови работи кои што ќе те изградат, задоволат, направат среќна ... со тек на време изморува како да си возел камион 24 часа, но ако сеуште не ти се појавила таа фаза, тогаш гледај да не се потрошиш толку многу што ќе ти треба транзиција, па рехабилитација, па на крај резигнација.

Премлада за да ги познава вистински некои работи, престара за да дозволи да ги испушти од рака, мото што вреска: Живеј брзо, умри млад!Направи се што е твоја моќ, пробај ја секоја нова боја, види и го мирисот, вкуси и го звукот случај.
Најверојатно си и зависник од адреналин, трагање по опасното, по она што треба да ти донесе повеќе крв во срцето за да може полесно да се доживее врвот, екстазата.

Сепак, колку и да си дел од оваа шема на бед грл, рокенрол, дрога и секс, сепак, таму некаде во тебе има дел кој што бара смиреност, љубов, заштита, ден полн со спокој за разлика од се предходно.Ама, тука има црна дамка, повторно, нормално, стравот од досада, да, стравот!

Веројатно си крајно тврдоглава, упорна, расположена за кршење коски или гушкање на кеј, се зависи од моменталното расположение, од нивото на приврзаност, од интересот.Сега најбитно е да биде интересно, кога ќе пораснеш малку повеќе (мрази ме :icon_lol:) ќе видиш дека битно било да биде квалитетно, а не интересно.
Сепак, не ти викам да си го смириш духот, да си го заклучиш телото, живеј со сите клетки во тебе, живеј и создавај додека можеш, додека не се умориш.
Сама ќе знаеш дека дошло време да се смират страстите кога ќе се појави моментот!:smir:


 
На Псај е донекаде пишана, Римз ке чека дека него ке го коренализирам.

Чекам од Јове_бт, џимеј, Лејди, и нај нај анализата која чекам да ме погоди нај нај од ада. И така.
 
јас сакам анализа од Сатори или Џимеј. кој ќе биде расположен, кога ќе биде расположен, нека напише и ветувам дека ќе вратам максимум една недела од објавувањето на мојата анализа:pipi:
 
Buterfly



Пеперутке, пеперутке нeкако лесна си ми за анализа незнам зашто:))))))
Вака општо прво што ми доаѓа за тебе е дека пеперутката е едно мирно девојче, коешто не сака да се експонира многу, повеќе сака да седи од страна и да ја набљудува ситуацијата. Не ја закачај пеперутката и нема да те закача, али ако некој тргне против тебе нека се спрема за жесток отпор, зашто си секогаш подготвена да се браниш . јас само ќе се сетам на нашата ебата на тема -факултети, кога мојот прв впечаток за тебе беше дека станува збор за бесна девојка.
Ај прво да те чепнам за некои твои карактерни особини па после ќе одам на главното и многу интересно нешто кај твојот карактер.
Едноставна девојка си, мирна фина којашто добро знае што вистински вреди во животот-среќата. Арно ама добро знаеш дека среќа без пари не бива, па од среќа не можеш да си купиш облека, ташнички и слично кои на некој начин те прават среќна,како и секоја друга нормална девојка. Забележувам доза на тврдоглавост! Ако нешто си зацрташ во главата, тешко дека некој ќе те разубеди дека н е така, имаш некоја мешавина на цврстстав и тврдоглавост. следно, страшно динамична девојка. не спиеш зашто спиењето е губење време за тебе.Ова го поткрепувам со фактот дека работиш и студираш ! Тоа е нешто што предизвикува почит и возхитување кај мене. И знам дека ќе успееш,зашто како што самата си кажуваш упорна си до крај. Не се разочаруваш лесно,туку веднаш се стабилизираш и продолжуваш понатаму со животот. верувам дека ќе успееш во онашто го имаш зацртано како цел.
Она што е најинтересно кај тебе е фактот колку си различна личност кога станува збор за пеперутката во однос на љубовта и пеперутката во однос на се останато.
Кога станува збор за љубовта пеперутката е друга личност. несигурна си , но сакаш да ризикуваш.Ти си вечен трагач по вистинската љубов.Бараш малку а нудиш многу! И верувај ќе бидеш наградена за тоа. Ти бараш само искрен поглед, допир, бакнеж или гушка.таквите работи за тебе имаат многу поголема вредност од парфем, кола или скапа облека. како и во се во животот сакаш да живееш спонтано, но некако не ти успева тоа.и те како користиш памет , анализираш , проценуваш.....Меѓутоа тоа си ти, со мани и доблести како и секој останат .Биди тоа што си а ако некој сака да биде со тебе ќе мора да те прифати онаква кава што си. Претпазлива....затоа на ретко кој наполно му веруваш, што е и логичнмо со оглед на тоа што светот почна да збудалува во целост.
Друго што морам да истакнам,оргаанизирана личност си.како инаку да постигнеш бланс меѓу факс и работа, па и двете успешно да ги извршуваш.
Мојот општ заклучок е дека пеперутката е многу позитивна личност, која знае да се радува на секој убав момент што ќе и го подари животот, но во исто време и трезвено размислуваш и спремна си за проблемите што ги носи животот.Ова ќе ти донесе само стабилност и успех во животот. верувам дека ќе успееш во она што си го замислила. Мој совет биди тоа што си и уживај повеќе во животот.млада си,ако сега не уживаш кога?????А да.....проај да спиеш повеќе те молам. Еден пост ти е у 5 саат сабајле, другиот у 10 аат сабајле. зачудувачки колу си енергична со оглед на тоа колку малку спиеш.
 
Фала многу Pravnice за твојата исцрпна анализа :):) Останав без текст, стварно знаеш да процениш :):) За ова имаш хмм . . . :back:
Тенк ју аген:pipi:
 
Моја гледна перспектива за она нешто што можам да го асоцирам со Прот од планетата К - Пакс и тврдењето на Џон Олдман, човекот од планетата Земја. Сите цитати се постоечки и анализата е основана од друга гледна точка на некојси рандом карактер.:icon_lol:

Викторгг - ќе го занемарам фактот на тоа што укажува твојот аватар, твојот потпис и слично. Сепак ќе е напоменато, нормално има некое влијание но не е некако мој стил така да анализирам.
Од твоите постови има и те како што да се прочита. Ќе започнам од авторитетот кој го поседуваш во одредени теми (најчесто во Уметност, литература и јазик). Некогаш укажуваш на многу сериозни постови кои немаат ни едно смајли и многумина би помислиле дека твојата смисла за хумор избледела или воопшто веќе ја нема. Но факт е дека не е така. На некои постови знаеш да откачиш кога станува збор за "теткици" и "hot, hot i am hot girl". Сигурен сум дека антологијата Монти Пајтон ја имаш изгледано околу 11 пати и едноставно се опушташ од суровиот реален свет кој е овде надвор.
Кога сме кај светот...од твојата проза можам да разберам дека си разочаран од се околу тебе. Некогаш играш улога на песимист, но упорно се обидуваш да внесеш барем еден среќен стих во поемата на живеењето.
Жалам, за потенцијалите кои секојдневно ги гледам околу себе а пропаѓаат. Ги влечат кутри души, збир на месо и коски кои својата немоќ да бидат нешто големо ја исполнуваат преку туѓи очи. Тие се мајстори на занаетот, тие продаваат и кечап на дама во бели ракавици, тие контролираат со туѓите глави како да се стадо овци. Не ми е жал за болната иднина која ги очекува, жал ми е за пропаднатиот потенцијал на “туѓите очи“.
Посакуваш идните генерации да бидат се покреативни и попаметни и тоа резултат за твојата разочараност. Некои луѓе едноставно неможат да направат нешто софистицирано, на убавината и' даваат грдота, а на грдото уште погрдо.

"Оној кој не го почувствувал пеколот ќе го боли и најмала изгореница на раката". Во два поста (кои нема да ги именувам поради објективни причини) на некој начин го гледам тешкиот дел кој си го надминал. Кога прочитав еден твој текст во врска со авторитетот кој "некогаш" си го имал дома, се сетив на Sometimes you can't make it on your own (страшна балада на U2).
Можеш од старт да ги заприметиш и процениш вистинските уметнички дела, а тоа е многу добра особина. Не сакаш да слушаш некоја си комерцијала, не сакаш кич и си крајно против шундот. Те фасцинираат поети како Марчело и Балашевиќ. Анализираш и анализираш такви секогаш кога ќе имаш можност и слободно време.
Ликови кои ти се прават пријатели имаш многу, но оние кои стварно ги цениш веќе ги имаш селектирано.
Пред да обвиниш некого за нешто, помисли на себе... така е во теорија, така викаат.
I`m afraid that your wrong... тоа не се пријатели, тоа се лицемери. Пријатели и тоа како постојат. Само не знаеш кои се очигледно.
Колку уште луѓе само треба да го прочитаат Големиот Гетсби за да можат да си создадат појасна слика тоа што ги опкружува.

Твоето сфаќање за животов е до некаде софистицирано. Ти си реалист! Не сакаш да пишуваш текстови со излишена рима и ефтини епитети и метафори. Некогаш измислуваш нов лик за да се претставиш себеси преку него. Иако во некоја смисла наликуваат како рана која доживеала нус појава, тие се сепак исповедни искри.
Замисли низ целиот свет да започне штрајк и да не се прекине се' додека богатството не биде рамномерно поделено. Нема многу да ти биде гајле, затоа што материјалното не ти значи онолку колку што ти значи духовното. Ги сакаш мистиците, но и си ја запазил онаа порака која тие ја носат, "Што ако сум просветлен, немора да значи дека треба да го имаш истото мислење со мене."
Ретки ќе бидат оние кои понатаму во твојот живот ќе го ценат она што навистина го поседуваш, жален е тој факт но таков е.
Иако на моменти изгледаш како ладен камен, во тебе се крие дел кој знае да дава љубов.:)
Зошто Мишел на Џон Ленон била најдобро прифатена кај публиката? Затоа што во последен момент ја корегирал и ги додадол стиховите "I love you, I love you, I love you." Ова е она што ти го потенцираш и ги правиш сите околу тебе да се чувствуваат како да го виделе Рим.
На крајов да ти посветам секако, една песна која да не беше до сега напишана, би ја створил идејата ти.
Запомни, никогаш нема да се обидеш да извршиш убиство од милосрдие, затоа што и на изумрената работа ќе се намачиш да и' дадеш живот.
 
Ја од Џимеј сакам или од било кој друг, ако може нормално :)
 
Хм забележувам ангажман на нови психоанализатори:), продолжи така Џимеј!
Јас чекам анализа од Правниче, а спремам за Дивајн, ама тешко е да се открие психата на Дивне. Барам прозорчиња, детали и нејзини исповеди, ама тешко. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom