Моја гледна перспектива за она нешто што можам да го асоцирам со Прот од планетата К - Пакс и тврдењето на Џон Олдман, човекот од планетата Земја. Сите цитати се постоечки и анализата е основана од друга гледна точка на некојси рандом карактер.
Викторгг - ќе го занемарам фактот на тоа што укажува твојот аватар, твојот потпис и слично. Сепак ќе е напоменато, нормално има некое влијание но не е некако мој стил така да анализирам.
Од твоите постови има и те како што да се прочита. Ќе започнам од авторитетот кој го поседуваш во одредени теми (најчесто во Уметност, литература и јазик). Некогаш укажуваш на многу сериозни постови кои немаат ни едно смајли и многумина би помислиле дека твојата смисла за хумор избледела или воопшто веќе ја нема. Но факт е дека не е така. На некои постови знаеш да откачиш кога станува збор за "теткици" и "hot, hot i am hot girl". Сигурен сум дека антологијата Монти Пајтон ја имаш изгледано околу 11 пати и едноставно се опушташ од суровиот реален свет кој е овде надвор.
Кога сме кај светот...од твојата проза можам да разберам дека си разочаран од се околу тебе. Некогаш играш улога на песимист, но упорно се обидуваш да внесеш барем еден среќен стих во поемата на живеењето.
Жалам, за потенцијалите кои секојдневно ги гледам околу себе а пропаѓаат. Ги влечат кутри души, збир на месо и коски кои својата немоќ да бидат нешто големо ја исполнуваат преку туѓи очи. Тие се мајстори на занаетот, тие продаваат и кечап на дама во бели ракавици, тие контролираат со туѓите глави како да се стадо овци. Не ми е жал за болната иднина која ги очекува, жал ми е за пропаднатиот потенцијал на “туѓите очи“.
Посакуваш идните генерации да бидат се покреативни и попаметни и тоа резултат за твојата разочараност. Некои луѓе едноставно неможат да направат нешто софистицирано, на убавината и' даваат грдота, а на грдото уште погрдо.
"Оној кој не го почувствувал пеколот ќе го боли и најмала изгореница на раката". Во два поста (кои нема да ги именувам поради објективни причини) на некој начин го гледам тешкиот дел кој си го надминал. Кога прочитав еден твој текст во врска со авторитетот кој "некогаш" си го имал дома, се сетив на Sometimes you can't make it on your own (страшна балада на U2).
Можеш од старт да ги заприметиш и процениш вистинските уметнички дела, а тоа е многу добра особина. Не сакаш да слушаш некоја си комерцијала, не сакаш кич и си крајно против шундот. Те фасцинираат поети како Марчело и Балашевиќ. Анализираш и анализираш такви секогаш кога ќе имаш можност и слободно време.
Ликови кои ти се прават пријатели имаш многу, но оние кои стварно ги цениш веќе ги имаш селектирано.
Пред да обвиниш некого за нешто, помисли на себе... така е во теорија, така викаат.
I`m afraid that your wrong... тоа не се пријатели, тоа се лицемери. Пријатели и тоа како постојат. Само не знаеш кои се очигледно.
Колку уште луѓе само треба да го прочитаат Големиот Гетсби за да можат да си создадат појасна слика тоа што ги опкружува.
Твоето сфаќање за животов е до некаде софистицирано. Ти си реалист! Не сакаш да пишуваш текстови со излишена рима и ефтини епитети и метафори. Некогаш измислуваш нов лик за да се претставиш себеси преку него. Иако во некоја смисла наликуваат како рана која доживеала нус појава, тие се сепак исповедни искри.
Замисли низ целиот свет да започне штрајк и да не се прекине се' додека богатството не биде рамномерно поделено. Нема многу да ти биде гајле, затоа што материјалното не ти значи онолку колку што ти значи духовното. Ги сакаш мистиците, но и си ја запазил онаа порака која тие ја носат, "Што ако сум просветлен, немора да значи дека треба да го имаш истото мислење со мене."
Ретки ќе бидат оние кои понатаму во твојот живот ќе го ценат она што навистина го поседуваш, жален е тој факт но таков е.
Иако на моменти изгледаш како ладен камен, во тебе се крие дел кој знае да дава љубов.

Зошто Мишел на Џон Ленон била најдобро прифатена кај публиката? Затоа што во последен момент ја корегирал и ги додадол стиховите "I love you, I love you, I love you." Ова е она што ти го потенцираш и ги правиш сите околу тебе да се чувствуваат како да го виделе Рим.
На крајов да ти посветам секако, една песна која да не беше до сега напишана, би ја створил идејата ти.
Запомни, никогаш нема да се обидеш да извршиш убиство од милосрдие, затоа што и на изумрената работа ќе се намачиш да и' дадеш живот.