Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Saladin ke moze edna analiza i for me? :pipi:
 
ќе биде некој мил фин и добар да ми направи анализа (мислам ако сака):pipi:
 
ќе биде некој мил фин и добар да ми направи анализа (мислам ако сака):pipi:

Да знаеш дека:
1. стојам на својот збор, нема бегање, НО 2. голема мрза сум јбг
Почнав со анализирањето преку пребарување на форумите, ќе ја добиеш неделава:smir:
 
шаблон за психоанализа

__________,

Иако не те познавам многу, сепак...(1)/Веќе подолго време комуницираме на мсн...(2)
Ти, __________, си една многу интересна/забавна/паметна/добра/прекрасна/мила(или други епитети, по желба) личност, која секогаш со задоволство ја читам на форумов(3)/зборам на мсн(4).
Имаш изградени ставови и добар поглед на животот(5)/правилно размислуваш и си доволно зрел/а за годините(6).
На почетокот си срамежлив/а(7)/отворен/а си и комуникативен/на(8)/, но кога ќе те запознае човек си....(пак тура на ептитети по желба).
Сакаш да се забавуваш и дружиш(9)/сакаш мирно опкружение и мал круг на блиски луѓе(10)...
Во љубовта трагаш по совршениот партнер(11)/сеуште не си сигурен/на што бараш...(12)

...итн...итн...итн
:crybaby:

Без желба да навредам било кој(однапред се извинувам ако некој се осети посочено, не ми е тоа намерата) но, читајќи ги анализите имам чувство дека сите се прават по една шема, во која има само ласкања и празни фразички.
Реков еднаш, но ќе повторам...Никој од нас тука не е ни втор Фројд, ни психолог но, барем да се потрудиме да внесеме малку психологија(да симулираме).

Никој не е само позитивен. А целта на анализата е, како што некој кажа поодамна на темава, да се откријат, симболично, "ветерниците" со кои се бори секој од нас(односно и не-толку-убавите подсвесни сили кои не тераат да избереме аватар ко шо избираме, да пишуваме онака ко што пишуваме, итд.)

Ако нејќете така, барем нека биде забавно, како оваа анализа
Затоа што, се добива впечаток дека една те иста анализа се повторува и повторува...
 
барам добара анализа, но не од луѓе кои ме познаваат веќе долго време, бидејќи од нив можам да дознам се што ми треба и кога ќе ги видам. сакам некој што не ме познава лично да се обиде да ми направи анализа.
фала однапред на било кој што ќе се нафати.

малце чудно беше барањево, како да е извадено од оглас :vozbud: иако сепак не мислев да изгледа баш толку формално :S
 
Еве ти на кратко...

Грин ај, според името... ти си нарцис. Ти си личност која сака да се гледа во огледало иако веќе одамна точно си ги знае сите пори на лицето и секоја точка на и околу зениците. Се доживуваш себе како убавец/ица и секогаш се обидуваш да го наметнеш тоа мислење на другите. Понекогаш си злобна (ќе те земам за девојка иако не знам шо си), бидејќи од преголема опседнатост со својот моќен поглед не приметуваш дека ги кршиш етичките правила на однесување и добивање на тоа што ти припаѓа или не, и тоа што си заслужила или не.

Според аватарот си личност која не е опседната со секојдневие, вести и пинк телевизија. Имаш поинаков поглед на животот што би требало да те направи романтична, интелигентна и уметничка душа. Исто така би требало да не сакаш авторитети па често тоа ќе те направи неколегијална и непосакувана во друштво. Сепак веројатно си добар говорник и убедувач што од своја страна ќе те направи лицемер... бидејќи способностите ги употребуваш за да освоиш некого, што е лошо.

Според потписот, ако си го протолкувам сам по себе... мислам дека си како и повеќето на оние години околу 20ката (претпоставувам), и полна со проблеми, што реални што нереални. А тоа би требало да значи дека си заглавена во себе и својата душа, односно сонувач, мечтател, и визионер. Тоа ќе оддаде знак за борбен дух, непоколеблив, лидер и водач кој на масата и треба. Оние кои ќе те следат, нема да ги изневериш.

(не ми се лути што изгледа како да те напаѓам. Не те знам, а ова е само слика од аватар, потпис, никнејм, не мора да значи дека е вистина).
 
Тамарче

Твојот ник,односно твоите икончичи у никот,кажуваат дека сакаш да си посебна,специјална,сите да те гледаат со очи на суперстар.
Најверојатно Викторија Бекам да напраела ник на форум ќе и бил ~*Викторијче*~.
Енивеј,имаш само 1 референца,што значи дека не си нашироко позната,ама и ич не ни го рекламираш нашиов кајгана форум.Тоа е грешно дело.

Очигледно не знаеш дека уствари секоја биографија е долга,од чиста причина што човек до 16 години,зборот го гледа како полисилабичен,а кога ќе напуни 17 веќе има толку многу фантазија развиено од шпански серии што десет тома биографија може да пише.Како и да е,не мора да не обавестуваш во профил дека биографијата ти е долга :wink:

Во твои интереси,има еден збор кој не го разбирам "Аб'аман" ,судејќи према Mc'donalds alike сличноста,најверојатно интересот ти е да ги споиш македонскиот и англискиот,но како што би рекол Bada (или Ada), you're doing a piss poor job :(

Во потпис имаш стаено Bed of Roses,или го слушаш Бон Џови,или the Statler Brothers (амерички фолк),јас гаѓам на второто,што значи дека и ЈК и Цеца не ти се далечни.Од мушките Бојан потајно го посакуваш,ама изјавуваш дека Марко и Влатче ти се најсекси.

Во љубовта,сакаш да се љубиш :) Ама не го сфаќаш искрениот факт,дека Јове_БТ е вистинскиот човек за тебе,ко што Bada е за Ada,и Тарзан е за Џејн...А Каитек е за никаде :wink:

Коа ќе порасниш,ќе бидеш модераторка на Чек дис Аут на кајгана,тоа го велат тарот (ќарот) картите.

Се на се,не си лоша...ама не си ни добра

Се надевам нема лутиш,сама сакаше оштро :)
 
Хаха, ептен ме изнасмеа.. Браво за анализата :wink:
Ај малце да искоментирам..

Тамарче

Твојот ник,односно твоите икончичи у никот,кажуваат дека сакаш да си посебна,специјална,сите да те гледаат со очи на суперстар.
Најверојатно Викторија Бекам да напраела ник на форум ќе и бил ~*Викторијче*~.
Енивеј,имаш само 1 референца,што значи дека не си нашироко позната,ама и ич не ни го рекламираш нашиов кајгана форум.Тоа е грешно дело.

Не дека сакам, СУМ специјална :pos:

Има појќе луѓе шо се зачленети покрај мене на кајгана, ама не го прифаќаше мојот ник за референции.. Пробај ќе видиш дека сум во право :wink:

Очигледно не знаеш дека уствари секоја биографија е долга,од чиста причина што човек до 16 години,зборот го гледа како полисилабичен,а кога ќе напуни 17 веќе има толку многу фантазија развиено од шпански серии што десет тома биографија може да пише.Како и да е,не мора да не обавестуваш во профил дека биографијата ти е долга :wink:

Со биографијата.. Образложвам дека ми е мака да ја пишам :)

Во твои интереси,има еден збор кој не го разбирам "Аб'аман" ,судејќи према Mc'donalds alike сличноста,најверојатно интересот ти е да ги споиш македонскиот и англискиот,но како што би рекол Bada (или Ada), you're doing a piss poor job :(

Аб'аман е битолски збор. Сакав да го доловам убо зборот, зато така го напишав. Ама не ми успеа :placii:

Во потпис имаш стаено Bed of Roses,или го слушаш Бон Џови,или the Statler Brothers (амерички фолк),јас гаѓам на второто,што значи дека и ЈК и Цеца не ти се далечни.Од мушките Бојан потајно го посакуваш,ама изјавуваш дека Марко и Влатче ти се најсекси.

Ни првото ни второто. Го обожавам Тоше, а посебно како ја пеј таа песна. А Цеца и ЈК ги слушам, да :pos:

Во љубовта,сакаш да се љубиш :) Ама не го сфаќаш искрениот факт,дека Јове_БТ е вистинскиот човек за тебе,ко што Bada е за Ada,и Тарзан е за Џејн...А Каитек е за никаде :wink:

Коа ќе порасниш,ќе бидеш модераторка на Чек дис Аут на кајгана,тоа го велат тарот (ќарот) картите.

Се на се,не си лоша...ама не си ни добра

Се надевам нема лутиш,сама сакаше оштро :)

Јове? Брачед ми е бе алооо!:pos: :pos:

И фала за анализата и ти не си лошо паше.. :)
 
:toe:
Еве ти на кратко...

Грин ај, според името... ти си нарцис. Ти си личност која сака да се гледа во огледало иако веќе одамна точно си ги знае сите пори на лицето и секоја точка на и околу зениците. Се доживуваш себе како убавец/ица и секогаш се обидуваш да го наметнеш тоа мислење на другите. Понекогаш си злобна (ќе те земам за девојка иако не знам шо си), бидејќи од преголема опседнатост со својот моќен поглед не приметуваш дека ги кршиш етичките правила на однесување и добивање на тоа што ти припаѓа или не, и тоа што си заслужила или не.

Според аватарот си личност која не е опседната со секојдневие, вести и пинк телевизија. Имаш поинаков поглед на животот што би требало да те направи романтична, интелигентна и уметничка душа. Исто така би требало да не сакаш авторитети па често тоа ќе те направи неколегијална и непосакувана во друштво. Сепак веројатно си добар говорник и убедувач што од своја страна ќе те направи лицемер... бидејќи способностите ги употребуваш за да освоиш некого, што е лошо.

Според потписот, ако си го протолкувам сам по себе... мислам дека си како и повеќето на оние години околу 20ката (претпоставувам), и полна со проблеми, што реални што нереални. А тоа би требало да значи дека си заглавена во себе и својата душа, односно сонувач, мечтател, и визионер. Тоа ќе оддаде знак за борбен дух, непоколеблив, лидер и водач кој на масата и треба. Оние кои ќе те следат, нема да ги изневериш.

(не ми се лути што изгледа како да те напаѓам. Не те знам, а ова е само слика од аватар, потпис, никнејм, не мора да значи дека е вистина).

фала викторгг за обидот, но сепак би сакала да кажам нешто за и против.
како прво, според името, да јас сум нарцис по малце, но не стојам пред огледало 24/7 бидејќи освен очите друго ништо не ми се допаѓа на моето лице, и затоа ми е така потписот. но сепак без разлика што сум и каква сумз адоволна сум со себе си, и никогаш не сум некоја шмизла што мора да биде дотерана нон стоп.
инаку да уметничка душа сум. но не сфакам зошто ако сум добар говорник би ме правело тоа лицемрна???? говорам кога треба да изјаснам мислење а тоа ако некој го освојува е негов проблем, бидејќи не сум опседната да освојувам некого со тоа што ќе се правам мн паметна. баш мислам дека тоа е глупаво. ама добро незнам оти таков впечаток сум ти оставила.
и како за крај, потписот ми е тој бидејки сум ставрно далеку од дома и веќе тоа ми е мн долго и ме измачува. инаку баш бидејки сум само 17 год уште многу работи немам научено, а имам испаднато веќе од дома, баш заради тие причини мислам дека сум недорасната колку што треба. дека уште мн работи би требало да ги научам од моите, а не сама да ги учам о патиштествијата.
инаку не се лутам, баш ценам што си се обидел и нормално е дека не можеш се да погодиш и да претпоставиш од само неколку поста што е многу малце. сепак фала :smir:
 
Реактив...

Не сум по долгите постови, затоа ќе бидам кратка.
Еден од двата членови на форумов што ги аднав на мсн (покрај Fabullous_178). Не знам зошто ама кога и да сретнев твој пост, го читав со целосно внимание, секој твој збор ми даваше внатрешна топлина. Никогаш не одолговлекуваш во постовите, секогаш си директен во она што го кажуваш, значи мото ти е “кратко и јасно” :)
Често во твоите постови имаш “хахаха”, значи секогаш си насмеан...
Љубовта... Љубовта ја доживуваш на посебен начин, тивко ја бараш девојката за која си спремен да дадеш се` од себе, романтичар си, сакаш да имаш личност до себе на која ќе можеш да и се отвориш целосно. Нема да ти речам - се надевам дека ќе ја најдеш девојката од твоите сништа, туку едноставно - знам дека ќе ја најдеш. Барем ти знаеш какво мислење имам за надежта и затоа не ја сакам.
Ранлив си... Можеби не го покажуваш тоа, но сепак мислам дека кога ќе ти се случи некој бед, те руши внатрешно. Тогаш посакуваш да си сам, некаде далеку од сите, каде што ќе можеш да размислуваш, да размислуваш и да размислуваш... Сакаш да размислуваш. Си правиш флешови на речиси сите работи кои ти се случуваат.
За своите пријатели и за своето семејство си подготвен апсолутно на се`, ако им фали влакно, ќе биде ризично. Многу си ја сакаш сестричката, дури хоби ти е да се бркаш со неа по дома. Имате посебен однос, разбирање, и хармонија во семејството... Не те разгалуваат, твоите се горди со тебе, со тоа каква личност си, но не сакаат да ти го покажуваат тоа, за да не застанеш во изградувањето во се` подобра личност.
Ги сакаш компјутерите и сам се трудиш за многу работи поврзани во врска со нив... Никогаш не си бил паразит и да чекаш друг да ти среди некој проблем (доколку го имаш), сакаш самостојно да ги изучуваш сите сфери на компјутерите. Себеси се гледаш како програмер. Добро, можеби не баш како програмер, ама сепак во таа насока ќе продолжиш да се едуцираш.
Ја сакаш музиката. Заљубен си во тапаните. Со нетрпение чекаш да седнеш и да почнеш да се ослободуваш пред тапаните. Често си правиш свое drum solo, и тогаш сите околу тебе се опуштаат и уживаат. И денсаат, се подрзабира. Исто така хоби ти е и велосипедизам...
Мило ми е што контактираме, ретки се тие како тебе. Во срцево си ми, и не те пуштам надвор. И најинтересен си ми кога ќе ми пишеш "Те гушкам многу"... Епа и јас те гушкам многу...
..............................................................................................
ada, знам дека анализава ќе ти звучи како шаблон, ама за него нема некој кој има поинакво мислење од моето...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom