Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може за мене една? Или немам доволно муабетено за таква работа? :)
 
Ооооо, Дотична... ако се делиме на машки женски, да одиграме и сакате ли војна? :pos:

Види, очигледно е дека Сатори и Фромалишс имале нешто, а мене ваква анализа ми се чини дека не се прави од обично раскинување. Тука имало заебанции од посериозен карактер. А и некои работи напишани во анализата и јас ги имам приметено кај анализираната, па не знам зошто прашина околу тоа. момаков ја гледа како шо ја гледа, ако не ви се допаѓа тоа, прерипајте го постот... сакам и ја ваква анализа... :vozbud:
Знам дека не си ми стаил јазик у уста никад, ама пробај ебем ли га... (да ми напраиш анализа пробај, не да ми бутнеш јазик) :pos:
 
Зазуфче, сакаш и ти една анализа за тебе? :)
А, од каде знаеш ти кој каков е? :)
А, од кај знаеш каков сум јас? :)
А, од каде знаеш дека грешам?! :)
Се гледа по постот твој сеа да не цитирам пак долг е... и да имаш некој проблем со лејди ке и кажиш лично нејзе а не да пишуваш глупости на форумов, од таму следува одговорот на второво прашање (не викам дека си лош или не знам каков ама стварно анализана е како да ја пишувала дете од 10 години) а знам дека грешиш зашо ја знам Лејди Сатори... не толку али доволно за да знам дека не е точно напишаното горе...доволно?:wink: и ајде една анализа баш ме интересира :pipi:
 
Ау не, таман работа да се делиме, мразам поделби на машки и женски. Сакам поделби на квалитетни и неквалитетни луѓе, на исфрустрирани и неисфрустрирани и исто така сакам да се чудам што е тоа во луѓето што ги тера да се понижуваат и истакнуваат само затоа што им биле повредени чувствата:toe: Али у секој случај темелна анализа, браво за тоа:nesum:
 
Остај што е темелна, па и се` сум погодил, мајката. :)
Дотичната, сакаш и тебе?! :) Има потенцијал кај тебе за 4 страници во А4 формат. :)
 
А ЈАСССССССССССС?????????????? Леле...ме изигнорираа...ццццц
 
Крејзи ин лав :)

Анализива на мојата драга колешка (на факултет) Crazy in Love и ја имам ветено од дамна т.е. тогаш која таа направи анализа за мене. Сега мислам дека редно време да се реализира ова:

Вака првиот впечаток што ги имам за тебе ми е дека си прилично чувствителна особа која сака спрема сите да се однесува максимално коректно и како “што треба„ или на друг начин кажано буквално на никого не сака да нанесе болка.

Според мислењата што можев да ги прочитав имам впечаток дека станува збор за доста креативна личност која си има цврсто изграден свој свет, за кој мисли дека е прекрасен и добро функционира во него.

На прв поглед кога почнав да ги читам твоите мислења сфатив дека станува збор за личност која е премногу романтична и многу чувствителна. Горе напишав дека не сакаш никого да повредиш, и поради тоа и твојата чувствителност многу тешко ги прифаќаш навредите од другите. Токму поради романтичност и чувствителност мислам дека твојата енергија на форумов главно е насочена кон темите за љубовта но и кон оние теми овде во филозофија и психолигија.

Секогаш си спремна да дадеш добар совет во вистински време и можеби поради тоа доста аналитички пристапуваш на оние теми кај што треба да се изнајде решение на некој проблем. Таа аналитичност се гледа и во темите во Политика и вести, и покрај тоа што малку ми е чудно што немаме можност малце повеќе да те читаме таму.
Колку што знам идна твоја професија е политиколог (или нешто слично), забележав дека во тој поглед (од политички апсект) си доста неутрална.Таму а и во другите теми воопшто не сакаш да навлегуваш во конфликти што ми дава за право дека станува збор за доста мирна личност која знае да каже, да дебатира но никогаш не сака да се расправа или кара за нешто. Едноставно имам чувство дека и во секојдневниот живот не сакаш да навлегуваш во конфликти и секогаш фино се повклекуваш од караници.

Во суштина си личност која постојано е заљубена (или пак така изгледа), личност која многу дава за љубовта и цврсто верува во љубовта и во нејзиното постоење.Ти си личност која доколку ја узгуби љубовта значи дека изгубила се на овој свет.

Исто така имам впечаток дека станува збор за едноставна личност која сака да биде далеку од унифицираност, и имам впечаток дека кичот го мразиш многу и покрај тоа што помеѓу мислењата реално не најдов доказ за тоа.

На крај само ќе додадам дека имам впечаток дека доста внимаваш на луѓето што ти значат и доста ги почитуваш. Се надевам дека почитта ти е возвратена.

Тоа е се и покрај тоа што мислам дека да имав малце повеќе време ќе можев малце подетално да навлезам, ама го оставам тоа се некст тајм.
 
Остај што е темелна, па и се` сум погодил, мајката. :)
Дотичната, сакаш и тебе?! :) Има потенцијал кај тебе за 4 страници во А4 формат. :)

Не благодарам. Сакам анализи само од луѓе што ме знаат, али мило ми е ако мислиш дека би можел да ми посветиш толку време за анализа иако ова е прв пат што ти се обраќам:smir: А дека се си погодил, не се сложувам, ама секој со свое мислење, секој со свој памет:pipi:
 
Одамна ми немаат направено анализа. Ај една ќе ве молам немам конкретна желба од кого.
 
ама стварно анализана е како да ја пишувала дете од 10 години
Тука грешиш.....мене не ми изгледа така ама ич.

Башка тоа ..ко за тебе да е напишано.Дај олабави се.Сакај си ја другарка ти, ама сепак. Она е таа што треба да се справи.Мене да рипне некој да ме брани така...тоа ќе биде понижување бре.....што сум јас?!?! Мало дете , па незнам да се бранам...А???
 
Тука грешиш.....мене не ми изгледа така ама ич.

Башка тоа ..ко за тебе да е напишано.Дај олабави се.Сакај си ја другарка ти, ама сепак. Она е таа што треба да се справи.Мене да рипне некој да ме брани така...тоа ќе биде понижување бре.....што сум јас?!?! Мало дете , па незнам да се бранам...А???
Мене ова појке ми изгледа како забелешка за анализата отколку како бранење...:wink:
 
~*~

Тука грешиш.....мене не ми изгледа така ама ич.

Башка тоа ..ко за тебе да е напишано.Дај олабави се.Сакај си ја другарка ти, ама сепак. Она е таа што треба да се справи.Мене да рипне некој да ме брани така...тоа ќе биде понижување бре.....што сум јас?!?! Мало дете , па незнам да се бранам...А???

Зарем треба со нешто да се справувам?
Јас кажав се што имав да кажам, крајно темава не е поставена за да се дискутира мојот живот на тркалезна маса, тоа што некој не научил каде се поставуваат границите можеби и може да ги тангира луѓето кои ми се пријатели.

Да не биде постов офф топик, сепак да се задржиме на психоанализите, навистина е интересно како некој може толку силно да навлезе во нечија личност.

Сега треба да доаѓа делот каде јас плачам, се покајувам за стореното и се враќам дома како изгубен син овај ќерка.:pipi:
 
Добро де луѓе па што ве тангира вас односот што си го имале Сатори и Формалишс? Не пишувајте оф топик и напрајте ми една анализа веќе! И јас сум расположена за праење анализа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom