Крејзи ин лав
Анализива на мојата драга колешка (на факултет)
Crazy in Love и ја имам ветено од дамна т.е. тогаш која таа направи анализа за мене. Сега мислам дека редно време да се реализира ова:
Вака првиот впечаток што ги имам за тебе ми е дека си прилично чувствителна особа која сака спрема сите да се однесува максимално коректно и како “што треба„ или на друг начин кажано буквално на никого не сака да нанесе болка.
Според мислењата што можев да ги прочитав имам впечаток дека станува збор за доста креативна личност која си има цврсто изграден свој свет, за кој мисли дека е прекрасен и добро функционира во него.
На прв поглед кога почнав да ги читам твоите мислења сфатив дека станува збор за личност која е премногу романтична и многу чувствителна. Горе напишав дека не сакаш никого да повредиш, и поради тоа и твојата чувствителност многу тешко ги прифаќаш навредите од другите. Токму поради романтичност и чувствителност мислам дека твојата енергија на форумов главно е насочена кон темите за љубовта но и кон оние теми овде во филозофија и психолигија.
Секогаш си спремна да дадеш добар совет во вистински време и можеби поради тоа доста аналитички пристапуваш на оние теми кај што треба да се изнајде решение на некој проблем. Таа аналитичност се гледа и во темите во Политика и вести, и покрај тоа што малку ми е чудно што немаме можност малце повеќе да те читаме таму.
Колку што знам идна твоја професија е политиколог (или нешто слично), забележав дека во тој поглед (од политички апсект) си доста неутрална.Таму а и во другите теми воопшто не сакаш да навлегуваш во конфликти што ми дава за право дека станува збор за доста мирна личност која знае да каже, да дебатира но никогаш не сака да се расправа или кара за нешто. Едноставно имам чувство дека и во секојдневниот живот не сакаш да навлегуваш во конфликти и секогаш фино се повклекуваш од караници.
Во суштина си личност која постојано е заљубена (или пак така изгледа), личност која многу дава за љубовта и цврсто верува во љубовта и во нејзиното постоење.Ти си личност која доколку ја узгуби љубовта значи дека изгубила се на овој свет.
Исто така имам впечаток дека станува збор за едноставна личност која сака да биде далеку од унифицираност, и имам впечаток дека кичот го мразиш многу и покрај тоа што помеѓу мислењата реално не најдов доказ за тоа.
На крај само ќе додадам дека имам впечаток дека доста внимаваш на луѓето што ти значат и доста ги почитуваш. Се надевам дека почитта ти е возвратена.
Тоа е се и покрај тоа што мислам дека да имав малце повеќе време ќе можев малце подетално да навлезам, ама го оставам тоа се некст тајм.