Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Za Crazy in Love:)

Вака бидејќи не те познавам во приватен живот ќе се обидам преку аватарот,потписот и се што поврзано со тебе на форумов.

Ти си нежна личност која гори од љубов кон некого,знаеш да сакаш многу,да љубиш но секако таа љубов да ти биде возвратена во исти размери.Слободна си сакаш да примаш и даваш совети,ставаш аватари со нежни девојки,кои сепак покажуваат дека всушност тоа си ти.Сакаш да другаруваш да се дружиш со луѓето,едноставно ти си комуникативна личност која јас би ја сакал а и секој друг да му биде пријателка.И секој би бил среќник ако си ти таа која би го сакала.Едноставно неможеш да издржиш без љубовта.:smir:

Сеа за сеа толку од мене ако се спријателиме повеќе сигурно ќе знам друго да ти кажам. Важно е дека се потрудив дај плс сеа некој за мене:smir:
 
Скорпио_20

Тоа Скорпио го разбирам и навистина ценам Скорпии, луѓето кои најмногу ги сакам се родени во тој знак, но што ти требало тоа 20 не знам, па не си на мирц.
Но сепак нема врска кога некој малку подетално ќе те анализира ,првиот впечаток дека си некој нема блага врска од светот, ќе сфати дека е многу погрешен.:smir: Всушност твоите аватари се најубави...
Страсен и шармантен, толку силно уверен во својата сексуалност и потреба да освојува.Неодолива желба за задоволување на сопствените потреби, понекогаш и на останатите, зависи од тоа колку ти се важни.
Фураш некој твој филм, што е добро на денешно време кога сите се фураат во туѓи филмови.
Знаеш добро да се изразиш...забележлив си, тешко човек да те промаши.
Најважно за тебе, според мене, (освен сексот и љубовта) е убавината...се да биде уметност во твоите раце. ;)

Б.т.в. Може ли конечно една анализа од тебе...се изнамачив јас тука. :kesa::back:
 
Ако може некој збор-два за мене.:se_ molam:se_ molam:se_ molam
 
Penelopa напиша:
Ако може некој збор-два за мене.:se_ molam:se_ molam:se_ molam
Со 31 мислење? Не би рекол.

Читај ги правилата:
1) Мора да имаш над 100 мислења;
2) Мора да имаш анализирано ТИ некого прво.
 
Misticen src.... se gleda deka uzivas da drzis misteriozna aura okolu sebe, avatarot go kazuva istoto, maska zatskriena figura zad lap top. Potpisceto kazuva kolku sakas masinerii i jajca, instinktivno vikajki e neee, simbol na nepokorlivosta i neskrotlivosta na duhot..... Titulata administrator kazuva deka sakas da bides vo kontrola no tvojata ljubov kon pravdata te pravi dobar covek... vo kontrola..... Uzivas da fotografiras i kafeto go pies so edna lazicka seker. :kesa:
 
Falaaaaa

Marinka напиша:
Хех, ме насмеа со пар постови кои ги прочитав. Очигледно е некое бунтовно дете кое е далеку од задоволен од тоа што му го пружа нашава државичка. Се приврзуваа за работите и луѓето кои ги сака. Ужива да сака, а уште повеќе кога е сакан. Знае максимално да ужива во љубовта и никогаш не му е доста. Уште ужива во вниманието од мамичка. :cheeky1:Сеирџија е ама знае за доста, не претерува. Моментално му недостига нешто кое би му го свртело умот(девојка, настан:toe:). Мислам дека е од оние што мислат дека се секогаш во право :pos2:. Ми личи на човек со широки гледишта на светот:kesa:, секогаш отворен за новости, човек кои се обидува да ги разбере другите и... мислим да је доста
:smir:
фалала, се ми е погодено.
 
PSYtisfaction

Девојката која за кратко време ми стана доста добра пријателка,комуникативна,дружељубива личност со која лесно можеш да се опуштиш и да разговараш со неа на било која тема.
По природа бунтовна,го бара своето место во оваа фарса што ја водиме наречена живот,и добро и оди.За нејзина возраст има изградено и свој имиџ,се пронашла себе во поглед на став,карактер-што значи дека кај неа процесот на растење и созревање си ја завршил работата,што не е случај кај сите,некои и на 50тина години сеуште не знаат која е нивната улога во овој свет.
Имаш слатка појава,кој би рекол дека тоа девојче со насмевка која не можеш а да не ја забележиш,знае да возврати удар,и тоа издржан удар.Убиваш со зборови и со уникатното мислење што го имаш за одредена тема.Сето тоа помешано и со доза на,како што сама велиш,чуден смисол за хумор,те прави од оние личности кои не можеш да ги игнорираш и секогаш се полни со изненадувања,покрај тебе е грев да се рече-ми е здодевно.Сакаш и цениш искреност и лојалност кај луѓето,и од тој тип си-ако изгубиш доверба и некој те разочара,не би рекла дека ќе простиш.Ова го споредувам затоа што на некои им е доволно да преспијат и потоа како ништо да не се случило. Ако некој се осмели да го предизвика твојот мир,твојата гордост,ароганција-тешко него.
Девојка која на чуден начин ја сака слободата со доза на одредена граница што ја прави тоа што е,девојка на која не и треба тон шминка,мини сукна и деколте за да се`издвои`(лоша компарација од моја страна,но споредена со денешното менталитетно движење и што се прават тинејџерките за да бидат забележани...)ти си над тоа и мило ми е што запознав таков симпатичен ендемик како тебе.Би било интересно да ги поделам пуканките и килото кока кола на партија фолозофија и трач муабет со тебе.:)Продолжи така.

За поплаки и слични стФари-обрати се кај дежурниот секси секретар.
 
Razorblade Kiss напиша:

Со задоволство! :vozbud: Само ти дојди накај Скопје.:)

Фала за анализата, делумно е погодена, иако си заборавила да спомнеш неколку нешта, ко на пример дека сум крајно неодговорна. :pos:
Фала. :back:
 
Nikoj nejke da mi napravi psyhoanaliza zasto sum imal nasmevka kako mona liza:(
 
Стево сине, поезија се пишува на друго место.

ДА НЕ СЕ ПОВТОРУВАМ.....
 
Нови правила? Супер. Ги исполнувам условите.

Сакам анализа од Серпико и Бада Бинг.
 
:helou:

Форчун е момиче што е една од администраторките и ни ги менува титлињата. Гад блес хр.

Малце ти е женски потписот. но бидејќи си женско ти простуваме. Нешто си ми вљубена, во последно време доста замислена, некои работи на форумов знаеш да ги доживее прилично лично - иако не се. Аватаров би било лешперски да го анализирам 'дубоко' , све мислам од естетски причини ги ставаш, наоѓаш рендом женска фигура во некоја интересна поза. А тоа дека немаш девојка со расечени вени со престилизирана позадина не е лошо и е во поголема функција на убавината и нејзиното сфаќање. Така да ќе го баталам делот каде што ти кажувам дека тоа што типката гледа нагоре со косата преку очи симболизира желба за наоѓање на ќелав маж or something. (Fortune favors the bald :pos:)

Порано знаеше да пишуваш долги постови 'на тема', сега си во некоја фаза на контемплација која се манифестира на форумов во пишување банални (ме сфаќаш како) постови во музика, за врвење на времето и ништо повеќе... Никогаш немав чувство дека со тоа што го кажуваш ми гураш некое твое верување во грло нити дека се правиш паметна, само си го кажуваш (внимателно) мислењето. Ретко е ова, особено на форум, каде сите се праат авторитети на одредени проблематики, апсолутни познавачи на нешто.

Прилично си популарна меѓу членовите затоа што знаеш да толерираш, да не играш игра на памти-па-врати, да имаш трпение. Тоа очигледно кажува за твојата природа без да мора да серам и мафтам дополнително. Да не се лажеме, знаеш да сеирисуваш и шегуваш но во границите на вкусот и добриот дух :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom