Прво (најстаро) сеќавање

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
На едно 3-4 години, се сеќавам кога дедо ми се качуваше по скалите кон мене, а јас бев радосна бидејќи ми носеше подарок. Се затрчав по него и ги подадов рацете преку решетките на гелендерот од скалите. Ќе паднев од 3 кат долу да не беше дедо ми...
 
Баш пред скоро зборував со сестра ми за ова.
Инакуу јас се сеќавам на оној момент кога научив да си ги врзувам врвките од патиките, 4/ 5 годинки ако имав. Памтам колку само бев радоснаа. Знам имав темно плави патичиња со темни врвкии и стоев на влезната врата а околу мене беа мамичка и сестра ми, веројатно ме учеле како да ги врзувам ама јас од тоа се сеќавам убаво само на моментот кога успеав да ги врзам за прв пат врвките од патиките и онака знам дека бев многу среќна.:icon_bigg Но имам и постаро сеќавање се мислам дека тогаш имав 3 год.[затоа што знам не одев на училиште] кога доаѓаа братучедите на гости и знам јас се криев под маса, зашо ми беше срам од нив :pos:
 
Ми текнува кога имав 5 или 6 години седиме со моите во Идадија. зашто не сум можела да чекам да ги донесат ќебапчињата, почнав да викам по келнерот "сакам бапчињааааа". и тука следувало смирување од страна на моите да не викам толку дека брзо ке ми ги донесат ......толку за сега.
 
Се сеќавам како стојам во двор со едно топло вунено капутче, зимно време, имаше можеби пола метар снег и сеуште врнеше. Гледам нагоре (така можев со саати) како паѓаат снегулките...
 
Хм... најстаро сеќавање ми е со баба ми, лесна и‘ земја.
Не знам колку сум била, 3 или 4 години, повеќе не. Јас седам во дневната соба со неа, раката ми е во гипс, а таа седната до мене ме гушнала и ме теши.
 
Некој велат дека сум имал 3,други 5 години... Бев на поседок кај мои роднини во друг град. Бев во една флиперница која се наоѓаше наспроти зградата и доволно беше само да ја преминам улицата и да влезам во влезот,но јас си свртив надесно и се најдов некаде пред влезот на Дојран. Најинтересно беше тоа што одев и си плачев,а не ни размислував да се свртам и да се вратам. На моја среќа едни луѓе со Југо застанаа ме зедоа и ме вратија. Млекото што го испив потоа ми беше најслаткото во животот.
:smir:
 
:raz: Прво на што се сеќавам е бркот на гинекологот што ме извади од мајка ми. Гоце Делчев style.

Јбг, јака меморија имам.
 
Прво а и најстаро сеќавење ми е некаде кога имав 3-4 години , се секавам убаво тоа беше кога почина мојот прадедо на денот на погребот, се собраа луѓе во дворот а мене никако не ме пуштаа надвор да испаднам од соба тоа демек мал сум бил( а и бев хе хе) плачев многу, но не затоа што почина прадедо ми, туку што не ме пуштаа да идам на гробишта ....
 
На 3-4 години мајка ми ко ме седна на масата во кујна да ми го соблече дуксерот, несакајќи откорнувајќи ми една сипаница од веѓа o.o
Yeah, татко ми беше љут пошо ќе ми останела лузна цел живот...
А ја у суштина сум веома секси..
 
Се залетувам ја од дневна у кујна, спринт, изгасено светло, бам у ѕидот со чело директ, паѓање на гз и плачење. Иначе не ми се дупна главата...
 
На 4 години мислам дека беше. Го шетав кученцето и ми се испушти од рака каифчето. Се затрчав надоле по кучето по еден доста стрмен рид и почнав да е тумбам надоле едно 5-6 метра. Коленото ми беше крвишта цело од камен го имав удрено додека се тумбав. Среќа братучедите се симнаа ме однесоа дома. Ептен сум плачел :) Исто така на 5-6 години кога беше војната 2001 памтам од тераса со друбин ги гледав ,,талибанците'' облечени ко жени како бегаат по нивите карши Радишани, а војниците ги бркаат. И многу спомени имам од 2000-2001 на вести кога кажуваа за акциите. Исто така неколку пати имав отидено кај татко ми на работа пошто резервиста беше и ми беше интересно да ги држам калашот и пиштолот у рака. :pos:
 
Се сеќавам кога бев сперматозоид. Еех, тоа беа времиња. Мислам дека првиот пат, за малку што не излетав. Но добро е што мојот брат, ми кажа, внимавај има југословенски кондоми.
Не ги сакавме баш многу.Се засилуваш мислиш дека ќе стигнеш до јајце клетката, и мислиш дека си стигнал, кога одеднаш, се наоѓаш пак во исто место. Комунистичка пропаганда.
Се сеќавам додека бев сперматозоид,и кога бев во грција. Татко ми решил да прошета со мајка ми. Ја слушам мајка ми, каде што му вика на татко ми дека е премногу скапо во тој ресторан да седат, татко ми како и докажува дека пивото е поевтино... Убави времиња беа тоа.

По некој месец, без да знаам , некој ме испратил во јајце клетка со 5 ѕвездици. А таму, смештај што да ти расправам. Се боревме со брат ми, кој да оплоди прв, па игравме “кусо-долго“ па испаднав јас прв, па се согласи тој да се роди нешто подоцна и да бара друга јајце клетка. В стомак игравме карти, понекогаш покер, а понекогаш игравме и спортска, од типот, која храна ќе ја внеси мајка ми.

Тоа е најстарото сеќавање што го имам..
 
На првиот ден во градинка мислам. На 3 годишна возраст.
 
negde na 3-4 god se sekjavam koga me nosea na poseta na mojata baba vo bolnicata vo bt pred da pocine i se sekjavam deka me pogali po glavceto i me bacna za zal nabrzo taa pocina ali jas ne se sekjavam na ni edna druga slika na nea nitu i go znam glasot samo taa slika mi e ostanata
 
имав 3 годинки и се сеќавам дека ојдов на тераса и сите штипки ги фрлив. :icon_lol:
После ми стана навика не само што ги фрлал штипките туку и алишта одбесвев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom