Првиот работен ден! Ви текнува ли? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
За мене тоа беше пријатно искуство.Со колегите се пзнавав и пред да се вработам во МНТ па кога стапнав на работа малку работи се сменија а трема мислам дека и немав.
Е овде па во Белгија, се осеќам како зрно ориз стално кога ќе сменам работно место.Не знам зошто.
 
Мојот прв работен ден воопшто беше во Раде Кончар и тоа на проект на склопување на броила за згради. Од сите што дојдовме тој ден на работа јас бев најобразован за траа работа и ми дадоа да средувам жици?! Сепак за 2 недели ги прошетав сите циклуси и последните неколку дена беф во контрола на квалитет. ;)
Првиот ден во МекДоналдс ми беше мноогу напорен.
А глупост напраиф на првиот работен ден во нет кафето кај што работам и сега. Газдата ми даде кутија со скенер и ми кажа: Отпакувај и инсталирај. И јас откако отпакував го прашав на кој УСБ порт да го приклучам????
Газдата фрикна: Тони ти си вработен тука за да ги одржаваш компјутерите патем а не како колешките твои само да се грижиш за муштериите и хигиената :D
 
Uf Odamna bese epten bev zelen 15-6 god. kelner vo edno hard-rock-punk kafule kaj so odvaj me pustaja ama jas kako primeren punker :) uporno se pikav celo vreme i me vrabotija kako kelner na procent 5% se mi se cini bese, znam deka izlegov majnak uste edno 5% od tie 5% koj gazdata mi gi prosti.ottogas imam smeneto edno 4-5 raboti i 1den stalno mi izgleda kako da recam smotano. :)
 
Прва официјална работа каде што сум потпиал договор е кога имав 17 години и работев на сепарација (кај што се прави песок).....и тоа траеше два месеци (пошто ми се одеше на одмор) и така...пред тоа работев многу различни работи.......сега работам друго ........веќе 2 години......и така
 
не да ми текнува давање кацигата, лопатата една количка и чисти прашина - ова беше во Цементара
 
ТОПОТНИЦИ!!! официјално прв пат на работа се пикнав у МВР у печатница. пред да идам си викам WOW чевече ке работам у полиција...ама коа отидов со да видам гз преку глава е бе све се пие ракија,пиво,мезиња ЕТЕ ЗАШО МИ БЕШЕ ТОП
 
Прв работен ден на 03.05.07 у моја сопствена продавница за (пиратски) DVD филмови ... ама бев исполнет "стоткa" :), aма било и поминало, затворив после два месеци и ОП :) у интернет кафе, најинтересна работа eвр :) поздрав до моите колеги, шо работат и работеле у интернет кафе :)
 
Прв работен ден не е можно да не ми текнува,на 15 години,не ми се одеше на одмор и им викам на моите јас сакам да работам нешто,и отидов у еден малски кафич(обично таму се собираа 23-24+) и му викам на газдата(кој патем се познаваше со татко ми) вака и вака јас сакам летово да работам нешто досадно ми е,и ми се врти ми вика си држел ајнцер во рака (прв пат слушнав дека така се вика чудото) јас ко од пушка да,ајде ми вика дојди утре втора смена па ќе видиме како ќе оди.Утредента јас во 17 на работа :) трема да не укакам нешто и да не искочам мањак леле мори мајко,немаше тогаш фискални уште се ручно маркирање,и една фуфа со дечкото доаѓа нарачува Финландија а тој Шток,и јас одам на шанк нарачувам Смирнов и Коњак :icon_lol: колегата ми вика сигурен ли си не пијат овие двајца тоа ај иди препрашај(пошто малски кафич и ќе запамтиш кој што пие),јас одам прашувам се враќам и викам абе сигурно тоа е (идиот) и на крај пред да стигнам до масата да оставам пијачките ги истурив у ајнцер :icon_lol: е после тоа беше подобро,и си останав таму да работам не само 3 месеци туку цели 5 години :wink:
 
Ова лето работев во една фирма како секретарка две недели и супер беше.
 
Првиот работен ден нема да го заборавам никогаш штотуку се бев вратил од војска и онака шворц без пари се вработив у казино отидов на работа у 6h вечерта а се вратив дома у 6h сабајле пусти комарџии не те пуштаат да затвориш(бакшишот беше солиден) и заглаив у казиното 5год.
 
Изгубен случај, ме ставија позади шанк со 100 видови алхохоли, и 30 мин ми го тупеа ова вака ова вака ова вака, да делував изгубено, и нервозно, а и масата на луѓето и нивните нарачки желби ме побудалуваа,
но после 2-3 дена сфатив дека, таа работа некако ме исполнува, и дека треба да сум тој јас истиот , опуштено , комуникацијата на високо ниво и се ке биде во ред,
До ден денес е така и се подобро се снаоѓам позади шанковиве во скопскиве дискотеки, :)
 
Првиот работен ден-ХАОС-тотално збунета и радосна во истовреме.
 
Хммм првиот работен ден тоа беше пред неколку дена :helou: во една фирма за поштенски услуги :) преку партија ми се јавија да отидам таму во 9 сабајле отидов и немав појма што треба да се работи само знаев дека е нешто со пликоа :) бевме околу 20 луѓе никого не познавав додека сите работеа ја 1 саат дремев си одмарав таму и после тоа ми дадоа некоја работа да хефтам пликоа :) првиот ден заебано ми беше не работата туку тоа што никој не познавав ептен малце муабетев наредните денови ми тргна муабетот скоро со сите за работа ми даваа да подредувам пликоа по азбучен ред по општини да бројам и тоа работава ја работев 4 дена :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom