Првата плата...

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
После толку години зависење од вашите родители, прв пат имате пари кои сте ги заработиле со сопствен труд.
На што би или за оние кои веќе работат, на што сте ја потрошиле првата плата?
Како сте се чувствувале кога ви го дале пликот ( или што во што и да ви ги дале ) со вашата прва поголема заработка?

На ова ме инспирираше еден муабет...
Татко му на Тоше премногу сакал една кола ( не знам точно која марка беше ) и Тоше со првите заработени пари ја купил колата, дошол до Крушево и му ги дал на татка си клучевите.

Дали вие би ги потрошиле на подароци за најблиските, да отидете еднаш асално во шопинг, да ги платите сметките:) или нешто сосем друго?
Или можеби тој момент воопшто не ( би ) ви бил нешто посебно?

Јас здравје, да најдам работа ( има време :) )... претпоставувам дека ќе ми биде жал да ги потрошам.:hehe:
 
епа .. се сеќавам само дека од првата плата си купив едни големи убави Philips слушалки .. а другите пари ваљда отишле за частење (ееее прва плата ајде частењеее) :)
инаку .. сега здравје кога ќе почнам пак да работам, ќе се трудам што можам повеќе да заштедам некој денар за да си реализирам некои сонови и желби ..
 
Затоа што годинава ќе дипломирам(се надевам) претпоставувам дека годинава ќе се вработам(се надевам). Ваљда со диплома ќе зеам поголема плата од просечната па ќе можам да идам до германос да си купам сони 3 PES2008 и наредни месед дена ќе се социјализирам со сонито.:pipi:
 
Ах, веќе го имам почувствувано тоа и беше овака :
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:сеа да ве видаааам нема ли да ми давате повише пари за искачање!!!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

хахахаххахахахахахахахах, си купив камера за компјутерот и фармерки.... :)
а инаку порано... кога си фантазирав, а и сега... на пр ( еј ако си го завршам факултетот шо го сакам, ако се вработам.. првите заштедени пари шо ќе ги имам ќе и овозможам на мама едномесечен целосен третман на тело и лице или ќе и купам кола на мама, (слично како тошката ) одсекогаш сакала кола бидејќи вози, и еднаш имаше прилика да се потсети на возењето и кога видов колку ужива во тоа посакав да има... ама нема :toe:.... и тогаш си замислив дека можеби еден ден ќе ја израдувам... можеби )... ... и така
 
Ќе ја спиздам за нешто за гитарата. Сто посто. :)
 
Првата плата...
Отиде поголемиот дел од неа по делови за кола, еден дел се испи, а остатокот за кафе и цигари...
Од другата работа која ја имав, првата плата не се сеќавам каде ја потрошив, но најверојатно во купување на некои работи околу средувањето на станот.(баш пред женење беше)
Првата плата од третата работа ми отиде во купување подароци на жената и детето, и дел за семејни трошоци, а од четвртата работа (актуелна во моментов) пак подароци за најблиските и за семејни трошоци. Частењето на блиските луѓе не го сметам за трошок.
 
зависи до платата.. но каква и да е (голема или мала) нормално ке частам и ке им купам на најблиските по нешто.. иначе сакам да си купам стан да си зивеам на раат .. што сакам да си праам :)
 
prvata plata ja dobiv ova polugodie sto pomina i si ja potrosiv za odmor vo grcka, normalno mama i tato dodadoa nesto za zdeparac.
 
Првата плата јас ја добив во летото.. работев еден месец во продавница и заработив околку 8000 денари.. За подароци не купив на никој, купив тоа што ми беше мене најпотребно во моментот а другите (скоро половина) ги потрошив за време на викенди.. во честење на моите другари.. пиење во кафичи и така.. па за тоа се парите.. еднаш се живее..
 
Auuuu... odamna beshe...... edna ubava bluza i drugite si gi staviv na banka, si otvoriv smetka togash, mnogu ubavo se osekav koga pochuvstvuvav kako se zarabotuvaat pari, pochnav domakinski da razmisluvm, ednostavno ne mi se davaa da gi potrosham taka lesno, ne bea mnogu ama bea moi i bea prvi!
 
Хм, првата ''плата'' отиде за одмор, нерезонско трошење.

Сега оваа што треба да стигне набрзо, е во вистинска смисла на зборот плата. Ќе оди во менувачница, па ќе се смени бојата на банкнотите и ќе станат помалку... па ќе одат во банка, на штедна книшка. Домаќин. И адет, се разбира.
 
Сум немал баш прва плата плата....летоска нешо работев со мама у фирма (наша приватна фирмичка) и ако се важи тоа тогаш.....си купив ролери и преден бандаж со се диск за точакот :pos:
 
Права плата сум немал имав 6-7 дневници ситни и отидоа на шанк за 2 ноќи..Сега бркам за озбилна плата а она кај ке иде ке видиме
 
Поради тогашните услови за живот, немањето пари и целата тогашна ебана ситуација ме примораја да работам.

И да си ја добијам својата прва плата

во 7 одделение.

Животот не е фер нели?
 
Првата плата беше кога завршив 7 одделение летото отидов со дедо ми работевме нешто и за 3 месеци околу 20 000 заработив, а ги истрошив сите на гардероба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom