Првата љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrue
  • Време на започнување Време на започнување
Сега сум 17, тоа се случи пред 3 години...

па види вака..можеби тоа ти било најубаво искуство и најубави минати мигови кои можеби ќе бидат надминати од некои уште поубави и со некоја која ќе ти стане уште помила од неа.А можеби и не си задоволен од сегашната девојка,не чувствуваш дека тоа е она што те исполнува.Доколку е така подобро излези од неквалитетна врска и не го замарај девојчето залудно,доколку не ја сакаш и не се гледаш во здрава врска со неа(сепак 17 години се доста чувствителен период).Направи една добра споредба-дали чувствата кон тоа што ти се десило пред три години се толку силни да ставиш крај на врската(незнам колку е сериозно) и да и кажеш се в лице да ти се олесни,што ќе биде ако те одбие,што ако бидне нешто :) со среќа
 
За вечна, да, ја памтиш засекогаш.

Вистинска, зависи за каква прва љубов станува збор. Дали кога си бил мал, таа прва тешко да е вистинска затоа што како мал не разбираш многу работи... или пак кога си бил малку поголем и си ја почуствувал вистинската љубов, а ти била воедно и прва. Можеби ќе остане и вечна доколку ја негуваш и чуваш...

Сепак, се' зависи од личноста.
 
Една е љубовта и вечна во тоа нема сомнеж, само што не се разликува како прва, втора итн. Може да се појави во секој момент (или постојано да трае што е ретко), и повеќепати во животот и секогаш кога ќе се појави е прва баш затоа што е вечна и затоа што навиката знае да ја згуши па да исчезне.
Само што разликата е во тоа што ако таа т.н. прва (која се појавила за прв пат во нечиј живот) се претвори во врска или брак, повторното појавување (на љубовта, најчесто кон друг...што не мора да значи дека исчезнала кон претходниот) ќе биде доживеано и осудено како зло, неверство, или какои да е...битно човекот не баш заслужува да го почувствува тој боженствен подарок затоа што се помочува на него секогаш кога ќе се обиде да ја (на моменти осуди), заклучи и зароби само за себе.
Како и да е, на крај претежно скоро сите завршуваме бркајќи го змејот...
 
Да не бев заљубена сега ќе речев дека првата љубов е и последна, и дека нема замена за неа, и дека е единствена...итн итн :)
Дефинитивно не е последна, и дефинитивно не се сака само еднаш и веќе никогаш. Но има нешто посебно во таа прва љубов. Барем кај мене има посебно место во мојот живот тој период. Соочување со првите посилни чувства за некого, посветување на секоја секунда само на тој некој, мислите насочени само кон таа страна, планови да се освои, уживања во миговите кога веќе сум била со него...Многу години поминаа, но сеуште кога ќе ми текне на таа прва љубов срцево знае силно да зачука исто онака како што и тогаш за прв пат така чукало :)
 
Прва љубав заборава нема.
Или чекај, има?!

Јас не се сеќавам, но ако за момент се подзамислам...

Поучно видео.
Џиџи и Ромео за љубовта и врските
 
па види вака..можеби тоа ти било најубаво искуство и најубави минати мигови кои можеби ќе бидат надминати од некои уште поубави и со некоја која ќе ти стане уште помила од неа.А можеби и не си задоволен од сегашната девојка,не чувствуваш дека тоа е она што те исполнува.Доколку е така подобро излези од неквалитетна врска и не го замарај девојчето залудно,доколку не ја сакаш и не се гледаш во здрава врска со неа(сепак 17 години се доста чувствителен период).Направи една добра споредба-дали чувствата кон тоа што ти се десило пред три години се толку силни да ставиш крај на врската(незнам колку е сериозно) и да и кажеш се в лице да ти се олесни,што ќе биде ако те одбие,што ако бидне нешто :) со среќа
Сум имал уште многу многу други убави моменти, но секогаш останало ова потсвесно и покрај се пак се наоѓа во моите мисли.. Во секој случај ти благодарам :)
--- надополнето: 4 мај 2012 во 19:44 ---
Да не бев заљубена сега ќе речев дека првата љубов е и последна, и дека нема замена за неа, и дека е единствена...итн итн :)
Дефинитивно не е последна, и дефинитивно не се сака само еднаш и веќе никогаш. Но има нешто посебно во таа прва љубов. Барем кај мене има посебно место во мојот живот тој период. Соочување со првите посилни чувства за некого, посветување на секоја секунда само на тој некој, мислите насочени само кон таа страна, планови да се освои, уживања во миговите кога веќе сум била со него...Многу години поминаа, но сеуште кога ќе ми текне на таа прва љубов срцево знае силно да зачука исто онака како што и тогаш за прв пат така чукало :)
Дефинитивно имаме нешто слично во она што го чувствуваме, но сеуште имам дилеми да и кажам како стојат моите емоции или не?
 
Еве дел од мојата приказна...

Иако постара од мене за само 6 месеци тоа никогаш не беше пречка јас и таа да бидеме пред се пријатели, другари, да си бидеме дел од животот без кој не би можеле и двајцата.
Заедно ги научивме основните цели во животот, заедно имаме поминато премногу време, премногу моменти, добри, лоши, среќни, тажни, секогаш бевме и сме еден за друг "тука".
Со неа ми почнува секој ден, со неа ми почнува секоја мисла.. таа ми е инспирација, таа ми е мотив, таа ми е цел, таа ми е форма на нешто совршенство.
Беше лето седевме кај неа дома и гледавме романтичен филм, еден покрај друг опуштено си лежевме, кога главниот лик ја бакна својата девојка, посакав и јас да го сторам истото, иако мислев дека или ќе ме удри или ќе се налути го сторив тоа и продолживме, сето тоа траеше само неколку дена и прекина....
Од тогаш почнаа сите мои потреби од неа, сите мои емоции, она заразно чувство кога ќе си заедно со тој што го сакаш...
Еве по многу изминато време иако сакам немам шанса да и го кажам сето ова, таа има момче, јас си имам девојка, се “плашам’ како би изреагирала..
Мислев дека е минливо, но не е.. сега кога и да ја видам мене ми се враќаат сите тие емоции, чувства, повторно ми е во главата и по неколку дена... :S

Во најкратки црти :
Немат потреба да и го кажиш тоа , затоа шо единствено шо ќе постигниш е тоа шо ќе дознајш(иако то и самиот си го знајш) дека таа те доживеала на поинаков начин од твојот и на крај ќе западниш во безпотребни бедови. Истово важит не само за првата туку и за која било мината љубов...пошо ако и таа те доживеела на истиот начин како и ти , сигурно ќе бевте сеа заедно .

Едноставно немат потреба од навраќање во минатот,шо побрзо се помириш со него тоа подобро.

Ето шо се дешават со мене после 20 сати без сон...филозофирам ....и пишам нон сенс-ови.
 
Еве дел од мојата приказна...

Иако постара од мене за само 6 месеци тоа никогаш не беше пречка јас и таа да бидеме пред се пријатели, другари, да си бидеме дел од животот без кој не би можеле и двајцата.
Заедно ги научивме основните цели во животот, заедно имаме поминато премногу време, премногу моменти, добри, лоши, среќни, тажни, секогаш бевме и сме еден за друг "тука".
Со неа ми почнува секој ден, со неа ми почнува секоја мисла.. таа ми е инспирација, таа ми е мотив, таа ми е цел, таа ми е форма на нешто совршенство.
Беше лето седевме кај неа дома и гледавме романтичен филм, еден покрај друг опуштено си лежевме, кога главниот лик ја бакна својата девојка, посакав и јас да го сторам истото, иако мислев дека или ќе ме удри или ќе се налути го сторив тоа и продолживме, сето тоа траеше само неколку дена и прекина....
Од тогаш почнаа сите мои потреби од неа, сите мои емоции, она заразно чувство кога ќе си заедно со тој што го сакаш...
Еве по многу изминато време иако сакам немам шанса да и го кажам сето ова, таа има момче, јас си имам девојка, се “плашам’ како би изреагирала..
Мислев дека е минливо, но не е.. сега кога и да ја видам мене ми се враќаат сите тие емоции, чувства, повторно ми е во главата и по неколку дена... :S
i think that you need to marry her,good luck.
 
Бидејќи си многу млад, од искуство ќе ти кажам, ако е искрена љубовта, може да трае долги години. Без оглед што е прва. Но...
Не за џабе рекле - времето лечи се. Ќе дојде ден кога ќе ја сретнеш и ќе сфатиш дека пеперутките во стомакот повеќе не „летаат“, но ако љубовта била длабока, на девојката секогаш ќе гледаш со симпатија и ќе се радуваш ако е среќна.

п.с. Ако барем малку мислиш дека и таа негува некакви чувства кон тебе, биди храбар и пробај да се избориш за љубовта која толку ти значи. Можеби ќе те „откачи“, а можеби и цел живот ќе жалиш што не си се осмелил да пробаш.
 
Сега сум 17, тоа се случи пред 3 години...
Кај мене исто! и таа љубов премина во омраза ама сеуште боли(зборувам за прв пат заљубување не симпатиии од детство)
 

Беше сета одлична никако четворка се петки, сега две ќерки има мали деца исти како нејзе русокоси сите :icon_lol:, тоа е слабост ми се ама љубав проџе :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom