Првата чисто македонска пара е бронзената на кралот Аминта Трети

  • Креатор на темата Креатор на темата MacedonianSun
  • Време на започнување Време на започнување

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Овие денови беше промовирана книгата "Историја на Македонија" од чешките автори историчари Јан Рихлик и Мирослав Коуба.

B9B2D75AF0AD5440A44F160DE48DF055.jpg


Првата чисто македонска пара е бронзената на кралот Аминта III (393-370/369), овој податок и многу други факти за Македонија низ вековите се запишани во книгата "Историја на Македонија" од чешките историчари Јан Рихлик и Мирослав Коуба.

Во обемниот научен труд од над 600 страници може да се дознае дека најмладиот син на кралот Аминта, Филип II ја вовел познатата македонска фаланга и го започнал проширувањето на македонската држава; Во јуни 222 г. пр.н.е. македонската војска постигнала решавачка победа и Спарта капитулирала; Во јуни 197 г. пр.н.е. кај ниската планина Киноскефалај македонската војска претрпела невиден пораз: од осумнаесетилјадна армија, 8.000 војници биле убиени, а 5.000 заробени. За царот Василиј I (867-886) во книгата се вели дека од него била формирана династија што владеела до 1056 г., која била нарекувана "македонска династија". Авторите во стручниот труд уште пишуваат: "Дали Македонците на почетокот биле всушност Грци, како што има тенденција во новиот век да тврди грчката наука, или биле поблиску до Тракијците не може да се каже со точност", како и: "Самото грчко население на Пелопонез своите "македонски роднини" не ги сметале за Грци".

Професорите Рихлик и Коуба, кои на промоцијата ни се обратија на симпатичен македонски јазик, потенцираат и дека античките автори биле свесни за одредената различност на Македонците од Грците и тоа уште во 5 век од нашата ера. Во книгата се пренесени историски податоци од праисторијата до 2002 година.

Исто така во книгата се пишува од праисторија до поновата историја т.е. 2002 година.

За Ѓорѓија Пулевски (1820/1828-1895), се пишува дека е автор на јазични, речнички прирачници и дека во 1880 г., во Софија ја издал македонската граматика "Славјанское население - македонска слогница речовска". Рихлик и Коуба потенцираат: "Пишувал на чисто народен македонски јазик". А од чешкото присуство на нашите простори го издвојуваме записот на конзулот Знојемски, кој во официјален документ од 1928 година запишал: "Во својата суштина, сепак, ова население не е ниту бугарско, ниту српско. Националниот однос на Македонците кон Србите и кон Бугарите би можел да се споредува како односот на Белорусите кон Русите".

BF2C66D9CBC4304AB6031E4420B55E2A.jpg


Браво за нашите пријатели од Чешка, не му е сеедно некој да ја искривува историјата.
Некој да знае поопширно за првите чисто македонски пари во тој период?

Извор
 
Секоја чест...
 
Браво за историчарите, ама ме интересира што точно треба да значи "чисто македонска", во реченицатa: "Првата чисто македонска пара е бронзената на кралот Аминта Трети"

Дали парите на македонските владетели пред Аминта Трети не биле чисто македонски? Еве еден пример:

Пара на Аминта Трети

Macedonian+coin+20.png
Macedonian%2Bcoin%2B20.png


Пара на Архелај Први

Macedonian%2Bcoin%2B35%D0%BA%D0%BD.png


Има голема сличност меѓу двете. Онаа на Аминта Трети е од периодот 393–370 пне, а онаа на Архелај Први е од периодот 413-399 пне, те постара, следователно попрва од првата (според историчарите)
 
Ова се пари од егејскиот дел на Македонија, во антично време.

k21.jpg


k25.jpg


k23.jpg


egea.jpg


k24.jpg
 
Братучедка ми сака да отвора ресторан во Германија ми побара совет за предлог за некое име кое ќе им звучи добро на Германците и кое ќе можат да го читат лесно а ќе биде акедонско и со некое значење. Првото што ми падна на памет е Ресторант Аминта. Барав по интеренет нешто да најдам за дедо му на Александар влегов во Википедиа и на мое зачудување за Аминта има кратки текстови на многу јазици меѓу кој и македонскиот јазик но нема ништо напишано на Грчки. Според мене многу чуден пропуст со оглед на тоа колку им е слина пропагандата и колку се концентрирани токму на античката историја.
 
Братучедка ми сака да отвора ресторан во Германија ми побара совет за предлог за некое име кое ќе им звучи добро на Германците и кое ќе можат да го читат лесно а ќе биде акедонско и со некое значење. Првото што ми падна на памет е Ресторант Аминта.
Татко му на таткото на воинот со коњ. Ова се на германски, разбира се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom