- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Сензационален почеток на новиот ден. Навика која прерасна во прекрасно уживање и која ме тера да творам без посебна причина. Можеби подоцна некој нема да го цени тоа, или да ужива во мојата благосостојба како што јас сам уживам додека се будам поетски, претопен во сончеви зраци и потопен од голем бран морска пена кој прави да се чувствувам како средновековен чудак со наведната глава. Фантастичен и разочаран од светот истовремено.
Сепак, мојата авантуристичка страна која тешко се буди, овој пат жива и клоца. Прекрасно сонце, слика ко почеток на расказ од средношколски малоумник, и јас во неа како клише јунак, смело се клацкам на калдрмата која веќе домашните ја гледаат како обичен сокак во кој нема ништо посебно. Тоа е убавината на странецот, секогаш работите ги гледа вистински, од аголот на кој заслужуваат да бидат видени. Затоа и во својот сопствен град се чувствувам често како странец, помеѓу луѓе кои не се мои, помеѓу згради кои не ги чувствувам блиски, за можам да ги видам на вистинскиот начин, бидејќи сепак ги сакам.
Мх, повеќе тоа не ми успева во сите градови на планетата, штета навистина, иако моето срце е секогаш расположено за врвот, а разумот секогаш го оставам во темниот сокак за да не може да се снајде и врати, да не ме измачува и притиска, и секогаш успешно го следам булеварот на леснотијата, патот на страдалниците кои уживаат да бидат без своето вистинско јас.
Калдрмата, автобусот, станицата... тоа сум јас, тоа е она што ми се допаѓа. Калдрмата е темелот, автобусот е патот, станицата е насмеано лице, секогаш, без исклучок. И кога би ја видел поинаку, ќе се насмеам за неа, бидејќи знам дека со мојата насмевка таа прекрасна душа ќе се претвори во феникс, а тоа е она за кое живеам... убави луѓе. Штета што не сите сакаат да бидат убави. Одам кај убавите луѓе, бидејќи насмевката е како утрешнава калдрма, бесценета.