Против ваша волја!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
пак не кажа, зошто таткоти сака да земе пасош, што планира да направи со него...

Од кај да го знам, сигурно планира да оди некаде надвор од земјава. Ниту сум го прашал конкретно што планира ниту пак ме интересира.
 
Само едно чекам да наполнам 18 години..после ако сакаат домашнве по 10 да си направат!
 
Абе овдека имаш мислам шанса да се откажеш ти од него па така да немаш никава врска со неговата постапка. Плус и да те пишат дека си Бугарин ти декларирајсе дека си Македонец што има луѓе родени тука и за пари или пасоши се лупаат дека се Бугари затоа што така се чуствувале
 
Темава ја отворам после долго расправање и дебатирање со домашните во врска со вадењето на Бугарски пасоши. Имено, татко ми решил да вади Бугарски пасош, и тоа се ок, негово право си е што сака да биде и каков сака да биде. Но, она што мене страшно ме фрустрира и ме вади од кожа е тоа што за тој да извади Бугарски пасош треба да се изјасни дека самиот е Бугарин, дека неговата сопруга и деца се Бугари, дека неговите браќа и сестри се Бугари, дека има Бугарски корени, а всушност ги нема и ред други такви глупости. Но мене најмногу ме мачи прашањето:

Зошто некој друг да одлучува јас што да бидам?

Ова воопшто не ми се допаѓа и страшно ме нервира! Се испокарав дома со моите за тоа кој им дава ним право тие да одлучат за мене? Затоа вечерва решив да ја отворам темава, да споделам со сите што всушност мислам и дали има и други како мене.

Најмногу ми е жал што тој не го почитува моето мислење и пред се моето право на самоопределба и волја и немоќен сум, неможам да преземам ништо во врска со тоа!

Look. The truth is, I am your father.
 
Од кај да го знам, сигурно планира да оди некаде надвор од земјава. Ниту сум го прашал конкретно што планира ниту пак ме интересира.
како бе не те интересира што сака таткоти да направи. мислиш тој таму ќе оди на одмор ?
Ок, не поддржуваш менување на државјанство но за некои работи национализмот или патриотизмот знаеш не го носи лебот на маса, патиките на нозе, топлата јакна за зимава или многу други работи... стави се на негово место и размисли кој е поводот за да единствено решение за некои работи биде одење во странство на верувам повеќе од 35-40 години колку има најмалку таткоти... за некои работи пред да обвинуваш било кого а посебно сопствениот татко треба да сватиш што значи родител... Родител не сум ни јас но сметам дека создавањето на услови за сопствената фамилија да ума убав живот и развој сносат и одредени ризици и одкажувања кои верувај никој не би сакал да ги сноси и трпи ако има можности да се одбегнат... Разговарај со човекот... кога веќе овај муабет можеш да го кажуваш вака јавно на форум сигурно можеш да го направиш и со таткоти ... не сакам да звучам глупо но она видеото со тато колку чини една твоја дневница да бидиш слободен е баш како создадено за муабетов...
 
Тоа го знам. Мене не ми се допаѓа тоа што ќе ме пишува во Бугарските архиви дека сум син на Бугарин, имам Бугарски корени итн. Инаку јас Бугарски пасош и државјанство никогаш не би земал.
Види другарче, за ова си во право. Ќе бидеш запишан во бугарски архиви, ќе има документ со потпис на татко ти дека си блгарски происход и се што следува на тоа. Проблеми со тоа ќе си имаш доколку стигнеш до некоја битна позиција во државава. Тогаш ќе ти се јават Бугарите со непристојни предлози и закани. (Се надевам дека нема да ме цитира некој Бугар и да тврди дека тие не прават такви работи и слични патетики. Однапред благодарен.)

Ама пак, од друга страна, ако татко ти нема никаква друга алтернатива за да ви обезбеди финансиска стабилност треба да го разбереш...
 
како бе не те интересира што сака таткоти да направи. мислиш тој таму ќе оди на одмор ?
Ок, не поддржуваш менување на државјанство но за некои работи национализмот или патриотизмот знаеш не го носи лебот на маса, патиките на нозе, топлата јакна за зимава или многу други работи... стави се на негово место и размисли кој е поводот за да единствено решение за некои работи биде одење во странство на верувам повеќе од 35-40 години колку има најмалку таткоти... за некои работи пред да обвинуваш било кого а посебно сопствениот татко треба да сватиш што значи родител... Родител не сум ни јас но сметам дека создавањето на услови за сопствената фамилија да ума убав живот и развој сносат и одредени ризици и одкажувања кои верувај никој не би сакал да ги сноси и трпи ако има можности да се одбегнат... Разговарај со човекот... кога веќе овај муабет можеш да го кажуваш вака јавно на форум сигурно можеш да го направиш и со таткоти ... не сакам да звучам глупо но она видеото со тато колку чини една твоја дневница да бидиш слободен е баш како создадено за муабетов...

Мене ми е најмногу криво што татко ми пред 3-4 години кога ги поминавме најтешките времиња во животот не се одлучи на таков чекор а сега кога сум и јас полнолетен и работам, си заработувам за мене доволно добро за да можам самиот да се издржувам сега му текна на вакви глупости.
--- надополнето: Nov 20, 2011 11:48 PM ---
Види другарче, за ова си во право. Ќе бидеш запишан во бугарски архиви, ќе има документ со потпис на татко ти дека си блгарски происход и се што следува на тоа. Проблеми со тоа ќе си имаш доколку стигнеш до некоја битна позиција во државава. Тогаш ќе ти се јават Бугарите со непристојни предлози и закани. (Се надевам дека нема да ме цитира некој Бугар и да тврди дека тие не прават такви работи и слични патетики. Однапред благодарен.)

Ама пак, од друга страна, ако татко ти нема никаква друга алтернатива за да ви обезбеди финансиска стабилност треба да го разбереш...

Не е финансиската состојба толку критична да мора да се одлучи да такво нешто, па макар и газот да си го продаде под ќирија само за некој денар плус.
--- надополнето: Nov 20, 2011 11:49 PM ---
Look. The truth is, I am your father.

Look, if you have something smart to say, say it. If not, shut up!

Доста ми е од сезнајковци и луѓе кои ги бие на шала и иронија кога на некој стварно му е тешко и има проблеми.
 
Не е финансиската состојба толку критична да мора да се одлучи да такво нешто, па макар и газот да си го продаде под ќирија само за некој денар плус.
Тогаш дефинитивно е некоја носталгија по убавите времиња во старата држава, кога сите имале пари за одмор, биле еднакви и остатокот од тој муабет. Сега е разочаран од државата во која живее и мисли дека бугарскиот пасош може да му ги врати тие времиња назад со тоа што би работел во странство и би заработувал многу... Ако ова е проблемот тешко ќе го разубедиш.
 
Тогаш дефинитивно е некоја носталгија по убавите времиња во старата држава, кога сите имале пари за одмор, биле еднакви и остатокот од тој муабет. Сега е разочаран од државата во која живее и мисли дека бугарскиот пасош може да му ги врати тие времиња назад со тоа што би работел во странство и би заработувал многу... Мислам дека ако ова е проблемот тешко ќе го разубедиш.

Воопшто не се ни потрудив да го разубедам, видов дека нема да успеам во тоа. Патем, пред пола час отиде за Софија, веќе е отиден во неповрат.
 
Мене ми е најмногу криво што татко ми пред 3-4 години кога ги поминавме најтешките времиња во животот не се одлучи на таков чекор а сега кога сум и јас полнолетен и работам, си заработувам за мене доволно добро за да можам самиот да се издржувам сега му текна на вакви глупости.
Toгаш разговарј со него, пробај да му кажеш дека може многу повеќе да ти помогне ако е тука со тебе одколку да оди некаде... основата на се е разговорот, ако тој го нема се е отидено у три пм...
 
Toгаш разговарј со него, пробај да му кажеш дека може многу повеќе да ти помогне ако е тука со тебе одколку да оди некаде... основата на се е разговорот, ако тој го нема се е отидено у три пм...

Воопшто не се ни потрудив да го разубедам, видов дека нема да успеам во тоа. Патем, пред пола час отиде за Софија, веќе е отиден во неповрат.
 
Воопшто не се ни потрудив да го разубедам, видов дека нема да успеам во тоа. Патем, пред пола час отиде за Софија, веќе е отиден во неповрат.
си пишал во меѓу време... видо , заминал заминал... рече дека си полнолетен... нека не ти е гајле за тоа дека ти ќе си демек бугарин, тоа нема да биде во никој случај.... битно сега според мене е да ако по таму некое време тој го земи пасошот го убедиш дека фамилијата треба да е на едно место а не раштркава некаде... ти треба фамилија за да здравје во иднина и ти основаш фамилија...
 
Воопшто не се ни потрудив да го разубедам, видов дека нема да успеам во тоа. Патем, пред пола час отиде за Софија, веќе е отиден во неповрат.
Незнам што да речам тогаш. Се надевам дека да му ја извадиш ова одлука низ нос доколку не успее во тоа што намислил (веројатно и нема, штом ти имаш 20, тој е престар за да успее во странство).
 
Се движи накај 50ката....'63 е роден, 48 години е. И јас би сакал да не добие Бугарско државјанство и пасош, но овие татариве се како комарци, додека можат, додека имаат уште време ќе присвојат колку што можат повеќе народ. Најжално е тоа што не се само Македонците дојдени до овој степен, има и луѓе од други држави што го прават истото. Србите, Црногорците, Унгарците и ред други се залепени за Бугарските пасоши како муви на гомно...Pardon my french....
 
Не би сакал да се најдам во ваква ситуација, ако се најдам исто би реагирал како тебе :unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom