Темава ја отворам после долго расправање и дебатирање со домашните во врска со вадењето на Бугарски пасоши. Имено, татко ми решил да вади Бугарски пасош, и тоа се ок, негово право си е што сака да биде и каков сака да биде. Но, она што мене страшно ме фрустрира и ме вади од кожа е тоа што за тој да извади Бугарски пасош треба да се изјасни дека самиот е Бугарин, дека неговата сопруга и деца се Бугари, дека неговите браќа и сестри се Бугари, дека има Бугарски корени, а всушност ги нема и ред други такви глупости. Но мене најмногу ме мачи прашањето:
Зошто некој друг да одлучува јас што да бидам?
Ова воопшто не ми се допаѓа и страшно ме нервира! Се испокарав дома со моите за тоа кој им дава ним право тие да одлучат за мене? Затоа вечерва решив да ја отворам темава, да споделам со сите што всушност мислам и дали има и други како мене.
Најмногу ми е жал што тој не го почитува моето мислење и пред се моето право на самоопределба и волја и немоќен сум, неможам да преземам ништо во врска со тоа!