Против ваша волја!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Темава ја отворам после долго расправање и дебатирање со домашните во врска со вадењето на Бугарски пасоши. Имено, татко ми решил да вади Бугарски пасош, и тоа се ок, негово право си е што сака да биде и каков сака да биде. Но, она што мене страшно ме фрустрира и ме вади од кожа е тоа што за тој да извади Бугарски пасош треба да се изјасни дека самиот е Бугарин, дека неговата сопруга и деца се Бугари, дека неговите браќа и сестри се Бугари, дека има Бугарски корени, а всушност ги нема и ред други такви глупости. Но мене најмногу ме мачи прашањето:

Зошто некој друг да одлучува јас што да бидам?

Ова воопшто не ми се допаѓа и страшно ме нервира! Се испокарав дома со моите за тоа кој им дава ним право тие да одлучат за мене? Затоа вечерва решив да ја отворам темава, да споделам со сите што всушност мислам и дали има и други како мене.

Најмногу ми е жал што тој не го почитува моето мислење и пред се моето право на самоопределба и волја и немоќен сум, неможам да преземам ништо во врска со тоа!
 
Епа сега,кај пто има сила нема правдина пријателе.
Кога веќе мора,ќе се пишеш,што да правиш.
 
1. Не е точно дека менуваш национална определба за да извадиш пасош од соседна Бугарија.
2. Не можеш некому да му наметнеш како да се изјаснува на национална основа.
3. Како можеш ти да му кажеш на татко ти што да прави?
 
Ako mora i ako treba zemi i air da vidis od nego.
AMA OSTANI MAKEDONEC.
 
Темава ја отворам после долго расправање и дебатирање со домашните во врска со вадењето на Бугарски пасоши. Имено, татко ми решил да вади Бугарски пасош, и тоа се ок, негово право си е што сака да биде и каков сака да биде. Но, она што мене страшно ме фрустрира и ме вади од кожа е тоа што за тој да извади Бугарски пасош треба да се изјасни дека самиот е Бугарин, дека неговата сопруга и деца се Бугари, дека неговите браќа и сестри се Бугари, дека има Бугарски корени, а всушност ги нема и ред други такви глупости. Но мене најмногу ме мачи прашањето:

Зошто некој друг да одлучува јас што да бидам?

Ова воопшто не ми се допаѓа и страшно ме нервира! Се испокарав дома со моите за тоа кој им дава ним право тие да одлучат за мене? Затоа вечерва решив да ја отворам темава, да споделам со сите што всушност мислам и дали има и други како мене.

Најмногу ми е жал што тој не го почитува моето мислење и пред се моето право на самоопределба и волја и немоќен сум, неможам да преземам ништо во врска со тоа!

Седи бе сеа татко ти коа ќе донесе некоја кола за 800евра од 94та со 250.000км(само еднаш удрена) со плин со атест.....има очите да ти светнат.

Он топик: Чим татко ти на стари години збрлавел,не е лошо да го провери стручен медицински тим.
 
1. Не е точно дека менуваш национална определба за да извадиш пасош од соседна Бугарија.
2. Не можеш некому да забраниш како се изјаснува на национална основа.
3. Како можеш ти да му кажеш на татко ти што да прави?

1.Тоа беше досега, од Нова Година па натаму Бугарите веќе нема да даваат пасоши на двојни државјани туку ќе даваат пасоши само на оние кои ќе се откажат од своето друго државјанство за да можат да земат и да имаат само Бугарско.
2. Точно, затоа не сакам и за мене некој друг да одлучува што сум по националност.
3.Не реков јас да му кажам на татко ми што да прави, тој има слобода да прави што си сака, но и јас го имам истото право кое во овој случај воопшто не е важно и не значи ништо. Како што јас неможам на него да му кажам што да прави и дали да се напише Бугарин или не, така сакам и тој да се однесува спрема мене. Тој против моја волја и одобрение планира и мене да ме направи Бугарин.
--- надополнето: Nov 20, 2011 10:29 PM ---
Седи бе сеа татко ти коа ќе донесе некоја кола за 800евра од 94та со 250.000км(само еднаш удрена) со плин со атест.....има очите да ти светнат.

Он топик: Чим татко ти на стари години збрлавел,не е лошо да го провери стручен медицински тим.

Алал да му е на тој што ќе смени националност само за да земе кола каква што опиша ти, макар па било и Audi A8.

Он топик: Гаранција давам дека нема да му најдат ништо, бидејќи Побугарувањето стана секојдневие и општ муабет за Македонците, каде и да одиш секаде има некој што земал Бугарски пасош и тоа го искажува со длабоко задоволство.
 
Он топик: Чим татко ти на стари години збрлавел,не е лошо да го провери стручен медицински тим.
А можеби човекот во моменталните негои размислувања единствен лек за опстанокот на неговата фамилија го гледа во одење во странство со помош на бг пасошот и финансиски да го помогне развивањето на личноста што пишува на форумов... знаеш некои толку можат и тоа е сосема во ред ... познавам човек кој последниве 5-6 години со помош на бг пасош оди кај роднини во германија и таму богами добро заработува по најмалку 6-7 месеци... мислите него ми е мило што двата сина на предшколска возраст не ги видел како растат но тоа е тоа , така налагал животот така се прилагодил тој , така ќе се прилагодат сите... и фамилијата и децата.... а и авторот на темата ако причината за пасошот е со цел да се помогне фамилијата...
Треба многи работи да с есогледаат кога зборуваме дал е оправдано земањето на пасоши ... не се сите во државна администрација или професори, доктори, со приватни фирми или останати бизнисмени... некои се обични физички работници со многу ниско или основно образование кои животот ги научил дека не е едноставно она тато носи мама меси ... треба тато да запни за да може мама да меси а синчето да ужива бар додека заврши некое училиште кое ќе му овозможи да не рмба од сабајле до вечер за ебан минималец од 100Е ...
 
1.Тоа беше досега, од Нова Година па натаму Бугарите веќе нема да даваат пасоши на двојни државјани туку ќе даваат пасоши само на оние кои ќе се откажат од своето друго државјанство за да можат да земат и да имаат само Бугарско.
2. Точно, затоа не сакам и за мене некој друг да одлучува што сум по националност.
3.Не реков јас да му кажам на татко ми што да прави, тој има слобода да прави што си сака, но и јас го имам истото право кое во овој случај воопшто не е важно и не значи ништо. Како што јас неможам на него да му кажам што да прави и дали да се напише Бугарин или не, така сакам и тој да се однесува спрема мене. Тој против моја волја и одобрение планира и мене да ме направи Бугарин.
1. Досега немам слушнато да има таков закон. Уште даваат пасоши, со законската процедура од 8-14 месеци.
Вториот начин е да се откажеш од моменталното државјанство, за да земеш Бугарско (значи само едно) и го издаваат за две недели.
2. Ако имаш 18+ не мораш да го следиш, остани си дома, никој не може со присила да ти наметнува ништо.
3. Против твоја волја, не може.
 
Ајде, многу полесно после тоа ќе си извадиш и ти ;)
 
^Ако не си полнолетен почекај уште неколку години па земи си пак Македонско државјанство. Незнам што друго да ти кажам. Или убеди го татко ти да не зима татарски пасош.
На крај краева секој е она што се чуствува дека е. Лист хартија неможе да ти ги смени чуствата. ;)
 
1. Досега немам слушнато да има таков закон. Уште даваат пасоши, со законската процедура од 8-14 месеци.
Вториот начин е да се откажеш од моменталното државјанство, за да земеш Бугарско (значи само едно) и го издаваат за две недели.
2. Ако имаш 18+ не мораш да го следиш, остани си дома, никој не може со присила да ти наметнува ништо.
3. Против твоја волја, не може.

1. И јас никаде официјално го немам најдено тој закон, барем не на интернет, но луѓето што носат вакви како татко ми во Софија и кои им ги средуваат документите за да можат да поднесат Барање за Бугарски Пасош тоа го кажуваат. Не сум го слушнал тоа само од еден човек за да мислам дека ме лаже, има многу кои тоа го зборуваат.
2. Имам близу 20 години, јас нема да одам со него, всушност јас нема ни причина зошто да одам, тој ќе ја заврши целата процедура. Затоа и ги запиша на Бугарски Документ моето име и презиме, матичен број, датум на раѓање и сите тие работи. Истото треба да го направи и за другите најблиски роднини. Ова се само потребни податоци за да може тој за себе да си извади Бугарски пасош, не и за мене. Тој само декларира дека има роднини и предци кои се Бугари или дека и тие имале Бугарски корени. Пред 2 недели комшија мој беше исто за Бугарски пасош и кажа дека му побарале да даде изјава на Нотар дека се декларира како Бугарин со Бугарски корени и предци.
3. Друже, затоа ја отворив темата, но како што стојат работите може. Изгледа не си ме разбрал што сакав да кажам во предходните постови.
 
Друже, затоа ја отворив темата, но како што стојат работите може. Изгледа не си ме разбрал што сакав да кажам во предходните постови.
Сум те разбрал доста добро. Не може татко ти да ти го одземе примарното државјанство. Ти ако си роден тука и си имаш државјанство на Република Македонија (или С.Р. Македонија тоа оригиналот), не може некој на сила да ти го одземе.

За повеќе, прашај некој правник, адвокат.
 
1. Алал да му е на тој што ќе смени националност само за да земе кола каква што опиша ти, макар па било и Audi A8.

2. Он топик: Гаранција давам дека нема да му најдат ништо, бидејќи Побугарувањето стана секојдневие и општ муабет за Македонците, каде и да одиш секаде има некој што земал Бугарски пасош и тоа го искажува со длабоко задоволство.

1. Епа тогаш значи алал да им е на тие што изназемаа бугарски пасоши пред 2006та,за една ебана кола.

2. Па нормално дека побугарувањето станува секојдневие,кога не им се учело на времето,и мереле улици,и сега државата им е крива и спасот им е само пасошот.:coffee:

п.с Јас да сум на местото на бугарите,ќе ги терам тие што сакаат пасош да ги донесат и жените и да им се натртат за две червени,за да докажат дека имаат бугарско потекло.
 
Сум те разбрал доста добро. Не може татко ти да ти го одземе примарното државјанство. Ти ако си роден тука и си имаш државјанство на Република Македонија (или С.Р. Македонија тоа оригиналот), не може некој на сила да ти го одземе.

За повеќе, прашај некој правник, адвокат.

Тоа го знам. Мене не ми се допаѓа тоа што ќе ме пишува во Бугарските архиви дека сум син на Бугарин, имам Бугарски корени итн. Инаку јас Бугарски пасош и државјанство никогаш не би земал.
 
пак не кажа, зошто таткоти сака да земе пасош, што планира да направи со него...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom