Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
А СТУДЕНТИ не смее да евидентира за редовност. Можда може средношколци пошто тоа е обавезно образование, ама не студенти. :nenene:
А, ти си прочитал воопшто како функционира ЕКТС? РЕДОВНИТЕ студенти МОРА да се регистрираат за редовност затоа што услов за да полагаш испит е присуство на предавања и вежби. Вонредните студенти имаат посебен статус и не одат на предавања. За нив не се евидентира присуството.
Ако ти плаќаш партиципација од 200 евра годишно не значи дека можеш да си ја купиш дипломата не појавувајќи се на факултет.
Споредбите не ти држат ама ни малку.
Значи, да, на професорите работа им е да предаваат редовно, а на студентите да се појавуваат на предавањата редовно.
 
Истиот тој ЕКТС овозможува да презапишеш само еден предмет (доколку не го положиш), наместо заради тој еден предмет да ги презапишеш сите предмети кои веќе си ги положил. Тоа доведува до можна следна ситуација: Во распоредот, два задолжителни предмети да се поклопуваат со термините. И што треба таквите студенти да прават? Да се проектираат некако?
И ако веќе се воведува електронско регистрирање на редовност, зошто не се укине партиципацијата, т.е. таа да биде на товар на државата? Да беше бесплатно, во ред ќе беше државата да ми наредува да бидам редовен. Ама јас плаќам за тоа, и имам право да изберам дали сакам да бидам редовен или не (не сакам/не можам, сеедно е). Во ред е да се даваат дополнителни бодови за редовните студенти, но неприсуството да биде проблем за потпис е во најмала рака бесмислено. На крајот на краиштата, подобро е некој да седи дома и да учи, наместо да прави галама на час и да им пречи на останатите студенти, само затоа што му е досадно.
Ќе ви дадам еден прост пример: Во прва година на ФЕИТ, покрај задолжителните предмети се слуша и изборен Англиски јазик. И јас еве на пример ако го владеам јазикот, зарем не е подобро да вежбам во читална математика, отколку да си го губам времето со нешто што веќе го знам? Се разбира дека ќе имам повеќе бодови ако присуствувам на наставата, ама барем ќе си добијам потпис без разлика дали сум или не сум присутен. Или пак, професорот предава нешто што го има во книгата добро објаснето, а мене суштината на испитот ми се состои од задачи, кои ни ги решава асистентот. И јас наместо да решавам задачи за да положам, ќе слушам нешто што го веќе го има во книгата, само колку да добијам потпис. Апсурд!
 
Ти да не си дипломирал ДЕМАГОГИЈА? Ми збориш како да си баш од партија?! Што па толку си го браниш министерчето? Да не си му роднина па се палиш што му го критикувам законот кај што предлага апарати за електронска евиденција што јас и ти и сите студенти ќе ги плаќаме? Што има да се евидентираат редовните студенти и професори? Нека ги евидентира НЕРЕДОВНИТЕ професори и нека ги казни, како така досега ги остава неказнети, толку закони си има за таа работа за СЕКОЕ работно место, не му треба закон за високо образование.

А СТУДЕНТИ не смее да евидентира за редовност. Можда може средношколци пошто тоа е обавезно образование, ама не студенти. :nenene:

Најмалку е битно јас што сум завршил. Ако барањето моите професори да се редовни на предавање е партиски муабет и бранење на министерот да од партија зборувам и го бранам министерот.
Како ќе се знае кој е редовен, а кој не ако не се евидентираат?
Со кодошење? алоо умре социјализмот.
Ако професорот е редовен ќе одговориш ли зошто би му сметало да го евидентираат?

А студенти штом се запишале како редовни тогаш ќе мора да присуствуваат на предавање, ако не им се допаѓа тоа не мора да се запишат како редовни, можат вонредно.

@apidrone ти се запишуваш како РЕДОВЕН студент, читајте малку тоа документите кога ги пополнувате.
И англискиот не учиш граматика ами стручни поими потребни за твојата област.
 
Го прочита првиот пасус или само она што тебе ти одговара?
И знам доволно стручни поими од мојата област, ништо ново не сум научил на факултет.
 
Затоа и ти реплицирав, ама ти сам не се читаш, а богами и не читаш што потпишуваш. Да ти повторам ти се запишуваш како РЕДОВЕН студент и како таков си должен да бидеш присутен на предавање. Ако сакаш да одлучуваш дали ќе си присутен или не тогаш запиши се како вонреден. Ти со самото запишување си се согласил на условите на факултетот па така си должен и да ги слушаш предметите кои ти се наложени по програма. Никој со сила не ти побарал да се запишеш, твоја желба било, значи ти сакаш да го правиш тоа.
 
Утрово слушав на радио објаснување на законов,се разбира платена реклама од владата.Значи и да сакам некој закон да подржам кога ќе ја слушнам уклучената перална за мозоци веднаш контра чувство добивам.Значи рекламата тече вака(парафразирам):Професорите се против оти треба да бидат редовни на предавања,оти нема да можат да шиткаат скрипти,мораат да примаат студенти на консултации,трудови во милијарда реномирани списанија итн.Значи Ве молам,ние повеќето сме со факултет,академски граѓани,немојте да не правите прости и да наведувате дека некој ќе протестира оти законски им ги впишувате работни обврски (она и за кое земаат плати).
Значи за да таа фела организира протест,мора да има некои точки што се ван памети.Како што е делот со платениции во одборот,луѓе кој немаат три чисти.Слично на Славески министер за финансии (крвоток на државата).Сигурно имаат и добро објаснување зошто се против.

Предвидените измени ако не се спроведат на дело кој и како ќе одговара?
 
1. Ако барањето моите професори да се редовни на предавање е партиски муабет и бранење на министерот да од партија зборувам и го бранам министерот.

2. Како ќе се знае кој е редовен, а кој не ако не се евидентираат?
Со кодошење? алоо умре социјализмот.

3. Ако професорот е редовен ќе одговориш ли зошто би му сметало да го евидентираат?

1. ОК, тогаш сме на чисто дека си од партија.

2. Нередовност на студенти (и на професори). За редовност не ни даваат повеќе од 10 поени и (или) потпис. За таа беда, трошење пари на електронски систем за евиденција (картички читачи тракатанци) ми изгледа како непотребно луксузирање. Ништо не гарантира дека еден на друг нема да си ги поминуваме картичките и поштено секој ќе си ја поминува својата. Мислам, општо, као Македонци сме снаодливи за зезање на системи. А нередовните професори истото ќе го прават - ќе му речат на демонстраторот или асистентот (или професор сопартиец или должник) да ја помине неговата картичка ќе му даде и пасворд ако треба и оп, го има во системот, никој веќе не може да труби наоколу дека бил нередовен.

3. Нередовност на професори. Знам дека е тешко да се замисли како да евидентираш нередовен, ако не ги евидентираш и редовните. Но не ми изгледа баш напредно (малце као од нацистички логор метода ми личи) да се малтретираат редовните за да се установат нередовните, и прилично сигурен сум дека има некое фино правно решение за да се установат и казнат нередовните вработени без да се чепкаат другите.
Ги видов Закон за работни односи член 81-86 (има пдф со гугл), и Закон за високо образование (од веб страната на УКИМ) кај обврските на деканот, и кога ќе ги искомбинираш, досега би требало да има казнети и дури отпуштени професори. Но, имаш поента дека умрел социјализмот (ваљда добро си запознаен дека се кодошеле, пошто тешко дека си студент) и нередовните професори се изгледа од редот на големи (бизнис?)ѕверки врзани со партија и власт, па немало фајде ни од декан ни ректор. Затоа досега било никому ништо и само студенти си страдале.

Уствари, професорите си се криви што ги снашло сега. Ако сакале да си зачуваат автономија ќе си ги казнувале досега безобразните по свое - автономно. Нека им се меша владата, нека ги среди тогаш. Ама жал ми е за добрите професори пошто има некои, и тоа повеќето стварно супер, многу сум научил од нив и заради нив.

А ние студентите не сме криви, не треба да свалуваат систем за евиденција на нас. Исто, од кај испадна комплетни студиски програми на англиски сосе предавања и полагање. Јас се запишав за на македонски да учам и полагам. Јас читам англиски ама ако ни ја направат насоката кај што сум на англиски тешко ќе се живее. И што се испофали владава преведувала книги а сега - ај на англиски сите предмети да ги учите и полагате?!!
 
1. Не знаев дека од партија е ако бараш професорот да ти е редовен на предавање. Ама ако е така тогаш биди си на чисто од партија сум.

2. За евидентирање на студенти лекот е кај профсорите, ако сака некој студентите да му бидат редовни има начини да го спроведе тоа, затоа и не се ни бунев за тоа, туку ти ми го вметнуваш.
Затоа што тоа што си го навел под 2 во мојот пост е за професорите не за студентите.

3. Никако не ми одговараш на прашањето кое е многу јасно:
Зошто би им сметало евидентирањето на редовните професори? Кога си ја работат работата како што треба, зошто би им сметало тој што ги плаќа да знае дека се редовни?

4. Не ми ги менувај постовите кога ме цитираш за да ги вадиш од контекст оние делчиња кои ти одговараат.
Убаво за се си е конкретно напишано затоа биди повеќе паметен.
 
Затоа и ти реплицирав, ама ти сам не се читаш, а богами и не читаш што потпишуваш. Да ти повторам ти се запишуваш како РЕДОВЕН студент и како таков си должен да бидеш присутен на предавање. Ако сакаш да одлучуваш дали ќе си присутен или не тогаш запиши се како вонреден. Ти со самото запишување си се согласил на условите на факултетот па така си должен и да ги слушаш предметите кои ти се наложени по програма. Никој со сила не ти побарал да се запишеш, твоја желба било, значи ти сакаш да го правиш тоа.
Јас кога се запишав, никаков договор не потпишав дека МОРА да бидам редовен на предавањата и дека во спротивно нема да можам да полагам испити. Исто така, не постои правило на факултетот според кое јас ќе бидам казнет ако не присуствувам на предавања. Единствено што МОРАМ е да присуствувам на лабораториски вежби по одредени предмети кои се задолжителни, МОРАМ навремено да плаќам партиципација, МОРАМ да извршам систематски преглед, НЕ СМЕАМ да бидам задолжен во библиотека повеќе од 1 година, МОРАМ да ги запазам роковите за заверка и запишување. Ете тоа МОРАМ. Никаде не пишува дека морам да присуствувам на предавања (засега). Така што целава твоја демагогија паѓа во вода. Јас не знам што ти всушност пробуваш да докажеш. Да не има случајно студенти кои не доаѓаат на предавања, ама вадат повисоки оценки од тебе, и ти е криво поради тоа?
 
:pos::pos::pos:
Добро бе кога го пополнуваш тој листот за запишување на семестар читаш ли што пишува таму, што пополнуваш?
Има:
- Редовен во државна квота
- Редовен со кофинансирање
- Вонреден.
Ти бираш едно од трите нели?
 
Ама истресе сега.

Порано имало редовни и вонредни студенти? Имало. Наставата била задолжителна? Не.
 
Порано, вчера, денес, утре.
Јас ти кажувам ти што пополнуваш, а дали некој евидентирал и ти барал да си редовен негов проблем.
Ако сака да ти бара редовност ти ја бара затоа што ти сакаш.
 
Велат пази што посакуваш...да не има крокодилски солзи на подфорумов покасно.
 
Порано, вчера, денес, утре.
Јас ти кажувам ти што пополнуваш, а дали некој евидентирал и ти барал да си редовен негов проблем.
Ако сака да ти бара редовност ти ја бара затоа што ти сакаш.

Абе и ја пополнувам дека сум редовен студент па неам задолжителна настава на некои предмети. И сеа?

Редовен и вонреден студент се однесуваат на нешто сосема друго, не на тоа дали ти имаш задолжителна настава или не.
 
Затоа имаш задолжителни предмети и незадолжителни. Така да џабе ги спомна.
Штом пополнуваш редовен студент тогаш нема што да се буниш зошто ти бараат редовност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom