Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
A што ќе биде ако министерот одлучи да им ја качи платата, нели и тоа е мешање, ама тогаш нема да има бунење, оти им одговара. Исто и со намалувањето на партиципацијата, и тогаш немаше протестанти.
Beneamata мене ми ја кажале како таква, ако не е така моја грешка извини, ама за сестра ми ти гарантирам, ако сакаш и со нејзе разговарај, она дипломираше пред 5 години, ќе ти каже како беше целата работа, имаше и денови кога ја викаа во понеделник да оди за потпис па по 2 недели да го добие.
Ако толку години се провлекува проблемот со професорите зошто дури сега се решава, кај се 20 години наназад сите министри, вклучувајки ги и овие на сегашната влада, зошто дури сега. ФАКТ неоспорен е дека професорите мајтап си играа со студентите долги години, и кога конечно ги обврзува со законска рамка да бидат присутни на предавања, да се докажат дека се професори да издадат нешто, они протестираат.
Викаш дека промените на министерството не чинат, а на протест испаѓаат Анита даева, фрчковски, бучковски, а го нема ректоратот, оние професори кои забележале потреба да се реагира реагирале кај министерот, добиле тоа што го барале, и денеска од нив никој немаше на протест, значи ректоратот смета дека промената е добра .
 
Како да не протестираат кога 1000 евра е да објават труд во странско списание, а треба да објават повеќе од 2 такви годишно.
Треба да работат на научни истражувања, а нема никакви услови за тоа.
Професорите се логираат со електронски картички, но и студентите, што правиме кога доаѓа 1 студент со 10 картички и се логира за 10 други студенти?
Што со непочитувањето на студентите кон професорите и максималната некултура и простотилак на студентите? Сакаат да учат студентите? Кој им брани да учат?! Можда и ќе научат нешто ако не јадат на предавања и не фрлаат со пластични шишиња по професорите (неколку пати повторуван случај на Медицинскиот факултет во Скопје).
И оној закон за непотизам е бесмислен, навистина не може во држава со 2 милиона кај што секој му е некому братучед да се спречи да некој почне академска кариера. Постојат надворешни комисии, постои начин да се контролира тоа.
Жално и мизерно е што се' повеќе интелектуалците во Македонија се третираат како криминалците, додека вистинските криминалци непречено ги спроведуваат новосмислените закони. Законодавството се' повеќе ни станува желботека. Се прашувам до каде ли ќе стигнеме вака?
Не ми се верува дека е толку скапо објавувањето. А и да е не е толку скапо за нив како за нас обичните смртници. А што се однесува до непотизмот, кај нас провесорските позиции се наследуваат од колено на колено. Мора и тоа да се сопре. Професорите имаат моќ да го спречат и санкционираат простатилокот на студентите. Но окј да го санкционира непрофесионалноста и простатилокот на професорите.
 
Како да не протестираат кога 1000 евра е да објават труд во странско списание, а треба да објават повеќе од 2 такви годишно.
А парите се од факултетската каса. Касата ја полнат студентите.
Парите не ги даваат професорите.

Знам дека не треба политика да спомнуваме, затоа ќе кажам пак дека смрди нешто. Смрди Болоњскиот ЕКТС систем, кој на секој факултет се применува на различен начин. Никаде не е во целост како треба, и нема да биде, се додека има офци за стрижење, додека јадат дебелите, додека студентите живеат во мизерни услови и се хранат како свињите од остатоци. И пак се окезени до крај, оти се трујат со ефтина раќија. Фала, чао, пријатно.
 
А парите се од факултетската каса. Касата ја полнат студентите.
Парите не ги даваат професорите.

Не се од факултетската каса, туку се од личните приходи (барем на Медицински факултет е така). За да се објави труд во стручно списание мора да платиш. А и за да воопшто ти дозволат да платиш за да објавиш мора да си член, што пак е минимум уште дополнителни 250-300 евра годишно.
Платата на професор на Медицински факултет кој работи и како доктор НЕ е 1000 евра месечно, далеку помалку од тоа е.
Како и да е, да, се согласувам дека има многу, многу место за подобрување, но ова не е начин да се прави тоа.
Не постои држава во која факултетите не се автономни. Овде во секој поглед се одзема автономијата, пак ќе кажам, не е само во образованието, секаде смрди.
 
Како можеле универзитетите да работат до сега, можат уште 20-години. Се е тука политика.
 
Убаво баратате со цифрите за плати и трошкови на професорите,ама некако не ви паѓа на памет за митото што го зимаат ......јадни....сироти тие...:)
 
Ектс системот им помати вода за мито на правен. Оние професори кои пред тоа пара правеа со шиткање книги и барање мито за испити, беа оневозможени зашто решаваш тест, а компјутер ти го прегледува тестот и ти пресметува, нема индивидуално учество на професор кога се работи за оценка, освен кај есеј и можеби активност, ама тие носат далеку помалку бодови отколку тест, што би се рекло, лесно се помиува ако си научил. Е сега тоа отвора нов проблем, бидејќи не можат да полнат џебови го наполнија Правен со правници, квоти мајко мила, од по 800 студенти и нормално дека учењето изгуби смисла.

Исто и за потпис Ектс системот доста помага, зашто не ти е потребен. Компјутерот те регистрира дали си тука или не. Јас имав среќа да не молам никогаш за потпис, зашто потписи не ни постојат на Правен веќе.
А сепак имаше интересни спорадични случаи на зезање студенти. Другар ми кај еден професор, ај име да не му спомнувам , одеше две недели по ред само да му ја пише оценката во индекс. Влегува во канцеларија кај него, овој си пие кафе буквално сам и му вика цинично: Ау кај најде сега да дојдеш, види колку сум зафатен. Дојди по два дена.
 
Потписите се страшна работа, некаде вредат повеќе од 6ка.
 
За законот..и РЕД во високото образование... не треба јас да барам професори под дрва и камења да го најдам,туку тој мене, тоа му е работа и за тоа е платен
 
Аууу многу грешиш.
На економски: Никој не те тера учебник да купиш. Никој не ти бара пари, никој!. Нема роднини. Со шестар нема положување, има со учење, максимум 1 предмет е со „шестар“, мада и тоа е дискутабилно, јас на прва испитна го положив тој предмет. Индекс никој не фрлил до сега. Оценки се даваат на закажаниот термин. Потписите се некогаш проблематични, зависи и од професорот зашто дел од нив се и во деканатот.
Како бе на економски никој не те тера книга да купиш ? Како ќе положиш менаџмент кај Шуклев, сите ја купувавме по 2200 денари затоа што бараше да се носи оргиналот на полагање. Маркетинг не тераше да купуваме книга, со условување дека нема да положиш ако не купиш, односно се запишувавме на список.
За мито па да не правиме муабет, добар дел од професорите земаат, и тоа не малку, 500-600 евра за скапана 6ка.
Не сите професори држат предавања, ми се смачи да ги гледам асистентите да се замислуваат дека се професори и глумат лудило ( некои од нив ). За увиди, за оценки колку пати не враќале, колку пати одложувале. Не ја знаат маката на студентите, па воопшто и не се замараат.
Ме чуди што ти како студент на економски, не знаеш доста од работите што се случуваат таму.
 
Ама приметете кои професори од кои факуклтети се бунат, правен и економски, таму кај што најмногу има мито корупција и непотизам. Јас сум на Машински и кај нас професорите ни се секогаш достапни за консултации, на предавања се редовни, и не се праат во стилот "кој си бе ти копиљ па ја да ти праам муабет", и нормално нема за што да се бунат против измените, за разлика од некои други.
 
Потписите се страшна работа, некаде вредат повеќе од 6ка.
Зошто ми ги спомна, сега нема да можам да спијам :(

И страшно е тоа што некаде презапишувањето предмет вреди 1000 денари, некаде 3150, некаде 5000.
 
Сакам да ги видам целосно предложените точки за да можам убаво да искоментирам, вака само со делови не се доловува поентата.

Факт е дека често се случува во приемно време да не се најде професор и тоа е во ред да се проконтролира некако, иако не мора да биде и толку строго како што слушнав (1 ако контрола не најде професор во кабинет во приемно, казна една плата). Сепак се случува да има професорот и друга обврска, мора да има некаква еластичност.

Тоа со екстерните тестирања исто ми е глупост, екстерна матура, сега екстерно тестирање и за што одиме тогаш во школо, на факс и така натаму, ако пак ни доаѓа некој од надвор да не тестира?

Исто така не знам колку би било добро укинување на асистентите или нешто слично, не знам точно како гласи предлогот. Барем на економски повеќето предавања си ги држат професорите, а асистентите доаѓаат повремено (со помали исклучоци).

Тоа со непотизмот ми е исто така тешка глупост. Ако имам сега јас 3та братучетка која е асистент на факултетот, зошто јас после да не можам да се вработам исто така како асистент, а сум пример најдобар студент во генерацијата? Зошто автоматски тоа да значи дека оценктите ми се незаслужени и дека се работи за користење врски?

Јас да сум на место на министерот повеќе внимание би обрнал на оние уплаќања разни глупости како Студентски парламент, Културни и спортски манифестации и останати глупости со кои ја полнат касата, а ние не гледаме никаков абер од тоа.
 
^ Страшни се многу работи
- Професорите понекогаш се презафатени или имаат максимум 2 саати време за студенти.
- Некои не се појавуваат на предавања
- Некои воопшто не ни знаеш како изгледаат па кога одиш да земеш оцена се мислиш дека си го згрешил кабинетот па викаш „Извинете изгледа згрешив“
- Други и да се појават на факултет предавањата им се како прошетка во парк на лето и одмор на клупичка со дебела сенка
- Различни критериуми за студентите
- По некои предмети потпис да земеш е исто како да си добил лото
- Некаде има 4 колоквиуми кои заедно со домашните и присуство ти се услов за потпис
- Кај некои да ти е страв да отидеш на консултации, оти наместо да ти објаснат по предметот ти држат предавање дека има студенти што тоа го сфатиле
- Кај некои нема увид на испитот(колоквиумот)
- Кај некои на испит можеш максимум 6 да добиеш
- Има такви кои ако не си задоволен со 6 и одиш на испит те паѓаат затоа што се чувствувале навредени
- Ако им кажеш дека не се чита од поназад почнуваат да пишуваат со помали букви/бројки на табла.
и така натаму

И на прашањето дали некој треба да ги надгледува секако дека одговорот е да.

А тоа за политиката на факултетите како посебни институции е друга тема, што некаде постојат невозможни нешта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom