ПРОТЕСТ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ! ВТОРНИК, 18:00, плоштад МАКЕДОНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
До тие што отидоа кај Грците: глупаци сте, жими брат.. наседнувате на ефтини финти и провокации, и одма се селите пред Конзулат, па уште и фрлате со камења.. дечишта, што не сфаќаат што значи мирен протест, на Плоштад. Од МВР има дозвола само за таа локација, и имаат целосно право да им ги скршат главите на сите копиљаци кои предизвикуваат немири на други места.

Ах, што ме нервирате вака.. јас закаснив, а планирав сега да пројдам. Ама после ова..
 
Протестите се префрлија пред амбасадата на Грција, групата фрла камења на дипломатското претставништво

Протестот против менувањето на уставното име на земјава се префрли пред амбасадата на Република Грција во непосредна близина на центарот на Скопје. Младите демонстранти таму заминаа од плоштадот “Македонија“, кратко се задржаа пред зградата на Владата, а во овој момент се наоѓаат пред грчката амбасада каде со гласни извици негодуваат против обидот да се промени името на Македонија.
Големо полициско обезбедување се наоѓа пред амбасадата, која е изложена на каменување од страна на учесниците на протестот. Нашиот известувач од лице место вели дека полицијата ги турка демонстрантите од улицата пред амбасадата, но дека тие се сеуште таму. Се слушаат навредливи зборови за полицајците кои ја штитат зградата на амбасадата, а камења летаат и кон нив.
 
а зошто толку кратко протестите, треба повеќе време ... баш вечерва ќе имаат средба врвот за името треба да се притисне!
 
а зошто толку кратко протестите, треба повеќе време ... баш вечерва ќе имаат средба врвот за името треба да се притисне!

епа кога дојдоа специјалците сите почнаа да си идат само неколку мина останаа
 
Последна информација најновиот предлог на Нимиц бил ист како и оној последниот од кој се бара менување на името за меѓународна комуникација само имал некакви измени, Грција ќе го прифати, а Македонија не се знае, вечерва ќе се решава кај премиерот, а четврток ќе има средба на политичките партии. НЕ смееме да прифатиме и ако викаат нато или име, бираме ИМЕ, бираме МАКЕДОНИЈА!
 
така е само МАКЕДОНИЈА прифаќаме ништо друго

а за протестите сега даваа на МТВ
 
Ни на крај памет тоа, ако не е претходно најавено и организирано... гледаш/гледате што се случи и покрај организацијата.

брат тоа е разбудување на народот, а тоа е заебано....
 
Jas bi se soglasil so imeto Demokratska Republika Makedinija samo i dokolku ni gi vratat pod itno anekstiranite teritorii koi se naogjaat vo bugarija-PIRINSKA MAKEDONIJA,grcija EGEJSKA ili BELOMORSKA MAKEDONIJA,delot sto e odzemen od albanija delot sto e odzemen od srbija.Duri i bi se soglasil i da se vikame i OBEDINETI MAKEDONSKI DRZAVI-OMD
 
Сме го јаделе....
Онаа курвана Бакојани се смееше пресреќна беше, а нашион беше покиснат како глушец...
Не ми се свиѓа тоа...
 
брат тоа е разбудување на народот, а тоа е заебано....
Реков и претходно..... собирањето на голема народна маса е меч со две острици...може да ескалира и покрај напорите за организација но ајде што е тука е битно се слушна нашиот став.

ЗА МАКЕДОНИЈА !!!!!!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom