Поддршка пред протестот уште еднаш и ја приложувам студентската агенда во продолжение. Ќе ви се придружам утре пред Влада. Поздрав!
***
Ние сме неформална, политички и финансиски автономна група на студенти од чија цел е промоција и унапредување на студентските стандарди во Македонија.
********************************************
ГОЛЕМ СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ
Доста беше молк!
********************************************
БАРАЊА:
* ПОГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ!
(пари за ваучери, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...)
* НОВ ЗАКО ЗА СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ!
************************************************
20ти октомври – вторник, во 11 часот секој пред својот факултет
13:00 – Пред Влада на Република Македонија.
Протестна поворка пред владата, студентскиот парламент, надлежните министерства!
Дигни глас против проблемите во студентскиот систем!
Барај ги сите твои права!
************************************************
(Бидејќи очигледно тактиката на злите јазици е да се манипулира, спамира и етикетира, оваа објава ќе стои тука за црно-на-бело да бидат работите чисти)
СИТЕ студенти се добредојдени да се појават на протестот, без разлика на партиска, етничка, верска, музичка и било каква друга определба, бидејќи протестот е за доброто на СИТЕ студенти.
Нашите барања и цели се сосема непартиски и се оградуваме од било каков партиски обид да се влијае, преземе или дискредитира нашиот протест. Како неформално, хоризонтално и сеопфатно движење ние се обраќаме и ги вклучуваме сите студенти кои ги прифаќаат нашите ставови и цели.
Што се однесува до студентите со партиски книшки (а да бидеме реални - според последните истражувања а такви се околу 40% од сите студенти во Македонија) сите тие се повикани и пожелни само ако нивното присуство и поддршка се резултат на нивното самостојно размислување - не на партиски наредби!
Ако некој не е способен да размислува со сопствена глава не ни можам да го наречам студент.
Исто така, се ова значи дека секој кој себеси се смета за дел од движењето Слободен Индекс треба да ја прифати лично одговорноста за своите постапки. Ако мисли дека не е способен да го направи тоа и сака некој да мисли наместо него... нека се зачлени во студентски сојуз
Бидете силни, бидете солидарни, бидете независни!
Бидете СТУДЕНТИ!