Просење

  • Креатор на темата Креатор на темата Офчар
  • Време на започнување Време на започнување
Во врска со темава:
Им давам пари на тие што ќе ми остават впечаток дека не ми глумат.
Мн ме нервираат оние што шетаат со документи демек им треба пари за некој болен (не велам дека нема искрени меѓу тие), едноставно по неколку случувања очигледно беше дека 99% од нив лажат.
Па на врата коа ќе ми дојдат ми се темни, порано нон стоп им давав пари, сега не им ни отварам :toe:

Мене ми има еден дојдено на врата, и не спомна пари.. Ми побара храна и стара облека. И да не заборавам да напоменам, беше покултурен од 70% од луѓево у државава..
 
Мене ми има еден дојдено на врата, и не спомна пари.. Ми побара храна и стара облека. И да не заборавам да напоменам, беше покултурен од 70% од луѓево у државава..

мене еден ми има побарано месо и тоа свинско да било :pos2:
 
да знаеш дека ке ги искористат за јадење или нешто корисно да... ама му даваш пари,детето иде кај татко му одма, татко му одма пиво купува... и се така у круг... зашто да им даваш? за татко им да се пијанчи???
 
им даам, не ради друго ради храброста што ја имаат... поголемиот дел од луѓето кој ќе паднат толку ниско обично си го одземаат животот.

а и шо ве заболе сите вас кај ги трошеле они парите???
вие сте им ги дале, а негова работа е дали ќе си купи штека малборо или ќе седне у Џино на морски плодови(ако го пуштат).
он ти бара пари, а не ти вика дај ми за тоа ми се...
 
Оти бе такво злобно размислување? На мајка со бебе ич не давате... На жена со дете ич не давате...ама за едно макиато на кеј 150 денари (сумата е отприлика), една пластична чаша водка пола со лед 150 ден.. давате, а не ви се дава 10 денари на мајка со бебе која проси? Не е битно како ќе ги употребат ваше е да се смилувате. Купете храна, дајте им облека ако не ви се даваат „10„ денари, ама има доста луѓе кои стварно од мака пружаат рака... И не се само ромите, ко што рече Леандра има и македонци кои просат...

Ама ситиот на гладниот никогаш не му верува...

Таа мајката по се изгледа била психофизички здрава чим се шетала наоколу со бебе во рацете.Што не оди до некоја трафика таа мајка да купи „Огласник М“ и да бара работа, за да си ја прехрани фамилијата??Што не земе таа мајка да бара работа како чистачка за да си ја прехрани фамилијата??
Или пак сега одиш на варијантата :„Нема работа“.Работа се наоѓа, порано или подоцна ќе најдеш....Него и одговара повеќе да проси, така наместо да чисти вц шољи, писоари, или пак да чисти куќи, спални и изметот на пудлата (француска со панделка и со елекот за кучиња (кариран) мејд ин Шутка) на некоја која е полна пари како „Титаник“, вака ќе проси и ќе собере 400 денари без да го прави тоа што е напишано погоре во мојот коментар.
И да, ќе давам 150 денари на макијато со Coca Cola (убава со мраз во она шишенцето од пропорции 90-60-90), и ќе пијам со задоволство зошто знам дека сум ги заработил тие пари, и убаво се чувствувам кога можам нешто да направам со она што сум го заработил со свој труд.И нормално, ќе ги оставам тие што просат да им течат лиги.Evil. :)
Сепак да не бидам погрешно разбран, тие што навистина не можат да заработат за да преживеат и принудени се поради тоа да просат, да но напишав во Македонија (особено во Скопје) ситуацијата каква е со денешните просјаци.
 
НЕ ДАВАМ. кај немаат пари за леб уште цигари пушат. тоа не ги разбирам
 
Пред извесно време на помен во Бутел ми пријде човек кој што оди на погреби и бара малху храна,која се дава за душа на починатиот. Пред некој ден читав за истото на форумот.
И овој на погреб е просјак и луѓето на улица се просјаци. Тогаш зашто повеќето не би одбиле ако некој им пријде на погреб и им побара за јадење, а на улица не го ни приметуваат. Која е разликата не ми е јасно ?
Инаку што се однесува до мене, давам пари кога имам во мене. Зошто да не ? И онака просјаците веќе одамна ги сметаат како инвентар на градов. Тој/таа за што ќе ги потроши моите 10 денари не навлегувам, ниту пак ме интересира.
 
Гитла бре какво давање пари на клошари. Глеа дека идат луѓе накај него и одма праи некоја тажна фаца, мисли дека ќе се сожалам на него, а да ги преброи парите има 100 пати повеќе од мене. Ај тоа е една работа...друго е што се премногу безобразни. Абе се влече по тебе, досаѓа, замара, и мал кепец од 3 години, па се до големо магаре од 15-16 години. Башка сум слушнал дека се организирани во групи и носени од и во другите градови, и изнајмувале бебиња за 100 ден. од ден. Клошари. А највеќе ме нервира што "ургентните" власти секој ден ги гледаат како трчаат и се бесат по луѓе, особено на плоштад и мува не ги лази. На што личи смрдливи, боси, гнасни да се шетаат у сред град кај што доаѓаат и странци, кои дошле како туристи раат да си поминат во Скопје. А им даваа куќи во специјално направена населба за нив, но "кутрите" од што немаат од што да живеат го корнеле паркетот во куќата за да се топлат или да го продадат, простачка работа. И на такви после да им давам пари и да ги жалам? Ха! Едно е јасно...крајно безобразни се и денар не гледаат од мене во наредни 3000 години.

*Не рекле за џабе дека оној што нема не бара и не се жали, туку оние што имаат и пак им е малку
 
Па ако имаат нема да бидат смрдливи, боси и гнасни, логично нели ?
 
Па ако имаат нема да бидат смрдливи, боси и гнасни, логично нели ?
Добро де, и јас намерно ќе се облечам така, и ќе собирам така пари секој ден. Еден ми доаѓа на плоштад, ми вика, дај ми пари, неам патики (кондури), ладно ми е. И му викам, е добро бе, како тогаш ако нон-стоп си бос на ладново не лежиш болен туку знаеш да трчаш и да собираш пари? И заќуте.

*Абе колку пати ќе сум искочел од некаде во петок, сабота, и гледам пред дискотеката мали циганчиња брои пари цело туце, и после ќе се жалат дека немаат. Само ај сеуште се мали не чини да ги обвинувам нив, туку тие го*нарите што им се мајка и татко, што ги тераат да питачат, а со парите да не купат за јадење туку ракија и лепак.
 
Извини, јас сеуште не сум наишла на човек кој му е хоби просење. Веројатно збориме за различно искуство.
 
Извини, јас сеуште не сум наишла на човек кој му е хоби просење. Веројатно збориме за различно искуство.
Епа види ги тие питачи (на плоштад и околу него само се 20-30 души), што се во бесознание од дување лепак и пушење цигари на 5 год. возраст (и постари, нормално) и ќе ти биде јасно.
 
Епа види ги тие питачи (на плоштад и околу него само се 20-30 души), што се во бесознание од дување лепак и пушење цигари на 5 год. возраст (и постари, нормално) и ќе ти биде јасно.

Сум ги видела, што знае дете од 5 години оставено на улица само ? И јас и ти и било кој со таква негрижа сме можеле да се најдеме во иста ситуација. Но тоа е веќе друг муабет, да може верувам секој од нив да бира дали сака да биде на улица и да пита или негде во топол дом со јадење ќе го избере ова второво.
 
Да де, токму затоа реков погоре дека се виновни нивните т.н мајки и татковци, и децата се учат да бидат како нив. Само чудна работа што надлежните не преземаат ништо, навстина е срамота и брука да се грди центарот на Скопје, а децата како стануваат поголеми, стануваат и насилни према граѓаните.Барем нека ги сместат во прифатилиштето (не знам како се викаше селото). Само и таму нема да им се свиѓа или ќе го шитнат мебелот и ќе го запалат паркетот да се стоплат.
Лично сум видел како наезда од 10 деца, роми му се пуштаат на странец, му брцаат по џебови, го удираат, човеков вика за помош. а на 10 м. од нив стојат џандар и се смеат. Брука...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom