Променливо расположение

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Дали сте жртва на овој "синдром"?
Колку пати го менувате вашето расположение во текот на денот со оглед на тоа што живееме во едно такво општество во кое секој си зема за право да ти префрли, да те праша нешто што моментално ќе ти ги зоврие нервите и сл.
Можеби пак вашето променливо расположение е ваша карактерна особина?!
 
На моменти и преголема жртва на овој синдром на променливо расположение.:toe:
Во последно време се обидувам да не дозволам до толку да влијаат изјавите на другите врз мене, ама не секогаш успева.
 
Не дека ми успева секогаш, ама се трудам да го задржам доброто расположение(кога сум добро расположен) и да го променам лошото расположение во добро:toe:
 
~*~

Дали сте жртва на овој "синдром"?
Колку пати го менувате вашето расположение во текот на денот со оглед на тоа што живееме во едно такво општество во кое секој си зема за право да ти префрли, да те праша нешто што моментално ќе ти ги зоврие нервите и сл.
Можеби пак вашето променливо расположение е ваша карактерна особина?!

Менувам расположение многу често, иако во последниве 5/6 месеци држам некоја ведра, расположена константа, но сепак имам моменти кога знам да западнам во некоја моментална депресија.
Верувам дека животот треба да се живее и искусува што е можно поквалитетно, а промената на емоциите, спектарот на емоционални слики кои може да ни го покаже секое чувство се огромни, затоа ги сакам сите промени кои настануваат во мене и секако тоа се рефлектира на моето расположение.

Во текот на денот, расположение можам да сменам, два пати најчесто или воопшто не го менувам, но кога ќе настапи промена секогаш тоа е екстремност.
 
Ах, секогаш менувам расположение... дали некој ќе ме изнервира, у школо, другарките, персона икс... секогаш ми се квраи расположење, некогаш на саат два, некогаш остатокот од денот... често па знам да бидам нерасположена и из чисте мире да почнам да се смеам, да се зезам...
 
Менувам расположение често,може ситница да ми го расипе убавото расположение а тоа се приметува и гледа на мене...проблем ми е тоа знам но тоа е што е нема бегање :icon_lol:
 
Дали сте жртва на овој "синдром"?

Не, напротив жртва сум на оној синдром кој се вика-постојано исто расположение со многу мали и ретки промени.

Колку пати го менувате вашето расположение во текот на денот со оглед на тоа што живееме во едно такво општество во кое секој си зема за право да ти префрли, да те праша нешто што моментално ќе ти ги зоврие нервите и сл.

Искрено можеби звучи нескромно, но не си дозволувам и не можам да дозволам туѓи постапки или зборови да можат да ми го расипат расположението.
А и доколку дојде до момент и максимално да се изнервирам и да се случи не дозволувам со моето однесување или расположение да влијаам на средината.

Ме нервираат луѓе кои не можат да ги контролираат емоциите, чувствата и нервозите, луѓе кои со своето лошо расположение и својата негативна енергија влијаат на својата околина и искрено гледам што помалку да сум во близина на такви луѓе.
 
Најчесто сум весела и расположена,но во текот на денот знае да ми опадне расположението и тоа трае некои си 10 минути и тогаш и не е убаво некој да ми е у близина,пошто сум ептен кенкало,а и понекогаш избувлива.Среќа тие промени не се толку чести,а и кога ќе се случат кратко траат.
 
Уф да цело време, посебно за време на ПМС-тогаш дозволувам секоја мала ситница да влијае на моето расположени-најчесто негативно.

Инаку во глобала, гледам да бидам нормална т.е да не избувнувам од моменти на моментти.
 
За да не се доведам во ситуација да ,,полно работно време,, размислувам кој што рекол, што сакал да речи, зошто го рекол тоа и зошто не можел поинаку да го каже:),и притоа пет пати да го сменам расположението а притоа искористувајки ги средствата: автосугестија, рационализација, анализа и синтеза:), јас едноставно ги ставам работите на игнор и оставам времето да ми ги даде одговорите, а со тоа и да ми ги поштеди емоциите:).Така се здобивам со ,,ладна глава,, и срце и сум во блажен баланс и рамнотежа. Или според City, принципот на константно расположение.
 
raspolozena sum jas sekogas.... veciti optimist... yes da znae da me napadne na momenti nervoza i neraspolozenie.. cesto menjavam raspolozenie ( La Espanola sto bi rekla: sto sakas ko si bliznaci ili taka nesto) ali 95% od vremeto sum srekna raspolozena i vesela​
 
Променливото расположение е моја карактерна особина, да.:kesa:
Знам за една секунда од нервозна да се расположам, од најсреќна на свет крајно да се изнервирам. Се` си земам при срце, па и непознат човек може крајно да ме испровоцира или од петици да ме насмее.
Но сепак и покрај тоа, со луѓето околу мене во тие моменти мислам дека добро реагирам. Значи ако ми падне расположение од трета личност или моја случајна мисла, се трудам да не се фрлам на нив, туку да се изназборам додека ми помине ... најчесто со тоа ги смеам другите. За промената на подобро ... па не се трудам да ја корегирам ... ваљда повеќе таква ме сакаат.:podsmev:
 
Ми имаат речено дека сум непоправлив оптимиста. Незнам зошто но секогаш се трудам да си ја најдам веселата страна на било што и да не се секирам многу, нити пак си ставам на срце. Се знае вака или онака ке се средат работите, само нервата ке остане на крај. Така да многу ретко некој да ме види нерасположен.
 
Дали сте жртва на овој "синдром"?
Колку пати го менувате вашето расположение во текот на денот со оглед на тоа што живееме во едно такво општество во кое секој си зема за право да ти префрли, да те праша нешто што моментално ќе ти ги зоврие нервите и сл.

Се обидувам да го задржам моето расположение исто, во текот на целиот ден, без разлика дали ме изнервирал некој..Иако сум лесно избувлива особа, сепак, таа избувливост си ја оставам за дома, и пробвам да бидам што повоздржана. Порано многу често знаев да се изнервирам и се да си земам при срце, ама со текот на времето научив дека луѓето околу тебе уште повеќе те надразнуваат кога гледаат дека си изнервиран, и се ситат со тоа. Затоа, настојувам да не го променам расположението.

Можеби пак вашето променливо расположение е ваша карактерна особина?!

Како што кажав погоре, беше. Сега не е. Се сменив и се обидувам да бидам весела и да го задржам истото расположение во текот на целиот ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom