Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Имаме тема што не ни се допаѓа во нашиот карактер и што би сменале, но ете можеме да дискутираме и за тоа дали е можно тоа да се примениш вистински.
Сигурно во животот сте си рекле дека нешто ви пречи во вашиот карактер, можеби нешто сакате да смените. Колку човек може да успее во промената? Дали некоја карактеристика која ја поседувате, на која сте навикнале и која е дел од вас може да се промени ако сметате дека ви штети?
Обично велиме: „До сега не сум се сменал/а, од сега па ич“. Што не` тера да останеме пасивни ако е потребна промена? Дали станува збор за она: „Се прифаќам и ме прифаќаат онаков/ва каков/ва што сум“?
И, велат дека, колку повеќе години има човек, толку потешко му е да се смени. Дали е ова токму така или не мора да значи?
Сте успеале да се смените? За што станувало збор, што ве натерало да се ангажирате за својата промена?
Дали сте забележале промена кај другите (поблиските, нормално) откако рекле дека планираат да се сменат?
Имам многу прашања, ама ајде за сега доста е.