Промена на пол? За или против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Промена на пол?


  • Вкупно гласачи
    258
Незнам не сум ни за ни против :toe: ..Негово тело негов избор..лично ја не би.
 
Па неможе секој да биде убав и да го сакаат сите, како те дал господ така треба и да си останеш, можеш да замислиш кај ке отиде светот ако секој втор мења пол, се клонира, и ако продолжат да го унапредуваат генетското инжинерство

Сосема се согласувам со тебе... ужасно е менување на природното...ајденешто површно .. иако и тоа не го ценам сепак знаеме женските обично што прават.... силикони додавање и такви работи но да се смени целосно полот... хммм :jaj:
Не искачај од дома тогаш .... ако глупо ни е менувањето на бојата на Мајкл тогаш што со ПОЛОТ да го смените :tapp:
 
Кој што сака нека прави се додека не му причинува штета на другиот. Јас гласав за бидејќи мислам дека на таквите луѓе (оние кои не се задоволни од својот пол) навистина им е тешко во својата кожа. Па ако има начин некако да им се угоди и да бидат посреќни, зошто да не. Плус, тука спаѓаат и хермафродитите кои апсолутно не се виновни за својата состојба и на кои им треба медицинска помош.
 
Не би требало премногу да ме интересира нечиј интимен живот или потреба, ама мислам дека промената на полот е многу поскапа од терапија препишана од добар психијатар.
Мислам, луѓе кои се заробени во сопственото тело?!
Потребата од промена на полот за мене претставува показател за тешка деформација на нечии дух и душа.
 
Јас сум против промена на пол, бидејќи сите сме создадени какви што треба да бидеме, а не во тек на животот да ни дојде некоја фикс идеја па да се менуваме. И одвратно ми е некако тоа.. Али од друга страна, сеедно ми е, кој сака што сака нека си прави на телото, ако му прија:)
 
Господ створил машко и женско,..секој ќе си живее онака како што му е одредено да биде..гревота е да се прават вакви дебилни работи..гревота е!..:uvo:
 
Не би требало премногу да ме интересира нечиј интимен живот или потреба, ама мислам дека промената на полот е многу поскапа од терапија препишана од добар психијатар.
Мислам, луѓе кои се заробени во сопственото тело?!
Потребата од промена на полот за мене претставува показател за тешка деформација на нечии дух и душа.
А ти си, претпоставувам, стручњак за тие работи - психијатар, или барем психолог?

Јас сум против промена на пол, бидејќи сите сме создадени какви што треба да бидеме, а не во тек на животот да ни дојде некоја фикс идеја па да се менуваме. И одвратно ми е некако тоа.. Али од друга страна, сеедно ми е, кој сака што сака нека си прави на телото, ако му прија:)
Ма немој?
 
Toчно , тешко им е , па затоа им треба најмногу поддршка , а не осудување.
Кој што сака нека прави се додека не му причинува штета на другиот. Јас гласав за бидејќи мислам дека на таквите луѓе (оние кои не се задоволни од својот пол) навистина им е тешко во својата кожа. Па ако има начин некако да им се угоди и да бидат посреќни, зошто да не. Плус, тука спаѓаат и хермафродитите кои апсолутно не се виновни за својата состојба и на кои им треба медицинска помош.

И јас лично не би , само не ги осудувам.Баш напротив , ги поддржувам што се борат за својот сон , без разлика колку вас ви изгледа тој апсурден.
Незнам не сум ни за ни против :toe: ..Негово тело негов избор..лично ја не би.
 
ПРОТИВ!Тоа што си се родил тоа ќе бидеш,крај.Ај сеа ја нејќам да бидам човек сакам да бидам куче...ццц глупости еј.
 
Момчево го сменило полот пред 3 години и од женско станало машко, морам да признаам изненаден сум оти да не го видев видеото каде што е уште женско немаше да поверувам дека дечкото бил некад женско:
 
Јас сум за прилагодување на телото на родовиот идентитет.
Јас сум трансмаж и повеќе не се кријам кој сум и што сум.
Промената на пол во овие простори е навистина тежок процес затоа што нема никаков медицински тим кој што ќе работи со трансродови лица.
Исто така е проблем (огромен) тоа што трансродовите лица кои што се веќе на хормонска терапија ја земаат без надзор на соодветно медицинско лице со тоа што не само што му се загрозува здравјето туку и животот.
Трагично е што овде нема обучен тим да работи со нас... и тука не станува збор дали некој се согласува што треба ние да правиме со нашето тело (затоа што тоа е наше тело), туку како да се превенираат одредени несакани последици само затоа што општеството е слепо за потребите на една група на луѓе кои што треба да поминат низ сито и решето само затоа што некои имаат некаков си став.
 
Почнаа транс лицата во Македонија отворено да зборуваат за проблемите со коишто тие се соочуваат секојдневно.

http://lgbti.mk/Home/Post/8afefecc-a6cd-4b03-9432-734a398d66d8#.V8mr3NR96t_
Најголем проблем си е сам на себе:

Дваесет години ми беа потребни да си признаам на себеси дека јас не сум жена. Десет години ми беа потребни да соберам храброст да признаам јавно дека сум маж. Два часа ми беа потребни да ѝ се доверам на другарка ми дека сум маж.“
Од сите признавања, сам на себе најмногу време му требаше
 
Не е точно. Проблемот е општеството...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom