Производи со "изненадување"

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Има нешто штипка што се вика, или со хартија. Вработените во Жетвар кај клиники, Вршник во Ѓорче, Специјал К4 како немаат проблеми со ова :toe:
Никој не умрел меѓутоа доволно е еднаш да фатиш хепатитис А или некоја онаква колиформна бактерија па до крај на живот да си ја чукаш глата. Но ајде, никој не умрел :vrtioci:

Брат нај искрено не ми е гајле ни за хепатити ни зарази ни нишо. Едноставно ГАДНО Е. Ти се Одјадува.
 
Во СП маркет во Тафталиџе се случило ова...Не сакав посебна тема да отварам па ајде овде може...И искрено не знам дали веќе би каснала стек после ова видео...


 
Во СП маркет во Тафталиџе се случило ова...Не сакав посебна тема да отварам па ајде овде може...И искрено не знам дали веќе би каснала стек после ова видео...


Пријави ли во пазарна?
 
На тој што му се десило ова денес пишуваше дека во Агенција за храна и ветеринарство пријавил...
Јадел, па тоа што му останало не го ставил во фрижидер и некоја мува положила тука јајца. Многу убаво се гледа дека стекот не е цел. Сигурно додека јадел не ги видел. Не се криви тие во продавницата. Тоа не се црви, туку ларви од мува.
 
Вива сокче со мезе. :D Сликата не е моја , ја најдов на фб беше постирана од некој од Кавадарци.

viva.jpg
 
Ваква мувла фаќа и томателото и доматното пире и други производи кога се отворени повеќе од три дена, а не се чуваат на ладно.

Не пијам сокови ( освен на гости каде што не можам да одбијам ) и не е дека ги бранам, што се однесува до мене слободно може се тоа да затворат ама во случајов мислам дека можеби станува збор за неосновано драматизирање. Мувлата е од несоодветно чување.
 
Првиот пат мислев ај нешто ми се превидело вака така. Ама денес по втор пат ми се случи во пакуван тост-леб на Жито Лукс да најдам доволно долго црно влакно за лебот да се држи на истото.
Значи колку и да е фабрички, очигледно лебов поминува и низ нечија црна долга коса.
 
Тазе огадување, во донер најдов бубаче мало црно, мртво...

Го џитнав сместа. Знам дека летаат на топлово, паѓаат во месото/салатите.... Ама донер no more.
 
Порано купував често од Пекабеско павлаките што се по 800 гр. во кантичка, само таа ми беше превкусна за салати и за на леб. Пред една година ја купувам од Тинекс - Зебра. Доаѓам дома, отворам и гледам сино-зелен круг колку 5 денари, на едната страна....Ај си велам, батали, заврши во ѓубре павлаката, требаше да им ја вратам, ама што дека.... Знаев дека веќе нема пак да купам од истата. А ова павлакава имаше и рок на траење, и убаво беше затворена, нели горе кантичките имаат такво пластично да го скршиш, па да се отвори. Може несоодветно чувана.
 
Ја пред некое време купив од Керфур некој француски крем од костени и унутра, коа го отворив, имаше некаква мувла. Им го вратив и немаше проблем никаков за враќање пари.

Само што баш тогаш колата пајак ми ја дигна на уличка кај што никад пајак не поминуел ни пред тоа ни после тоа (уличката кај Форца, Коменски, четрнаеска, топлана....)
 
Кога во веганскиот ручек ќе ти дојде непоканет гостин
 
Ова во америка да се деси, богат си. Ќе му палиш свеќа на глушецот секоја година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom