Производи со "изненадување"

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Во последно време доста често читам случки каде што потрошувачите купуваат одредени производи и наидуваат на непријатно изненадување како:стакло/пикавец во леб, бубашваба во кифла и последното што го прочитав денес е :

Ужас: Палента од Жито Лукс купена во Скопје полна со бубачки (Фото)

Скопјанка била згрозена кога купила палента од Жито Лукс во продавница и во неа нашла еден куп црни бубачки. Имено според читателката палентата има рок на траење и купена е деновиве од познат маркет а не од некое гранапче па да се постави прашање за начинот на складирање. Таа ја отворила палентата и низ неа пливале еден куп мали црно бубачки. Ги фотографирала, како и фискалната сметка на која се гледа кога е купен производот и самото ќесенце на кој е втиснат рокот на траење.










Дали ви се случило да бидете непријатно изненадени при купување одреден произод? Дали некој води грижа за потрошувачите? Знаеме ли што јадеме и колку е вистинит испишаниот рок на употреба на производите? Врши ли некој контрола на квалитетот на производите што се наоѓаат по рафтовите во маркетите?
 
Прва и основна работа да се вршело контрола немало да дојде до тоа да се има непријатни работи во производите кои ги купуваме. Така да очигледно никој не контролира што точно јадеме...

Мене не ми се случило да најдам нешто непријатно но затоа ми се случило производот иако рокот сеуште трае производот да е лош.
 
На еден пријател му се случи од една маалска бурекџилница да најде лебарка во кифлата... Веројатно и ништо чудно бидејќи лебарките летно време ги врие, сум седел над бурекџилница и цел стан вриеше од лебарки... Плус што кај нас очигледно е дека од пазарниот инспекторат не се замараат оди пријавувај колку сакаш.
 
Ми се има случено многу пати. Мува во ѓеврек колку пати сум и видел, а скоро секој што го знам или видел или на него му се паднал ваков ѓеврек. Сеа во овие две недели 2 пати ми се случи. Прво на одмор во Дојран во лебот најдов некоја бубачка, така потпечена. Мада разбирам ова, машински го месат тестото па може да се случи, не е чудно. Второ купив пред некој ден успат кифла од бурекџилницата во Маџари и јадам и гледам ЖИЦА во неа. :sick:
 
уф искрено ми се одгади да ставам залче храна во уста ... запознат сум со овие настани ... не е само кај нас ... секаде во светот се случуваат вакви работи .... ви текнува со големиот скандал во Западна Европа со коњското месо кое ставале и го давале како говедско месо ?! мислам беше како замрзнато месо или нешто како готова замрзната храна беше .... ајде ништо не е ова во споредба со европа .... таму дури јадат и генетска храна ... ни си јадеме природни домашни овошја и зеленчук ... таму го одгледуваат и генетика чепкаат .... да го поканиме Бер Грилс на ручек ... обожава бубачки ... :D

 
Мравки имам најдено во спакуван леб, оние сечени завиткани со најлноско ќесенце...
жито нешто беше само незнам дали беше жито лукс.
 
Ајде да си кажам јас за изненадувањето од пред 2 недели.
Си спремав палачинки ама некогаш ги јадам и со мармалад. Пошо дома мармаладот беше при крај, викам ај да купам да не се пресечам у јадење да снема на најслаткото. И така палачинките готови па си викам да намачкам некоја со мармалад. Нормално ја зиам теглата да ја отворам со сета сила и се ослободи вакумот едвај коа од теглата изрипаа две како лебарки. Ми се дигнаа црева и едвај ги утепав. Толку се згрозив шо ми се одјадоа и палачинки и се. Немаше да ме чуди да беше некој шкљ мармалад, ама овој на Подравка со рок на употреба до 2015 година. И шо е најстрашно не беше отворен мармаладот па да речеш ете влегле. Овој ем купечки, ем вакумиран, ем со лебарки кои беа живи :mad:
 
Киткашарена, на прв поглед си реков за некој божиќни поклони е темава... ама од ко ја отворив, сватив дека и не мораше баш да кликам..
Ај бубачките се видливи.. ам тоа што не го гледаме?
Некогаш си викам.. наместо 1 литар вода во рецептот, тој турил 800мл вода + 200мл урина/плунка/спе.... и?
Шо прајме сега... чаре? :pipi:
 
Еднаш купив пирошка и најдов навистина големо влакно во неа. На среде јадење онака кога го осетив низ забите ...ми се згади, бљак.
Никогаш повеќе не купив од таму :eek:
 
Една локална пекара има тука, и бурекчилници држи ама и леб праеа едно време. Еднаш во нивниот леб најдев каменче, на повеќе делови сронено и испечено заедно со лебот..
 
.....е какви сте и вие...кај за ситна пара добивате и гратис и изненадување уште и се буните.....

шала на страна....ситуацијата со храната во МК е надвор од било каква контрола во последниве неколку години....храна се произведува во шпупи, гаражи, подруми, во несоодветни услови и што е најтрагично ЛЕГАЛНО СЕ ПРОДАВА....
....дупките во закон овозможуваат било кој со штура декларација да пушти во промет што му душа сака....посебно ме нервираат (никогаш не ги купувам) брендираните производи на ланците маркети....односно маркетот купува сирење, смоки, туршија од рандом тип...го пакува со свое лого и пишува што содржи пакувањето (пример сирење)...но нигде не е наведено состав, каде е произведено, кој го произвел, потекло на состојките и слично

уште потрагично е што производи кои биле однесени во депонијата Дризла за уништување се вадат од таму и завршуваат по пазарите и продавниците (посебно сувомеснати производи)

Во еден куп маалски продавници во ист фрижидер чуваат и сладолед и риба и батаци и зеленчук и тесто...и сите тие производи се неколкукратно одмрзнати и замрзнати....па потоа сладоледот мириса на риба, лиснатото на батаци и слично

а што се однесува до изненадувањата...тие ќе бидат почести и почести...се додека не се смени законската регулатива и додека инспекторите не ги размрдаат своите дебели газови и не излезат на терен (сега за сега само дремат пред компјутрер и собираат рекет за да бидат слепи, глуви и неми)

Моето најголемо изненадување (покрај расипани, засмрдени, и мувлосани производи) беа неколку парчиња остро стакло во тегла лецималт, а потоа го имав најнепријатното животно искуство - снимање на желудец.

Сеуште стојам на ставот дека НАЈДОБРА И НАЈЗДРАВА ХРАНА Е ОНАА ХРАНА НАПРАВЕНА И ОДГЛЕДАНА СО СОПСТВЕНИТЕ РАЦЕ
 
Ајде да си кажам јас за изненадувањето од пред 2 недели.
Си спремав палачинки ама некогаш ги јадам и со мармалад. Пошо дома мармаладот беше при крај, викам ај да купам да не се пресечам у јадење да снема на најслаткото. И така палачинките готови па си викам да намачкам некоја со мармалад. Нормално ја зиам теглата да ја отворам со сета сила и се ослободи вакумот едвај коа од теглата изрипаа две како лебарки. Ми се дигнаа црева и едвај ги утепав. Толку се згрозив шо ми се одјадоа и палачинки и се. Немаше да ме чуди да беше некој шкљ мармалад, ама овој на Подравка со рок на употреба до 2015 година. И шо е најстрашно не беше отворен мармаладот па да речеш ете влегле. Овој ем купечки, ем вакумиран, ем со лебарки кои беа живи :mad:

Ова е малце нелогично. Ако имало вакум тогаш било кој организам било тоа бубашваба, лебарка, црв или било што не би можеле да живеат во таков вакум простор ни 5 минути.
Гарант тие лебарки излегле од друго место не од теглата.
 
Мене пред два три дена оса ми излезе од ќесата во ѓевреците, дури и ме касна на устата, среќа не сум алергичен па не ми отече устата. Многу беше топло и ме мрзеше да се вратам и да и ги напикам у уста и ѓевреците и осата на таа продавачката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom