Ајанта
Македонка
- Член од
- 21 декември 2008
- Мислења
- 580
- Поени од реакции
- 37
Разгледувајќи ја темата за неправди во училиште, не можев а да не се прашам дали е се толку црно. Јас имам и негативни, но и позитивни искуства со оние кои ме учеле. Некои од нив, морам да им оддадам признание, завршија добра работа за што сум им многу благодарна.Од некои научив многу за предметот кој го предаваа, од други за животот, беа мудри и фер, од трети што значи да се има став и принципиелност.... Секако, од многумина не научив ништо, ама оваа тема не е за таквите.
Значи, да ги пофалиме добрите професори кои одговорно и со срце си ја вршат работата, ако има такви, или да напишеме кој е добар професор според наше мислење.
Мене лично најпозитивен впечаток во текот на школувањето ми има оставено проф. Лилјана Минова -Ѓуркова од Филолошкиот факултет (Синтакса, т.е Современ македонски јазик, II дел). Жената беше подготвена, точна на предавања, дури ако некојпат не можеше да го одржи предавањето најавуваше на време, да не висиме бадијала по ходници, што не беше случај со другите професори. Секоја чест!