Проект: Velomobile

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Локација
Скопје
Здраво дечки.
Јас сум студент на Машински факултет, отсек Индустриски дизајн и како апсолвент имам изготвено повеќе проекти, а мојот најнов проект е проектот "Velomobile".
Ја отварам оваа тема со цел да слушнам ваши совети критикi и пофалби за мојата идеја.
Исто така потреебно е да направам истражување на пазарот на конкурентност најпрво на нашиот пазар а на второ место следува и странскиот пазар, а сметам дека еден од начините на истражување е и овој начин, преку кратка презентација на најпосетениот форум во државава наша, секако кајгана форумот, и во зависност од коментарите ке можам да дадам одредена оценка за мојот проект.

Која е мојата идеја?
Инспирацијата за овој проект извира од произоводите кои веке се продаваат во С. Америка а и во западна Европа. Го носат истото има како името на мојот проект, Velomobile.
Промената е во тоа што веломобилите се всушност велосипеди на три тркала или поконкретно трицикли кои имаат оклоп за подобрување на аеродинамичноста и совладување на отпорот од ветер, додека мојата идеја е да се даде на производот аеродинамичен изглед но истовремено изглед на автомобил.
Формата е инспирација од облик на некои од морските риби.
Исто така мојот модел не е велосипед, припаѓа во групата на моторцикли, бидејки предвидено е да има вградено моторо со зафатнина од 150cc.
Исто така веломобилите имаат систем за управување со рачки, јас сметам дека подобро би било управувањето да се извршува преку волан односно системот за управување со полжав и летва,
Веломобилот е проектиран за транспорт на една особа.
Овој изглед секако дека не е конечен, ке има одредени промени во изгледот но и во функциите.

Очекувам ваши коментари.
velomobile2g.jpg7g.jpgvelomobile5g.jpgvelomobile3s.jpgvelomobile1g.jpgvelomobile4g.jpgvelomobile3g.jpgvelomobile4s.jpg
 
само напред... нека биде некое македоче на врв со своите изуми... со среќа...
 
Лепота, колега. :zver:

Дофинализирај и давај слики како ќе напредуваш. :wink:
 
Dobar proekt i jas sakam da go ucam istiot smer samo sto so moeto dosegasno ucenje daleku sum od masinski , koga go poglednav mi dojde edna idea neli moze da go zamenis motorot od 150cc so nekoj elektricen pogon pa taka da bide po ekolosko ?
 
Фала за пофалбите. Немојте толку да ме фалите, ке ме урочите. :)
Шала на страна, колега што по тебе би можело да го подобри дизајнот?
Не се однесува само на изгледот и формата, туку и на функциите.

Знам дека имаш завршено на Машински, ме интересира кој смер заврши?
Ако си заинтересиран, можеме да вметнеме и некаков дел од твојата насока.

Крајната цел на овој проект е тој да се реализира, што е нели нормално нешто во западните земји додека кај нас е малку потешко.
Инаку која би била логиката, јас да се трудам да направам проект а тој да остане само на хартија или на компјутер.
Моментално сум на почеток на разговори една реномирана фирма која се занимава со модификација на возила, за реализација на проектот.

Што се однесува до идејата за електрично возило, би сакал да се движи на електричен погон, но не знам кој во Македонија е компетентен за конструирање на ваква технологија.
Мислам дека треба да се обезбеди поголем простор за батериите додека за самиот мотор е со релативно мала зафатнина.
Ги разгледував кинеските моторчиња на електричен погон и мислам дека можно е и тоа да се направи зо земање на технологијата од веке постоечки производ и да се вгради во овој, само што кинеските не се нешто квалитетни, некои поквалитетни мотори ке се земаат во предвид.
Интересна ти е идејата и е на право место.
Секакво упатство по тој предлог би било добредојдено.

Попладне ке постирам нови рендери на возилото со мали модификации.
 
Дизајнот е добар. Од страна на дизајнот имам две забелешки:
1. Светлата напред (треба некако повеќе да се интегрирани во дизајнот, задните се супер)
2. Задниот дел (за кој мислам дека е висок, добро е да се спушти најниско што може)

Меѓутоа дизајнот е индивидуална работа, не е тоа толку важно.
Дали возилото е стабилно? Дали ја имаш изработена конструкцијата на возилото или само школката?
Која програма ја користиш? SolidWorks?
 
Дизајнот е добар. Од страна на дизајнот имам две забелешки:
1. Светлата напред (треба некако повеќе да се интегрирани во дизајнот, задните се супер)
2. Задниот дел (за кој мислам дека е висок, добро е да се спушти најниско што може)

Меѓутоа дизајнот е индивидуална работа, не е тоа толку важно.
Дали возилото е стабилно? Дали ја имаш изработена конструкцијата на возилото или само школката?
Која програма ја користиш? SolidWorks?


Проектот е сеуште во почетна фаза.
Се согласувам со тебе дека предните светла треба да бидат "пооблинести", ке направам модификација сигурно, исто и лед диодите не се баш како што јас сакам и нив ке ги преуредам.
Конструкцијата е во изградба, почнав со изработка на школката, а кострукцијата треба малку повеке мислење затоа ја почнав но иде малку поспоро.
Да, работам на Solidworks, знам и на Maya да работам но не така добро и брзо како со Solidworks-от, а башка и Maya-та не е инженерски пакет, повеке е моделаторски, како на пример за правење игрици, цртани филмови и сл.
Исто така наредниве денови ке треба да направам интериер
За крај на проектов планирано ми е да направам и анимација, нема да биде којзнае каква сајнс фикшн ама доволно добра за секој гледач да може да го разбере концептот.

Ова е самиот почеток на конструкцијата, прва проба, која секако не е конечна, само секогаш кога почувам да конструирам нешто, го почнувам со наједноставно цртање, без детали и врски за спојување, деталите на крај ги додавам.
struktura1r.JPGstruktura3r.JPGstruktura2r.JPG
Морам да признам дека помалку ми е познат овој дел од конструирањето, затоа и ке иде поспоро, од просто кон посложено.
Имам и идеја за лого.
Бидејки многу си ја сакам мојата Македонија, сметам дека логото треба да биде означено со Македонски симбол, со модифициран модерен изглед.
logo1r.JPGlogo2r.JPG

Кратко објаснување на логото.
Логото е знак на вечниот животен круг или попознат под името коловрт. Коловртот е традиционален Македонски симбол, некои го поврзуваат со колото кое го играме на свадби и слични веселби а кое се врти во круг, затоа и се вика коловрт=коло+врт.
Исто така како идеја ми дојде да вметнам лед осветлување, бидејки Македонија од секогаш била поврзана со светлината.
Но и во формата е поврзан со движењето, личи како на тркало со бандаж. Мислам дека совршено ке одговара на овој концепт.
Сличен е со формата на моите бандажи.
Толку за денес, утре продолжуваме со проектирање.
 
Nemozes vaka da ti bide konstrukcijata, mora da smenis procitaj po knigi ima bajagi na masinski ili prasaj nekoj so znae da ti pomogne, kakvi profili,kolkavi nacin na spojuvanje bla bla ima milion raboti. ova ti go kazuvam so cel da dobies najmala mozna tezina a sepak bezbednost koja se bara.
 
Јас ќе ти кажам дека формата на бандажите ме потсеќа на тркалото од машина за шиење :) Секоја чест за дизајнот. Задржи го тој изглед на огледало на кабината до крај, ептен е топ. За механика, неможам многу да ти помогнам, ама затоа со корисни совети и линкови, колку сакаш :)

Прво, бујрум да разгледаш неколку електрични моторцикли. Имаат солидна автономија, и голема крајна брзина. А не се многу скапи за производство. Батали 150 кубици машина, ако веќе купувам нешто вакво, сакам да биде електрично и да не сум зависен од бензин.

п.с. ти фали бришач напред

едит: размисли за нешто вакво, баш би се вклопило во дизајнот и нема да завзема место. Овие на линкот се мотори кои се вградени во тркалата. Само ти треба да испланираш место за батерии :), а добрата страна е што сan do regenerative braking
 
Супер е идејава, инаку мислам дека е подобро малку да ги разделиш жмигавците позади за поубаво да се распознава од далеку на каде ќе врти чудово :)
 
Имам и идеја за лого.
Бидејки многу си ја сакам мојата Македонија, сметам дека логото треба да биде означено со Македонски симбол, со модифициран модерен изглед.
Прегледај го приврзокот 36362Прегледај го приврзокот 36363

Кратко објаснување на логото.
Логото е знак на вечниот животен круг или попознат под името коловрт. Коловртот е традиционален Македонски симбол, некои го поврзуваат со колото кое го играме на свадби и слични веселби а кое се врти во круг, затоа и се вика коловрт=коло+врт.
Исто така како идеја ми дојде да вметнам лед осветлување, бидејки Македонија од секогаш била поврзана со светлината.
Но и во формата е поврзан со движењето, личи како на тркало со бандаж. Мислам дека совршено ке одговара на овој концепт.
Сличен е со формата на моите бандажи.
Толку за денес, утре продолжуваме со проектирање.

пред да го направиш логото и да го ставиш на возилото провери дали е можда веке заштитено нешто слично на него... ако го има некој заштитено, сериозни пенали се плакаат... нема да збориме за илјадници денари туку за евра...
 
Интересна работа и добра идеја , ми се свиѓа што си педвидел да има мотор,Но сепак мислам дека не е најбезбедно за нашиве патишта (па и воопшто било каде). :)
 
Нема везе, ако е до 50-60 км/ч, сигурно е побезбедно од кинески скутер.
 
Дечки фала за советите.
Dzish, ми се допаѓа твојот предлог за мотор. Дали оваа фирма произведува и батерии?
Јас можам да ги видам сите компоненти за конструирање на електричниот систем, само не можам да најдам каде им се батериите и дали воопшто ги прават или треба посебно од друга фирма да се набават?

onak можеби и малку избрзав со логото бидејки тоа треба на самиот крај на проектот да се вметне, но фала за инфото.

nikolaben овој проект кој јас го правам спаѓа во групата на моторцикли, зошто ти мислиш дека моторциклите би биле побезбедни од мојот моторцикл т.е трицикл со мотор?
Доколку се исполнат стандарди се ке биде во свој ред.
Знам дека најмногу внимание треба да обрнам на подлогата, по мене тоа е најважниот дел со кој се обезбедува стабилноста, како и масата на возилото. Искрено во тој дел ке треба да направам пообемно истражување, бидејки тоа и не е толку во мојата област на изучување, но во овој случај ке мора и тој дел да го осознаам повеке него што го знам.
Планирам да направам повеке консултации со професори и заварувачи на вакви слични конструкции.

Поздрав.
 
Dzish, ми се допаѓа твојот предлог за мотор. Дали оваа фирма произведува и батерии?
Јас можам да ги видам сите компоненти за конструирање на електричниот систем, само не можам да најдам каде им се батериите и дали воопшто ги прават или треба посебно од друга фирма да се набават?
E видиш, батерии не прават. Изработуваат се останато од електроника, ама батерии не. И со право, батеријата е хемија.

Колку што можам да видам, на останатите електрични моторцикли користат обични акумулатори со добра припрема која не дозволува акумулаторите да се “исцедат“ до 0. Максимален напон што дава акумулатор кога е нов е некој 13 волти, додека за да се задржи во добра состојба не смее да се изпразни под 10 волти, во спротивно има ризик од цркнување (народски кажано).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom