Продавачки, што ве нервира?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Интересна тема,браво за креаторот!
Повеќе ме фаќа нервоза од купувачите,отколку продавачката.
Премногу луѓе во колонијална продавница,но сепак продавачката си прави муабет со купувачите,овој што направил,овој во колку саат се измочал,оваа ги навадила цвеќињата итн... :)
 
Најмногу ме нервираат продавачките што работат во поскапите продавници, мислат дека ако работат во скапа продавница се многу фенси и се однесуваат како да ти прават услуга што ќе ти дозволат да им купиш нешто од нивната продавница. На времето продавачките во Phard го почнаа тој тренд. Сега, на пример, во Рамстор ако влезе човек во Gant или парфимеријата што е спроти Спрингфилд продавачките се однесуваат како да се ќерки на англиската кралица. Ако работат во скапа продавница, сепак се само продавачки и не смее така надмено и арогантно да се однесуваат. Изгледуваат од глава до пети и ако човек не е облечен според нивните мерила, уште да викнат обезбедување да те испрати надвор. Од кај знаат дека немам во новчаник 10000 евра, а дента ме мрзело да се облекувам, па сум дошла во обични фармерки и маица. Пред некоја година со сестра ми требаше да купуваме фустан за нејзе за свадба, лето беше, облечени на брзина, сестра ми во шорцеви (пристојни, не искинати, нормално), во ГТЦ во една продавница влезе да гледа фустан и излезе како фурија зашто продавачката и рекла "Скап е овој фустан за тебе, немаш ти пари, а и онака нема да ти стои".
Исто така, за продавачките што следат, треба тоа да го прават подискретно. Сфаќам дека мора да внимаваат да не украдеш нешто и да бидат таму за да те услужат, но тоа не треба да го прават со став на чуварки во женски затвор.
Едит: да додадам и за продавачките во Вегера (и тие спаѓаат тука ваљда?), најбољи момент ми е кога со ракавица ги фаќаат кифлите и после со истата ракавица ги земаат парите да наплатат. Need I say, ракавицата е една за цел ден и не се менува. Чувство за хигиена lvl 9000
 
А и со продавачите е интересна работата :) ,пр секогаш кога влезам со девојче во придружба,одма осмех и енергија,кога влезеш сам фацата во стил-што си влегол...
Кога си сам со таквата фаца сака да ти каже "немаш шанси кај мене дечко, ни не пробувај" :icon_lol:
 
Тој 1 денар сигурно ти треба за телефон од вип :icon_lol:

Мене не ми треба тој 1 денари, ама ме иритира тоа што ако јас должам 1 денар, таа е во состојба да ми раситне 100 денари и да ми врати кусур од 99 денари,( место да каже, остави), а тогаш кога таа треба да ми врати нема.
Значи зборувам за локален маркет каде што сме секојдневно, леб, млеко, цигари и слично.
 
Значи они се платени да те услужат, а не да ти се смешкаат како проститутки. Смешкањето ке го бараш на друго место, се наплака истото.
Значи се е до лугето и они не можат на сите да им погодат бидејки не им пишува на лугето на чело дали сакаат смешкање и трчање по нив или не.
Јас на пример барам да го сработат она за што се платени, а тоа е да дадат информација за производот за кој ке прашам.

Таа треба најпрво да го прочита муштеријата дали е за смешкање или е за тумрук муабет а за смешкање треба да се смешка, а ако ти го изедначуваш смешкањето на улица на некоја проститутка со минич со смешкањето на продавачка, на пријателка, на професорка тогаш грешна ти е дефиницијата.
 
Мене не ми треба тој 1 денари, ама ме иритира тоа што ако јас должам 1 денар, таа е во состојба да ми раситне 100 денари и да ми врати кусур од 99 денари,( место да каже, остави), а тогаш кога таа треба да ми врати нема.
Значи зборувам за локален маркет каде што сме секојдневно, леб, млеко, цигари и слично.
Велите потрошувачот е секогаш во право, епа се наплака тоа право како мислите вие... :)
 
И сега јас сум крив што таа е продавачка и зема 7000ден ???
Стави се ти на нејзино место да земаш 6000-7000 денари месечно па да видиме колку ќе бидеш кон муштериите љубезен и насмеан...
 
Таа треба најпрво да го прочита муштеријата дали е за смешкање или е за тумрук муабет а за смешкање треба да се смешка, а ако ти го изедначуваш смешкањето на улица на некоја проститутка со минич со смешкањето на продавачка, на пријателка, на професорка тогаш грешна ти е дефиницијата.

Треба да го прочита?
Па продавачка е, у пм, не е профајлер у ФБИ
 
Nikad ne sfativ kako prodavackive znaat koi farmerki se sobiraat a koi farmerki se rasiruvaat pri perenje.
не сум ги прочитал првите две страни ни воведот но прво да му одговорам на членов
1.Ако кажеш големи ми се овие,а обично се и последен од посакуваниот пар-марка
тогаш следува одговор ќе се соберат,овој е таков материјал (при перење)и сл.
2.Ако кажеш тесни ми се овие,а пак се последни од посакуваната марка
тогаш следува одговор:ќе попуштат,ќе се прошират (при перење) и сл.
............ИАКО НЕКОГАШ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТИТЕ ФАРМЕРКИ ( едни-ама два одговори - спремни )
 
Таа треба најпрво да го прочита муштеријата дали е за смешкање или е за тумрук муабет а за смешкање треба да се смешка, а ако ти го изедначуваш смешкањето на улица на некоја проститутка со минич со смешкањето на продавачка, на пријателка, на професорка тогаш грешна ти е дефиницијата.
Ма ајде бе, требало да го прочита. И кучето да не треба да ти го прошета...
 
Треба да го прочита?
Па продавачка е, у пм, не е профајлер у ФБИ

Немој сега да го сваќаш тоа читањето толку сериозно, само еден збор е доволен да видиш дали сака муабет или не, дали е расположен или преку такво му е.
А ако е продавачка не значи дека е факинг глупа
 
Стави се ти на нејзино место да земаш 6000-7000 денари месечно па да видиме колку ќе бидеш кон муштериите љубезен и насмеан...
Тоа не е изговор, кога веќе се нафатила да работи за тие пари нека работи како што треба. Ако има проблем со шефот, нека го реши со него, не со купувачите.
 
Тоа не е изговор, кога веќе се нафатила да работи за тие пари нека работи како што треба. Ако има проблем со шефот, нека го реши со него, не со купувачите.
Епа тоа го и збориме цело време, платена е да продава, а не да се смешка наоколу како паљачо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom