Проблеми со спиење

  • Креатор на темата Креатор на темата Lucio
  • Време на започнување Време на започнување

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Возраст
34
Веќе подолго време, отприлика кога почна летото, имам некои проблеми со спиењето.Знам дека не е нормално да се седи до 4-5 саат сабаjле, ама знам и дека многу луѓе го прават тоа, а утредента стануваат рано и без проблеми продолжуваат така.Минатата година исто така седев многу касно и тоа на компjутер, но откако ќе легнев да спиjам, заспивав за многу кратко време.Сега што и да правам пред спиење, секогаш имам проблеми со заспивањето.

Некои велат имало полна месечина (што не верувам многу), некои велат немоj да jадеш и одма да спиеш (тоа е во ред)..но сепак мислам дека може да има и нешто друго..

Проблемот е во тоа што чувствувам замор и ми се спие, но некако мозокот да не е подготвен за тоа..

Да можеше ке го тужев зошто не ме поддржува!

Обично заспивам после саат ипол-2.Или пак се будам 3-4 пати се додека не станам (конечно) по 9-10 саати спиење.


Има ли некој овде со ваков проблем па има некакво решение
или подобро некој кој може да даде стручен совет?
 
Несоница дечко имаш. Јас си седам докај 5 саат некад порано некад покасно. Ама кога ќе легнам 20ина минути и заспивам.
 
И јас мислам дека е несоница.Веќе редовно седам на компјутер до 4-5 и заспивам веднаш, а порано се тркалав 3 саати за да заспијам.
 
Веќе подолго време, отприлика кога почна летото, имам некои проблеми со спиењето.Знам дека не е нормално да се седи до 4-5 саат сабаjле, ама знам и дека многу луѓе го прават тоа, а утредента стануваат рано и без проблеми продолжуваат така.Минатата година исто така седев многу касно и тоа на компjутер, но откако ќе легнев да спиjам, заспивав за многу кратко време.Сега што и да правам пред спиење, секогаш имам проблеми со заспивањето.

Некои велат имало полна месечина (што не верувам многу), некои велат немоj да jадеш и одма да спиеш (тоа е во ред)..но сепак мислам дека може да има и нешто друго..

Проблемот е во тоа што чувствувам замор и ми се спие, но некако мозокот да не е подготвен за тоа..

Да можеше ке го тужев зошто не ме поддржува!

Обично заспивам после саат ипол-2.Или пак се будам 3-4 пати се додека не станам (конечно) по 9-10 саати спиење.


Има ли некој овде со ваков проблем па има некакво решение
или подобро некој кој може да даде стручен совет?


Е и јас имам проблем со несоница.. Од кога ќе легнам ми треба многу време да заспијам и кога ќе заспијам, "спијам" многу лабаво, се будам на секои 2 минути.. И така до сабајле.. Обично само у лето ми се дешава ова.. И кога седам пред PC до доцна, не можам после да заспијам..
Е сеа, решение и совет не знам, добро би ми дошло и мене тоа..
 
Остави го малку компјутерот. Мене ми успева ова.
 
Ја па бев готов на бајачка да одам.. :pos2:
 
:pos: :pos: :pos:

Абе тоа е и до човекот. На пример некои имаат мнг лесен сон. Мене па топ не ме буди. Ме рогаат за да станам.
 
Имам проблеми со спиењето особено во летниот период, едноставно не мжам да заспијам , а тоа многу ме фустрира. Еве на пример вчера заспав во 7:45 сабајле :icon_eek::lud: Знам дека сум чукната ама што да правам кога неможев да заспијам. Се надевам вечерва ќе биде подобро
 
Па многумина во лето помалце спијат, ваљда :pos: јас дури не се раздени не можам да заспијам, изгледа лошо сум се навикнал, ама со тек на време коа ќе си дојдат обврските од октомври и се друго ќе се доведам пак во ред :)
 
Значи јас страдам од несоница? цццц
јас по обичај спијам ко топ и си мислев креветот не ми чини пош со саати неможам да заспијама, а кога веќе ќе заспијам некаде околу 5-6 сатот имам многу лесен сон. и нормално сум ненаспана, и во текот на денот ( или тоа што преостанало од него) морам да дремнам..
да речеме легнувам околу 5-6 се будам околу 1-2 и кај 4-5 фаќам филм на нова и се комирам.. оваа попладневна дремка повеќе ме одмора него спиење од 10 саата да речеме..
и стандард сум вечно ненаспана...
а човек да ме праша што не си легнам....
 
Обично во летниот период се јавува овој проблем, особено кај нас младите т.е оние кој не работат и по цел ден си маат пачавиците наоколу, а вечерта ништо не ги принудува да си легнат порано, зошто и неморат да станат рано, сваќаш немаат обврски. И така од почеток секоја вечер по 1-2 саата покасно, покасно и некогаш не наоѓа и 8 сабајле да си легнеме.
А да и плус многу е жешко, тешко се заспива.
И јас имам проблем, седам до покасно.
 
Земи истрчи се преку ден едно убаво, вечер ко јагне ќе спиеш :)

Инаку ја преку лето редовно сум ваков, легнувам кај 6 и минимум 1 час ми треба да заспијам, ама после тоа сум цврст на сон, дури кај 3-4 попладне се будам и одма си ставам, ама кога ќе станам порано (шо за мене е 11-12) ич неам проблем со заспивање вечерта, биоритамот максимлано ми се нарушува во лето.
 
Како бе јас немам гајле со спиењето? Евентуално, ептен ако не можам да спијам, што ретко ми се случува, земам книга и читам. Читањето помага. Не пред монитор туку книга во рака во полулегната положба.
 
Не е несоница во прашање, него замор е...а од што е заморен не може да заспие или ако заспие за саат два се буди... Многу е лошо тоа. Јас баш пред некое време имав таков период...али се наспав и сеа сум ко нова :pos2:
 
Јас исто така имам проблем со заспивање, но преку текот на целата година а не само на лето.
Сум пробал да се заморам со спорт или било каква физичка активност, но не е до тоа. Читање книги, слушање музика за смирување, гледање chill out на vh1, или едноставно седи на компјутер додека не ти се приспие, друго решение нема.
Понекогаш толку е трагично што дури ќе легнам во 5 часот сабајле и се будам во 7.:turn:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom