може ова ќе ти помогне мислам дека ти паѓа концентрацијата бидејќи повеќето учебници се конфузно напишани со информации што се повторуваат неколку пати низ текот на учебникот.
Иначе ти треба принтер за ова за да бидеш ефикасен
1. Зимаш лекцијата, одвараш word документ. Ги издвојуваш поентите во лекцијата (значи го елиминираш цел fluff што е во учебник како на пример...тој е најзначајниот и еден од најголемите писатели во 20ти век чии критичари го...вакви реченици не ти бара ниеден професор). Само издвој ги поентите.
Ќе се изненадиш колку само ќе ја скратиш лекцијата така мене по македонски ми се случувало лекција од 20 страни ја кратам на 3. Неверојатно.
2. Принтај го тоа. Е сега, земи мали ливчиња од тетратка скини и напиши ги keywords од листот за да ти служат како почетници. На пример ако на листот си издвоил: Наполеон Бонапарта бил француски владетел само пиши: Наполеон Франција.
3. Земи со помош на ливчињата раскажи ја лекцијата на глас. Обично е добро да одиш низ соба и да збориш на глас и да импровизираш ко да предаваш на некого со емоции. Знаеш, памтиме нешта кои ги доживуваме со емоции. Значи нешто ко: импровизирај шетајќи низ соба со емоции

4. Ако неможеш да се сетиш т.е. тие малите ливчиња неможат да те потсетат да го раскажеш тоа што е на листот тогаш земи фломастер или нешто и потцртај го тоа што не си можел да го раскажеш. И откако ќе завршиш повтори го она под 3 само на тоа што не си го знаел. И на крај е добро да заокружиш така што се ќе раскажеш во целост.
5. Пред тест понеси го цел материјал...ако сакаш можеш да се спремаш така што ќе го повториш истиот процес на сите лекции али тоа е малце напорно...пред тест само ако сакаш можеш во себе.
Важно е да не читаш од листот и пасивно да ги внесуваш информациите. Милион пати е докажано дека 10 пати подобро се памти кога се обидуваш да ги повикаш податоците од твојот мозок т.е. тоа со малото ливче отколку да читаш и пасивно да внесуваш податоци. Ова е грешка што може 99% од луѓево што учат во основно средно и факс ја прават.
Иначе ова не го измислив јас него ми го кажа еден другар што е на факултет социологија он доста читаше за learning techniques и од сите тие искомбинира и си ја создаде оваа која му носи 10ки со 5 пати помал труд од другиве кои се утепуваат од бубање од учебник