Проблеми со ЕВН

  • Креатор на темата Креатор на темата INFECTED
  • Време на започнување Време на започнување
да, на секој можен начин пробав. Грешката што ја вади кога се логирам е: Проблем со воспоставување на конекција!
мене некој веб страни ме откачуваат, Конекцијата не била приватна, ама за сега со битните веб страни нема проблем.. не знам за што се работи, дали некоја дупка на Телекабел, ќе видам ако се зголеми проблемот..
 
сега видов на страната на ЕВН на фејсбук и други се жалат дека не функционира ...

Да не има некоја врска со прекинувањето на подршка на флаш плеерот (лупам од ракав)

Дали знае некој ако се продаде стан со заостанат долг, долгот дали се префрла кај новиот сопственик или останува на физичкото лице (стариот сопственик) на чие име е долгот?
 
Ако има долг нема да може да се префрли сметката на новиот сопственик на станот.
 
Дали знае некој ако се продаде стан со заостанат долг, долгот дали се префрла кај новиот сопственик или останува на физичкото лице (стариот сопственик) на чие име е долгот?

Дали е возможно да продадеш стан со заостанат долг?
 
Дали знае некој ако се продаде стан со заостанат долг, долгот дали се префрла кај новиот сопственик или останува на физичкото лице (стариот сопственик) на чие име е долгот?
ЕВН битангите се трудат долгот да го закачат за станот, што секако не е во ред. Ама, тоа може само на суд да се измени
 
Се работи за постара куќа. Куќата не се користи и од тие причини решив да ја исклучам скроз струјата. Одам во ЕВН и пријавувам дека сакам броилото скроз да се исклучи, да не ми стигнуваат никакви сметки. Ајде пополнив едно барање, кое фино лепо си го платив 800 денари. Таман поминува месецот, ете ми сметка повторно. Ајде повторно правец ЕВН, одам со сметката во раце и прашувам „што значи оваа сметка, ако веќе сум платила 800 денари барање, за да не ми стигнуваат сметки веќе, т.е. предмет на исклучување. Теткицата таму ми одговара „чекај де, мислиш то така е“.
Притисокот 500, а како треба да е? Фино лепо платив за да ме исклучат, што треба да направам да не ми пристигнуваат сметки? Да ги тужам?? Или давајте предлог.
 
Според мене најпаметно е да реагираш до Дирекција на ЕВН, само така ќе те сфатат сериозно. Ако не ти излегуваат во пресрет во однос на проблемот, закани им се со тужба. Најверојатно уште не е реализирано барањето кое си го поднела затоа уште ти пристигаат сметките. Патем не си должна да ги плаќаш тие сметки, затоа што тоа е настанато поради нивен бирократски проблем .
 
Да не случајно наместо квадратчето кај последната фактура го имаш селектирано квадратчето најгоре во сивиот дел па да ги селектира сите. И јас еве плаќам преку интернет со месеци и сите застарени сметки кои ги дава во систем пред 30/4/2005 за кои ЕВН не може да те тужи или даде на извршител стојат во систем. Одат гарант на фора која еве упалила кај тебе. Си селектирал и си платил сам без тие да ти бараат.
Јас имав проблем со немање струја во куќата во село од баба ми. За да добијам струја пак мораше да исплатам се или прифатам да преземам на мене долгот со нотарска изјава па да го префрлам броилото на живо лице и тогаш да направам договор за на рати. ЕВН не можеше да ми ги побара сметките пред април 2005 па сега тие сѐ уште не се платени а овие другите после тој датум морав да ги платам. Не сакам да направам траен налог затоа што не знам да не случајно побараат да се плати се или сами повлечат кога веќе си се нафатил сами да наплаќаат од сметка.

Значи поради тоа ми стојат овие фактури и не се наведени како заостанат долг? А зошто не можат да наплатат фактури постари од тој датум?
 
Attachments

  • evn.png
    evn.png
    8,3 KB · Прегледи: 36
Значи поради тоа ми стојат овие фактури и не се наведени како заостанат долг? А зошто не можат да наплатат фактури постари од тој датум?
не знам зошто но самата таа што работеше таму ми рече ова мора да го платиш или ќе те тужат а ова постарово ако сакаш плати а ако не не ти можиме ништо по службен пат и така го оставив мада не се некои големи пари па можеби некогаш и ќе ги платам :)
 
Денеска ми ја исклучија струјата поради една неплатена сметка за април. Не знам како но не сме ја платиле само таа.
Одма плативме ама они веќе не работат и сега нема кој да ни'ја приклучи струјата. Вртам на контакт центарот исто така никој не одговара.
Искуства? Како да постапиме?
 
Не гасат струја за една неплатена сметка. Минимум три и малку побавно оди тој процес на исклучување. Сигурно имате некои заостанати сметки за кои не знаете.
Лошо е што процесот на вклучување трае уште побавно. Нема спас, ќе мора да чекате додека да отворат од утре, али претпоставувам дека уште неколку дена ќе се тегнете.
 
Една сметка била, за март.
Дојдоа и вклучија после пола саат.
 
Значењето на кратенката ЕВН:

Евтина
Веќе
Нема...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom