Проблеми со ЕВН

  • Креатор на темата Креатор на темата INFECTED
  • Време на започнување Време на започнување
Во стан кај што не седам постојано во Аеродром ми има сметка дојдено од 1400 денари од 10ти 07 до 13 08. Во тој период ние бевме 2 или 3 дена максимум тука и како ги направивме 260+ kwh не разбирам. За 06 месец има 1200 денари скоро цел месец бевме тука со готвење, клима, бојлер и сл. Што може да се направи и кај да се пожалам?
 
Ништо. Најверојатно не ти е читано редовно броилото, па ти ја бараат разликата. ЕВН се заштитиле, немаат обврска секој месец да ги читаат броилата.
Друга можност, ама многу помала, некој од комшиите да ти краде струја.
 
Во стан кај што не седам постојано во Аеродром ми има сметка дојдено од 1400 денари од 10ти 07 до 13 08. Во тој период ние бевме 2 или 3 дена максимум тука и како ги направивме 260+ kwh не разбирам. За 06 месец има 1200 денари скоро цел месец бевме тука со готвење, клима, бојлер и сл. Што може да се направи и кај да се пожалам?
Имаат предвидлив логаритам на потрошувачка, или можеби алгоритам и кога човекот што чита броила нема да помине, компјутерот вели - паушал, бројка блиска, во насока на претходните месеци. Потоа, во некој од наредните месеци кога човекот ќе ти го прочита саатот, ЕВН ќе ти ги пребијат парите од сметка и ќе платиш помалку, или минимално давачки само, се додека не се порамните.
 
А имаш видено на броилото дали навистина ги има тие киловат часови потрошено во нова состојба? ако бројката е таа тешко дека ќе докажиш дека не се потрошени а ако е како што викаат според просечна потрошувачка ќе ти ги израмнат во наредните месеци.
 
Струја, вода мислам дека законски можат еден пат во годината да го читаат броилото, така да некој месец можат да изненадат.
 
За ЕВН не постојат никакви правила и закони. Нека читаат еднаш годишно, ама зошто секој месец праќаат сметка? Особено за пасивните броила, таму повремено се троши струја.
Сега научија нова фора. Штом ќе се појават облаци (јас велам - ако во Охрид грми) го исклучуваат далноводот кој напојува 7-8 села. Што добиваат со тоа не ми е познато.
И уште една работа. Ако треба да се поправа нешто, исто го исклучуваат целиот далновод, наместо да го исклучат само делот каде се врши интервенцијата. Вака им полесно, инаку треба да исклучат на терен, да извршат интервенција, пак да се вратат да вклучат... Тоа им удри преку нос, за жал еден живот згасна на високонапонски столб, друг згасна со самопресуда. Дали ја научија лекцијата, не знам.
 
фала, веројатно немаат поминато месецов. ќе следам наредни месеци и тоа е тоа.
 
Луѓе, ме немаше цел Јули дома, изгасено све електроника, никој нема улагано, сметка за Јуни 1200, сметка за Јули 1460 денари ?
Како е можно ? Поднесов приговор до ЕВН. Некој со слично искуство и како решил ? Благодарам.
 
Имаш на сметиката стара и нова состојба на kwh , ако има разлика од пишаното таму со таа што ти е на броилото во ред ако не ке си платиш и никому ништо...
 
Во Мај месец ми пристигна сметка од ЕВН и на сметката пишува дека сум во претплата 4000+ денари и сума за плаќање 0 ден. Така следните сметки со износ за плаќање 0, а претплатата се намалуваше за износот на сметката, се до овој месец кога наеднаш веќе не сум во претплата, а должам за сите сметки на кои пишување сума за плаќање 0 ден. , т. е. Околу 3 000 ден.
Во контакт центар ме праат ментален, немало никогаш претплата, а јас ги имам фактурите пред мене.
Знае некој како е возможно ова и дали ќе ме добијат на суд доколку не ги платам сметките, бидејќи нели имам фактура која вели претплата x ден., сума за плаќање 0 ден.
Ме фаќа инат ради девојката од контакт центар што се правеше паметна, демек ја измислив ја претплатата..
 
Имам впечаток дека и кај тебе редовно не се читани состојбите, па со последнста сметка се покажала разликата. Пред да се одлучиш да одиш на суд, спореди ја состојбата во киловати од броилото и последната сметка. Ако е приближно точна, не знам зошто би одел на суд
 
Луѓе, ме немаше цел Јули дома, изгасено све електроника, никој нема улагано, сметка за Јуни 1200, сметка за Јули 1460 денари ?
Како е можно ? Поднесов приговор до ЕВН. Некој со слично искуство и како решил ? Благодарам.

Ако си во стан провери дали некој диво се поврзал на твојот сат.
 
Да бе му крадат.
Проверите си потрошувачка и може од тој месец да е запишано за следниот. Зависи кога е прочитана состојбата.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
од евн денеска ми стигна на телеком сметката дополнителни 300 денари, бидејќи една вечер цела зграда ќе ни изгореше и додека чекав на телефон да ми одговори некој ми наплатиле по 7 денари од минута .. значи дерат од секоја страна ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom