Проблеми со ЕВН

  • Креатор на темата Креатор на темата INFECTED
  • Време на започнување Време на започнување
Па син број е треба да знаеш дека се наплаќаат повиците кон тие броеви. ;)

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
од евн денеска ми стигна на телеком сметката дополнителни 300 денари, бидејќи една вечер цела зграда ќе ни изгореше и додека чекав на телефон да ми одговори некој ми наплатиле по 7 денари од минута .. значи дерат од секоја страна ..
Барем музика си слушал...
Добар си, на претплата си. Јас сум во припејд, па додека да кренат слушалка целиот кредит ми го земаат и врската прекинува без да успеам да им кажам зошто им се јавувам.
Па син број е треба да знаеш дека се наплаќаат повиците кон тие броеви. ;)

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Каков е тој „син“ број што зема пари без воспоставување на врска?
 
Број што почнува на 0890 е и се наплаќа. Поскап и од 0800

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Во Мај месец ми пристигна сметка од ЕВН и на сметката пишува дека сум во претплата 4000+ денари и сума за плаќање 0 ден. Така следните сметки со износ за плаќање 0, а претплатата се намалуваше за износот на сметката, се до овој месец кога наеднаш веќе не сум во претплата, а должам за сите сметки на кои пишување сума за плаќање 0 ден. , т. е. Околу 3 000 ден.
Во контакт центар ме праат ментален, немало никогаш претплата, а јас ги имам фактурите пред мене.
Знае некој како е возможно ова и дали ќе ме добијат на суд доколку не ги платам сметките, бидејќи нели имам фактура која вели претплата x ден., сума за плаќање 0 ден.
Ме фаќа инат ради девојката од контакт центар што се правеше паметна, демек ја измислив ја претплатата..
Побарај картичка од наплатен центар со преглед на фактури (платени/неплатени). Системот знае да им се углупи. Имав и јас слична ситуација, ми доаѓаат фактури со многу мала сума, дури и пресметката за моменталниот долг точно прикажана, се додека не ми стаса една чудесна фактура со значаен долг.
Кога побарав картичка, имаше фактури со суми кои воопшто не ми биле доставени (и чудесна забелешка дека сум во претплата со некоја фактура 600ден).
Така да, ако не си ја избркаш работава може и да те исклучат ни крив ни должен :)
 
Број што почнува на 0890 е и се наплаќа. Поскап и од 0800

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
0800 е бесплатен број за повикувачот. Сметката ја плаќа сопственикот на бројот (0800).
0890 се плаќа по некоја одредена тарифа. Мислам дека се смета како обичен фиксен број. Но проблемот е друг. Се вклучува автомат, ти пуштаат музика, а импулсите работат. Некогаш се чека 5-10 минути, никој не крева слушалка („Во моментов сите наши оператори се зафатени. Ве молиме, почекајте“). Кога некој ќе се сети да крене слушалка, припејд кредитот потрошен. Бадијала варосувавте (пардон, ѕвоневте). Скапа некоја музика! :tapp:
 
наплаќаат за повик кон подршка!? па дали е ова нормално!? наместо бесплатен 0800 земале 0890 број!? па тоа треба да се убие!:uzi:

Screenshot_2019-12-17 Makedonski Telekom Cenovnik za fiksni uslugi_08_18 pdf.png
 
Дали некој успеа деновиве да ја плати сметката за струја онлајн?
Мене цело време ми дава некоја грешка.
Сметките за ТВ и вода ги платив без проблем.
 
„НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“... „НЕМА КРАЖБА НЕМА МИР“... КОНЕЧНО ДОЈДЕ ЖИВОТОТ... Дојде животот за големците во ЕВН и за големите во Владата...

1.209 денари за период од 19 март па се до 16 април со само еден уклучен обичен фрижидер и повремено уклучување на сијалиците. Тоа досега не ми се има десено... Претходно со месеци кираџии во тоа приземје сум имал и готвеле на струја и нон стоп переле со пералната, бојлерот од 80 литри нон стоп уклучен, нон стоп два телевизори, 1 компјутер па пак иста сметката била...

Абе арамиска држава оваа мора ние да плаќаме за некои личности...

evn11.jpg

Kako oвој што е бележан со црвено знам дека со години целиот долг ЕВН му го прости и притоа имаше право во неговите фирми кога ќе му дојдеше екипа за исклучување комотно да може да ги избрка...
 
Уште има такви што мислат дека ги крадат. :pos:

Мислам дека не им прочитани броилата и не се будали во време на вирус да одат од куќа на куќа и е земен просекот од неколку изминати месеци.
После кога ќе ги израмнат и ќе платите помалку ќе ве нема никаде.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Е што сакаш да кажиш не одат читачите на броилата во сите куќи, некои куќи ги прескокнуваат?
 
Или на сите или на никој или во оваа куќа не постои ризик од зараза па ќе прочитаме, а оној ќе го прескокнеме.

Јас да сум секој месец ќе пишувам просек и на крај на годината ако треба ќе се доплати, aко не вишокот да се прифати за наредна година. Ни високи ни ниски сметки ни неизвеснист колкава е сметката овој месец.
Се знае отприлика фамилија по број на членови колку може да потроши.

По закон не се должни секој месец да читаат броило.

31fe8afc47041e3e9ab25246db5b8a3d.jpg

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Имате како сами да си пријавите состојба па слободно користетеа никој не ви брани. Инаку и мене состојбата која пишува дека е до 24/4 ја потрошив на 10/5 па тоа е тоа. Ќе се израбни со време...
 
„НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“... „НЕМА КРАЖБА НЕМА МИР“... КОНЕЧНО ДОЈДЕ ЖИВОТОТ... Дојде животот за големците во ЕВН и за големите во Владата...

1.209 денари за период од 19 март па се до 16 април со само еден уклучен обичен фрижидер и повремено уклучување на сијалиците. Тоа досега не ми се има десено... Претходно со месеци кираџии во тоа приземје сум имал и готвеле на струја и нон стоп переле со пералната, бојлерот од 80 литри нон стоп уклучен, нон стоп два телевизори, 1 компјутер па пак иста сметката била...

Абе арамиска држава оваа мора ние да плаќаме за некои личности...

Прегледај го приврзокот 251500

Kako oвој што е бележан со црвено знам дека со години целиот долг ЕВН му го прости и притоа имаше право во неговите фирми кога ќе му дојдеше екипа за исклучување комотно да може да ги избрка...
За лупање глупости по форуми, 130000 сметка би ти дал.

Не се читаат броилата на време на короната. Со следните сметки ќе се направи порамнување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom