leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Денеска слушајќи еден марш се потсетив на погребните маршови во 90те. Три пати на ден погреб, напред крстоносецот, по него музика со погребен марш во состав од шестмина дувачки таленти кои во слободно време свират на свадби, па редица на венцоносачи, мртовечкиот сандак на раце 6мина збрани го носат по нив мртовечката кола попот па фамилијата. Три пати на ден како Тито да го закопуваш со сите почести, блокирани улици, луѓе на тераси со крпчиња во рацете плачат растревожени граѓани на тротоари немо гледат и по тук таму некој коментар што добар човек беше шо лошо го снајде.
Добрата ствар беше што поповите имаа кондиција и пешачеа 5км мин на ден. Лошата е што тие слики до ден денес неможам да ги избришам од глава кога како основци ни загина школско другарче заедно со фамилијата негова во сообраќајка, а ние ги носевме венците цел клас со одвај 10тина години.
Погребниот марш до денес го паметам. Каде и да ја слушнам таа музика ме потсетува на тие славни закопи.

И би сакала иако звучи морбидно во овој момент али џенка нека си запише - поп кај мене во никој случај. Музиката да ја викнеш, со таа музика сакам да ме испратат!